Дали климатските мерки и политики се во склад со целите за одржлив развој?

Дали климатските мерки и политики се во склад со целите за одржлив развој?



Во април 2021 Владата на Република Северна Македонија го усвои Ревидираниот национален утврден придонес кон Парискиот договор со кој се заложува да ги намали емисиите на стакленички гасови за 51% во 2030та во споредба со емисиите од 1990та. Оваа амбициозна заложба чие ниво е во склад со амбицијата на земјите членки на Европска Унија би се реализирала со 63 конкретни политики и мерки, како што е образложено и во Третиот двогодишен извештај за климатски промени до Рамковната Конвенција за Климатски Промени на Обединетите Нации. Како ќе влијаат овие политики и мерки на целокупното македонско општество? Дали се во склад со други постоечки мерки? Дали можеби ќе имаат негативни последици на други општествени сфери?

За да ги одговориме овие прашања може да се послужиме со шемата на Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на Обединетите Нации. Овие цели отсликуваат целокупен одржлив развој односно се фокусирани и на економски и социјални цели покрај целите за животна средина. Така на пример се зборува за Цел 5: Родова еднаквост или Цел 16: Мир и правда или Цел 4: Квалитетно образование. Тим од национални експерти е во процес на проучување на врските меѓу 63те политики и мерки дадени во ревидираниот Национален придонес и Целите за одржлив развој во консултација со секторски чинители. Досега се обработени секторот енергетика, кој ги вклучува најголемиот број мерки, и секторот отпад за што може повеќе да се прочита во извештајот. Во процес е обработка се секторите земјоделство и шумарство. Во иднина се планира да се обработи и секторот индустрија.

Резултатите на ова истражување се значајни за домашните креатори на политики бидејќи не се генерални, туку се фокусирани на нашите локални услови. Уште позначаен е и самиот процес на истражувањето бидејќи се креира простор за дијалог и меѓу-секторска и меѓу-институционална соработка преку отвореното учество на чинителите во самите анализи. Па така, чинителите имаат можност да научат едни од други и да го започнат процесот на имплементација на мерките. 

Методологијата на истражување се заснова врз таканаречената SCAN методологија која ја изработил New Climate Institute од Германија. Поточно, тие ги категоризирале постоечките мерки и идентификувале 982 врски со Целите за одржлив развој во научната литература. Не сите врски се битни за националниот контекст, и не сите се од иста важност, па затоа националните експерти ја проширија методологијата во таканаречен Q-SCAN пристап со кој оценува значајноста на секоја врска за националниот контекст и во споредба со другите врски. На пример, потврдено е дека мерките кои ја намалуваат потребата за сеча на дрва позитивно влијаат врз биодиверзитетот под вода преку зачувување на екосистеми како мангровите шуми. Но, таа врска не е релевантна за нас бидејќи во нашата држава нема мангрови. Или пак, не може да се каже дека ефектот од зголемена рециклажа на хартија (мерка во секторот отпад) врз пристап до вода и санитација е ист како ефектот на градење на соларни панели наместо на термоелектрани за јаглен (мерка во сектор енергетика) заради намалено загадување на водите.

Како прв чекор, 63те мерките од националниот придонес се поврзаа со соодветните категории на мерки според SCAN методологијата. Потоа, секоја од врските се оцени по јачина во националниот контекст (односно во контекст на националната мерка) од страна на експерти и/или во консултација со чинители. Врските може да бидат позитивни (синергии) или негативни (компромиси) односно да означуваат дека мерката позитивно (или негативно) ќе влијае на исполнувањето на одредена цел. Па така, се добија следните резултатите.

Производството на електрична енергија и топлина има доминантно влијание врз целите за одржлив развој (види Слика 1). Најсилните синергии се со цел 8: Добри работни места и економија, поради новите вработувања кои ќе произлезат од употребата на обновливи извори на енергија. Исто така, придобивки ќе се јават и поради одржливиот економски раст, подобрената економска ефикасност по единица производ и одржливата поддршка на претприемништвото. Во исто време, овие мерки ќе имаат негативно влијание врз истата цел заради загубата на работни места при затварање на термоцентралите со јаглен. Но, сепак најголемото негативно влијание е врз цел 15: Одржливо искористување на земјата, поради потребите од земјиште за проекти за обновлива енергија, потенцијалната деградација на шумите и потенцијалните промени на речните патишта. Слично, може да се очекуваат негативни врски со Цел 6: Чиста вода и санитарни услови заради (термичкото) загадување на водата или пак недостаток на вода од потребите за хидроенергија. Од друга страна пак, има многу значајни врски со Цел 9: Иновативност и добра инфраструктура бидејќи се очекува мерките да ја зајакнат инфраструктурата и да ја направат истата поодржлива. Исто така, обновливите извори на енергија се очекува да го подобрат човековото здравје заради намалено аерозагадување и при тоа да унапредат исполнувањето на Цел 3: Добро здравје.


