На 21.06.2021, се одржа уште еден тренинг за јакнење на националните капацитети за климатски промени „Климатски финансии - Можности за финансирање на климатски акции“. Обуката е во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).

Целта на работилницата е да обезбеди информации за претставниците на приватниот сектор за тоа што претставува концептот климатски финансии и како да се обезбедат средства за амбициозните климатски акции кои Владата на Република Северна Македонија ги усвои неодамна.
На работилницата присуствуваа околу 70тина претставници од локалните самоуправи кои работат во одделение за животна средина, здруженија на граѓански оганизации кои работат во областа на животната средина, приватен сектор, ДЗС, владини агенции, министерства и др.
Подолу може да ги најдете материјалите од обуката на оваа тема:
Финансирање на климатските промени
КЛИМАТСКИ ФИНАНСИИ ВО БУЏЕТИТЕ НА ДРЖАВАТА И НА ОПШТИНИТЕ
Можности за финансирање на климатски акции
Придобивките од преминот кон циркуларна економија
Данок на јаглерод во Македонија
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}