Ефекти на климатските промени врз природните непогоди во Македонија

Во текот на изминатите децении, цивилизацијата е сведок на различни последици и ефекти кои се производ на климатските промени предизвикани од влијанието на човекот.

Ефекти на климатските промени врз природните непогоди во Македонија

Во текот на изминатите децении, цивилизацијата е сведок на различни последици и ефекти кои се производ на климатските промени предизвикани од влијанието на човекот.


Во последните децении, доста се шпекулира околу тоа дали сме сведоци на интензивни климатски промени и колку изнесуваат тие. Климата е динамичен систем, па така според истражувањата и консултираната литература, произлегува дека климатски промени имало низ целата историја на Земјата. Обично, тие биле бавни (со милиони години), но во одредени случаи и за многу краток временски период (по супервулкански ерупции или удари на поголеми метеори). Сепак, сите тие биле природни климатски промени предизвикани од природни фактори. Во текот на изминатите децении, цивилизацијата на глобално ниво е сведок на различни последици и ефекти, кои се производ на климатските промени, меѓутоа предизвикани поради влијание на човекот.



Од тој аспект, во последните векови, до огромен израз доаѓаат антропогените промени на климата, кои произлегуваат од промената на користењето на земјиштето, промена на албедото и рефлексија од површината, зголемување на CO2 и многу други фактори. Според консултираната литература, само за последните 30 години, глобалната температура пораснала за 0,5°C, за што природно обично би поминале векови.


Слика 1. Глобален пораст на температурата за последните 30 години.




Според истражувањата и сценаријата за климатските промени, од страна на референтни истражувачки центри во светот, на подрачјето на Македонија, се очекуваат значителни неповолни промени веќе кон средината, а особено до крајот на овој век. Во последните 20 години, 10 зими биле изразито сушни, а очекувањата се дека летата ќе стануваат пожешки, со пораст од дури 5°С (просечно) до крајот на векот, додека летните врнежи би се намалиле за 25%. Уште позагрижувачки се очекувањата температурите најмногу да се зголемат во јужните, најтопли делови на државата, а врнежите најмногу да се намалат во централните и јужните делови (кои и покрај тоа се најсушни). Зголемувањето на просечните температури е особено истакнато во последните 30-тина години, со особен тренд на раст во летните месеци: јуни, јули, август, па и септември.

Според анализите на Милевски од 2014 година, а врз основа на неофицијалните, но релевантни податоци за повеќе метеоролошки станици, постои јасен тренд на зголемување на просечните температури на воздухот и намалување на годишната сума на врнежи. Така, просечната повеќегодишна температура во Скопје, според поновата низа, веќе е 12,6°С или за 0,4 степени повисока во однос на периодот 1951-1980 година.

Водните ресурси се намалуваат со сѐ помалку врнежи, а се повеќе вода се извлекува од подземните води, речните канали и езерата. Едновремено, речиси кај сите метеоролошки станици е регистрирана намалена просечна годишна сума на врнежи и тоа за околу 5%. Од друга страна, пак, според достапните податоци, драстично се зголемени сезонските и годишните амплитуди на врнежи, како и амплитудите на интензивни (поројни) врнежи. Воедно, главен проблем со трендот на врнежите не е нивното намалување, туку засилувањето на нерамномерноста и особено честината на интензивни до поројни врнежи од една страна и на сушни периоди од друга страна. Наведеното веќе има ефект врз појавата на метеоролошко-хидролошки природни непогоди (поплави, ерозија, свлечишта, суши и др.). Во таа смисла, од податоците со кои располагам, добар систем на акумулации во комбинација со соодветни биотехнички и хидротехнички мерки, може не само да го ублажи ефектот, туку и драстично да ги намали штетите од изразито нерамномерните врнежи. Засилениот интензитет на врнежи што го покажуваат зачестените еднодневни екстреми кои достигнаа и над 100 mm, се вклопува во веќе поставените сценарија за климатски промени во Македонија, кои предвидуваат 5°С пораст на просечните температури и 25% пад на врнежите до крајот на векот.

Целосниот блог можете да го прочитате тука.





Бојана Алексова

Бојана Алексова, магистрант по географија, млад истражувач со посебен интерес кон физичката географија, демонстратор на Институтот за географија при ПМФ, член на Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close