Климатски финансии - Можности за финансирање на климатски акции



На 21.06.2021, се одржа уште еден тренинг за јакнење на националните капацитети за климатски промени „Климатски финансии - Можности за финансирање на климатски акции“. Обуката е во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).

На 21.06.2021, се одржа уште еден тренинг за јакнење на националните капацитети за климатски промени „Климатски финансии - Можности за финансирање на климатски акции“. Обуката е во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).

Целта на работилницата е да обезбеди информации за претставниците на приватниот сектор за тоа што претставува концептот климатски финансии и како да се обезбедат средства за амбициозните климатски акции кои Владата на Република Северна Македонија ги усвои неодамна.

На работилницата присуствуваа околу 70тина претставници од локалните самоуправи кои работат во одделение за животна средина, здруженија на граѓански оганизации кои работат во областа на животната средина, приватен сектор, ДЗС, владини агенции, министерства и др.


Проф. д-р Александар Наумоски од Економски Факултет во својата презентација, „Финансирање на климатските промени“, ги запозна присутните со концептот финансирање на климата и принципот на „одговорност и соодветни можности“ според кој развиените земји треба да обезбедат финансиски средства за да им помогнат на земјите во развој во спроведувањето на целите на UNFCCC Конвенцијата. Исто така го објасни механизмот на финансирање согласно Конвенцијата, ги наведе потенцијалните извори на финансирање на климатските промени и новите и иновативни инструменти за климатски финансии.

Проф. д-р Александар Наумоски од Економски Факултет во својата презентација, Климатски финансии во буџетите на државата и на општините“ ја претстави состојбата со примената меѓународна финансиска помош во периодот 2018-2019 година, типот на проекти кои се финансирани (ублажување, адаптација и ублажување и адаптација), како и финансиерите на тие проекти при што најголем износ е финансиран од ГЕФ. Во однос национално ниво најголеми финансирања за ублажување на кломатските промени се предвидени во законот за климатска акција  кои треба да бидат вклучени и во новиот закон за буџетирање. UNDP има развиена методолошка рамка за воведување на Климатско буџетско означување која се применува во голем број земји во светот.


Др. Александар Дединец, научен соработник при МАНУ во својата презентација „Како да се финансираат климатските акции?“, ја објасни програмата за реализација на стратегијата за енергетика, односно политиките и мерките во делот на Енергетска ефикасност, Декарбонизација, Пазари и сигурност во снабдување, Истражување, иновации и конкурентност и Правни и регулаторни аспекти, со вкупен број од околу 80. Исто така даде краток осврт на институционална одговорност, финансирање и Можни извори на средства за финансирање од извори на национално и меѓународни ниво (во вид на заеми, кредитни линии и финансиски инструменти во рамките на Зелената агенда за Западен Балкан.


Г-дин Давид Павловски, економист при CBIT проектот, во својата прзентација „Циркуларна економијa: инвестиција или извор на финансии“, ги запозна присутните со значењето на термнот циркуларна економија, моменталната состојба со примената на циркуларната економија во РС Македонија, но и со придобивките од преминот кон циркуларната економија, од аспект на финансиски, социјални и други бенефити. Во презентацијата беа објаснети и препораките кои се доставени до Владата на РС Македонија во однос на циркуларната економија.


Од страна на г-ѓа Катерина Јованова, ХАЛК БАНКА АД Скопје, Дирекција за маркетинг на население, во презентацијата „Можности за финансирање на проекти поврзани со заштита на животна средина и климатски промени“, беше презентирана првата кредитна линија за Еко кредити која датира од 2011 година и која е насочена кон поддршка на проекти кои придонесуваат кон заштеда на енергија и зачувување на животната средина преку намалување на емисија на јаглерод диоксид. Кредитната линија е наменета и искористена во најголем дел од населението за енергетски ефикасни компоненти за резиденцијални објекти за домување, но има и еко проекти во делот на малите и средни претпријатија. Халк Банка има развиено програма на следење на ефектите од финансираните проекти во делот на заштеда на енергија и намалување на емисија на јаглероден диоксид, кои се покажале како позитивни и затоа продолжува со поддршка кон физичките и правните лица со фиксна каматна стапки од 5% до 10.000 ЕУР со можност за враќање до 95 месеци.


Др. Александар Дединец, научен соработник при МАНУ во својата презентација „Јаглероден данок за Македонија“, објасни што значи тоа јаглероден данок, прикажан преку надоместок за емисии на CO2 и инвестиции со ниско ниво на јаглерод. Потоа ги наведе цените, односно јаглеродниот данок на глобално ниво. Исто така објасни зашто е потребно да се воведе данок на јаглерод, кој значително може значително да ги намали емисиите во енергетскиот сектор, загревањето, индустријата и транспортот. Беа предложени и законски основи за спроведување на данокот на јаглерод и проценка на нивоата на данок на јаглерод.





Видео снимките од обуката се достапни на следните линкови:

Дел 1

Дел 2

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close