На 11-12 ноември, повеќе од 20 македонски експерти за климатски промени „отпатуваа“ во Чешкиот хидрометеоролошки институт (CHMI) во Прага за да се сретнат со своите колеги во дводневните дискусии за подобрување на инвентарот на стакленички гасови (GHG), со акцент на двојното известување кон Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) и Европската унија.
Република Чешка, која се приклучи на Европската унија во 2004 година, беше идентификувана како добар пандан за споделување на нивните добри практики за известување на нејзините емисии на стакленички гасови секоја година до UNFCCC и до Европската комисија. Чешкиот хидрометеоролошки институт (CHMI) е одговорна институција за составување на инвентарот на стакленички гасови и изготвување извештаи за чешката влада.
Поради ограничувањата за COVID19, оваа размена на искуства беше организира виртуелно.
Виртуелното студиско патување беше дел од проектот „Зајакнување на институционалните и техничките капацитети за зајакнување на транспарентноста во рамката на Парискиот договор“, финансиран од ГЕФ, кој го спроведува УНДП Северна Македонија.
ВИДЕА:
ВИРТУЕЛНА ПРОШЕТКА НИЗ ЧЕШКИОТ ХИДРОМЕТЕРОЛОШКИ ИНСТИТУТ
ОТВОРАЊЕ НА ВИРТУЕЛНАТА СТУДИСКА ПОСЕТА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ДВАТА ИНВЕНТАРИ НА СТАКЛЕНИЧКИ ГАСОВИ
ШУМАРСТВО И ПРОМЕНА НА КОРИСТЕЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО
ОТПАД И ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ НА ИНВЕНТАРИТЕ НА СТАКЛЕНИЧКИ ГАСОВИ
ЗАТВОРАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПОСЕТА
Климатски шампион – Јаглеродно неутрален хотел
Хотел Green Mosaic House
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}