Северна Македонија си постави амбициозни климатски цели за следните децении. Патеката до 2030 година е поставена во нејзините национално утврдени придонеси (NDC). Освен овие доброволни цели, земјата се обврза и на неколку меѓународни обврски поврзани со климата.
Северна Македонија е земја која не е вклучена во Анекс I на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ) и е договорна страна на Договорот од Париз за која се прават различни правила и процедури се дефинирани од меѓународната заедница, на пр., за пресметката на емисиите на стакленичките гасови. Понатаму, Северна Македонија е членка на Енергетската заедница (ЕН) и со тоа е дел од аспирациите за создавање интегриран паневропски пазар на енергија. Договорот за Енергетска заедница, како и статусот на земјата како кандидат за пристап во Европската унија (ЕУ) бараат спроведување на правото на ЕУ во енергетиката и климата. Станувањето земја-членка на ЕУ дополнително би ги променило обврските на земјата кон УНФЦЦЦ од земја која не е вклучена во Анекс I во земја на Анекс I.
Овие меѓународни договори доведуваат до голем број задачи во различни области за кои земјата треба да воспостави процеси, да дефинира методи и алатки - и да се согласи за одговорностите меѓу јавните институции. Проценка на административниот капацитет за климатските промени служи за целта на анализата на различните климатски обврски и нивно применување во националниот контекст во две димензии:
- Кои обврски се релевантни за Северна Македонија и специфично кои задачи ќе треба да ги извршуваат јавните институции?
- Кои институционални капацитети (и релевантни ресурси) се потребни за исполнување на овие задачи?
Тим на експерти од германската консултантска фирма HEAT GmbH ангажирана од УНДП Македонија, извршија проценка за Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). УНДП ја поддржува климатската работа на МЖСПП од многу години, меѓу другото, обезбедувајќи надворешен персонал. Една од задачите на нашите експерти беше да предложат целосна интеграција на овие членови на надворешниот персонал во структурите на министерството во согласност со наодите од вкупната проценка на капацитетите.
За првото од горенаведените прашања, стручниот тим го анализираше релевантното законодавство на ЕУ / ЕнЗ, како и барањата на УНФЦЦЦ, вклучително и Договорот од Париз и дефинираше детален список на задачи засновани врз националниот контекст. Овие задачи се на пример поврзани со Шемата за трговија со емисии во ЕУ (EU ETS), следење и известување за емисиите на стакленичките гасови, патниот транспорт, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија и прилагодувањето кон климатските промени. Едно централно откритие беше дека постојат силни корелации помеѓу известувањето кон УНФЦЦЦ и ЕУ, што ја прави институционалната поставеност полесна бидејќи истите капацитети можат да ги поддржат двата процеса.
Стручниот тим потоа ги испита постојните структури и капацитети во рамките на МЖСПП и другите министерства кои работат на климатските промени за да утврдат дали е потребен дополнителен капацитет за да се усогласат со сите дефинирани задачи. За оваа вежба, секогаш е корисно да се земе во предвид искуството од други земји. Беше заклучено дека дополнителен капацитет секако е потребен во Северна Македонија. Експертите предлагаат постепено зголемување на капацитетот во клучните јавни институции, пред се во МЖСПП, носејќи ја главната одговорност за политиките, подготовката на законодавството, планирањето, регулаторната акција и известувањето за климатската состојба и активности. Како и да е, бидејќи климатските активности се меѓусекторски, клучна е координацијата и соработката со другите министерства. Клучни институции се Министерството за економија, Агенцијата за енергетика, Министерството за финансии, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за транспорт и врски, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика и Царинска управа.
Друг резултат на Проценката на административниот капацитет за климатските промени беше дизајнирање на две опции за нова институционална структура во МЖСПП, дефинирање на бројот на позиции, нивните специфични задачи и одговорности, како и финансиско планирање на годишниот вкупен буџет потребен за двете опции. Исто така, последниот извештај утврдува каде можеби ќе треба да се ангажираат надворешни субјекти, или на годишно ниво или преку институционализирана соработка, каква што постои со УНДП.
Слика 1: Органограм - Опција 1 - Одделение за политики за климатските промени во МЖСПП
Слика 2: Органограм - Опција 2 Одделение за политики за климатските промени и Одделение за инвентар на стакленички гасови во МЖСПП
Проценката на административните капацитети за климатските промени спроведена на крајот на 2020 година дава добра основа за поставување на јавните институции во Северна Македонија за постигнување на климатските цели. Може да им помогне на министерствата да најдат најдобар квалификуван персонал и да се осигурат дека се водат сите административни обврски што ги поттикнуваат и зајакнуваат климатските активности во следните години.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}