Слика 1. Синергии и компромиси меѓу Целите за одржлив развој и политиките и мерките во сектор електрична и топлинска енергија.


Во однос на секторот транспорт, најизразена синергија се однесува на мерките за подобрување на железниците кои покрај позитивното влијание на Цел 3: Добро здравје преку намалено аерозагадување, позитивно влијаат и врз Цел 12: Одговорно користење на ресурсите заради зголемената ефикасност при транспорт (види Слика 2). Исто така, овие мерки позитивно би се одразиле и на Цел 8: Добри работни места и економија заради тоа што поефикасен транспорт може да ја зголеми економската продуктивност и да отвори нови работни места во овој сектор како и да отвори нови економски гранки при развој на нови типови на технологии за транспорт. Од друга страна постојат и одредени компромиси особено кога станува збор за електрични возила доколку се користи енергија од не-обновливи извори за полнење на истите, што негативно би се одразило врз Цел 15:  Одржливо искористување на земјата, и големата побарувачка за рециклажа на батерии за електрични возила, што негативно би влијаела на Цел 11: Одржливи градови и заедници.


Слика 2. Синергии и компромиси меѓу Целите за одржлив развој и политиките и мерките во сектор транспорт.


Во секторот згради повторно доминираат синергиите со Цел 8: Добри работни места и економија заради новите работни места за реновирање (види Слика 3). Исто така, мерките за енергетска ефикасност би придонеле за Цел 7: Обновлива и достапна енергија со тоа што ќе ја намалат енергетската сиромаштија. Од друга страна, мерките во овој сектор би можеле да го намалат пристапот до домување и цената на домашни препарати и со тоа негативно да влијаат врз Цел 10: Намалена нееднаквост.


Слика 3. Синергии и компромиси меѓу Целите за одржлив развој и политиките и мерките во сектор згради.


Слично, во секторот отпад, најзначајно е позитивното влијание врз Цел 8: Добри работни места и економија заради новите работни места што ќе се создадат при формализација на секторот, а пак најголемиот компромис е со Цел 1: Нема сиромаштија заради намалените приходи на неформалните работници кои се од социоекономски ранливи групи (види Слика 4).


Слика 4. Синергии и компромиси меѓу Целите за одржлив развој и политиките и мерките во сектор отпад.

Сѐ на сѐ, резултатите покажуваат дека синергиите се речиси три пати посилни од компромисите, што доведува до заклучок дека политиките и мерките од Ревидираниот национален придонес ќе имаат многу поголемо позитивно влијание врз постигнувањето на целите отколку што е нивното негативно влијание (види Слика 5).

ж

Слика 5. Синергии и компромиси меѓу Целите за одржлив развој и политиките и мерките во секторите електрична и топлинска енергија, транспорт, згради и отпад.

Па така, може да одговориме на прашањето што го поставивме на почетокот. Политиките и мерките и за ублажување на климатските промени се во склад со Целите за одржлив развој. Впрочем, тие би имале многу значен придонес во исполнувањето на Целите за одржлив развој. Меѓутоа, креаторите на политики треба да обрнат посебно влијание на тоа мерките да не го уназадат напредокот кон одредени цели со кои постојат компромиси како што е случајот со Цел 15: Одржливо искористување на земјата. На пример, треба да води сметка да не се нарушат екосистемите поради пренасочување на реките при изградба на хидроцентрали.

Ема Гушева

Како магистер со почести на Европската програма за моделирање на системска динамика во 2020 при Универзитетот во Берген, Универзитетот Радбауд и Универзитет во Палермо; Ема Гушева има искуство во развој на интердисциплинарни математички модели и компјутерски симулации на социоекономски системи.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close