Во изминатaта година во текот на два месеци (октомври и ноември) беше отворена платформата Младите за климата со цел да се вклучи гласот на младите во подготовката на исклучително важен документ наречен национален Придонес за климатски промени.
Во изминатaта година во текот на два месеци (октомври и ноември) беше отворена платформата Младите за климата со цел да се вклучи гласот на младите во подготовката на исклучително важен документ наречен национален Придонес за климатски промени. Во овој процес земав учество и јас, покрај останатите млади учесници. Оваа платформа беше иновативен одговор на напорите на UNDP и Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање со цел да се вклучат сите страни во подготовка на документот, особено оние кои ќе ја живеат иднината која денес се планира. Таа имаше консултациска улога и се содржеше од четири дела прикажани во четири круга на сликата подолу.
Првиот дел се состоеше од претставување, каде што младите имаа можност да ни кажат нешто за себе и за тоа од каде дознале за платформата. Вториот дел беа едукативни материјали, прашања точно/неточно и квиз каде што учесниците имаа можност да ги проверат своите знаења од областа на климатските промени. Во третиот дел младите требаше да споделат нешто за нивниот активизам, како и предлози за министерот за животна средина и просторно планирање, односно што тие би сториле доколку се на функција и нивен став кон иднината на државата. Четвртиот дел се состоеше од два предизвици: предизвик за соработка помеѓу младите и владата и предизвик кој вклучува споделување на социјални медиуми информации за платформата или пак за климатските промени.
Најголем впечаток од оваа платформа како и најинтересен дел ми беше делот каде што младите требаше да предложат три одлуки кои би ги донеле доколку се на местото министер за животна средина и просторно планирање бидејќи ова беше навистина интересен начин да се види размислувањето на младите по однос на климатските промени и животната средина. Па така, можеше најдобро да се забележат нивните приоритети во борбата со справување со климатските промени и она што тие го сметаат како најзначајно во борбата со климатските промени.
Она што најмногу ме изненади додека беше отворена платформата и можевме да ги видиме само одговорите на предизвиците (предизвик за соработка и предизвик за социјални медиуми) беше познавањето на младите по однос на климатските промени како и нивниот посветен интерес за овој проблем. Најинтересен дел во кој сите учесници имаа увид во одговорите на другите беше делот со предизвици за соработка помеѓу младите и Владата. Тука можев да забележам дека младите имаат цврсто поставен став и одлични креативни решенија за тоа како можат да се вклучат младите заедно со претставниците од јавната администрација во справувањето со климатските промени. Можев да забележам дека голема заинтересираност постои од страна на младите за ваков тип на соработка. Голем дел од нив предлагаа да постои надворешна група водена од младите, која ќе има редовни состаноци на месечно/неделно ниво која ќе соработува со Владата како претставник на сите млади од нашата држава и ќе дава предлози за подобро справување со климатските промени.
Во извештајот кој следеше по затварањето на платформата интересно беше да се забележат предлозите на младите во однос на тоа што би сториле тие доколку се Министер за животна средина и просторно планирање. На врвот на списокот беа предлози поврзани со дрвјата и зеленилото (24%). Во оваа категорија, испитаниците наведоа главно пошумување и промена во управувањето со шумите (особено во контекст на периоди на пожари). Ова беше и очекувано со оглед на тоа колку значајни се дрвјата во нашиот еко систем. Пошумувањето исто така беше и една од моите заложби. Втора беше категоријата Енергија и греење (22%), особено потребата за зелени извори на енергија. Со оглед на енормното загадување кое го имавме во изминатите години, како и влијанието кое тоа го има врз животната средина и здравјето на луѓето, ова беше и еден од моите предлози и според мене очекувано беше ова да се најде во топ приоритети на младите. Трето од најчесто споменуваните области на интервенцијата беше (со 16%): Образование и социјални услуги и Управување со отпад - главно се дискутираше во контекст на рециклирање и депонии. Сепак од сите овие категории младите беа најгласни и највеќе го акцентираа образованието како долгорочен начин за справување со климатските промени. Тие го означија ова како потреба од системски промени, а не климатски промени. Голем дел од нив сметаа дека треба да се воведе задолжителен предмет во основното образование посветен целосно на климатските промени, имаше и останати предлози кои препорачуваа преку неформален начин да се информираат граѓаните за тоа како тие лично можат да допринесат за намалување на ефектите од климатските промени (реклами, постери, локални еко-центри). Мој предлог беше да се воведе задолжителен предмет во основно образование - климатските промени и ние со цел учениците од најмала возраст да се запознаат со климатските промени и нивното значење, како и понатаму да се вклучат во иновативни решенија за справување со климатските промени, бидејќи токму младите се двигатели на едно општество. Акцентирањето на образованието за климатски промени како начин до поеколошка и поздрава средина од страна на младите навистина ме импресионираше. Само со добро информирана и еколошки свесна младина можеме да имаме позитивен импакт кон намалувањето на CO2 емисиите и штетните ефекти од климатските промени.
Климатскипромени.мк продолжува со активностите за едукација на младите за прашања поврзани со климатските промени, кои климатски акции може да ги преземат и како да го искористат времето за запознавање со сите искуства кои им се неопходни за носење на правилни одлуки.
На следните линкови можете да погледнете кратки инспиративни видеа од млади активисти кои се ангажираат на полето климатски промени:
Видео порака од Марија Маневска младински активист - Климата се менува, зошто не и ти?
Јарчевска со моќна порака: Постојано треба да влијаеме на луѓето од нашата околина
Сара Цветковска: Да не бидеме себични, да и помогнеме на Земјата да заздрави
Интервју со Јованка Атанасовска - Еден од победниците на конкурсот Дизајнирај и инспирирај!
Разговор со Андреа Колева - Добитничка на конкурсот Дизајнирај и инспирирај
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}