На 11.06.2021, се одржа уште еден тренинг за јакнење на националните капацитети за климатски промени, на тема „Развој базиран на ниско-јаглеродни емисии и Зелениот договор на ЕУ“. Обуката е во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).
На 11.06.2021, се одржа уште еден тренинг за јакнење на националните капацитети за климатски промени, на тема „Развој базиран на ниско-јаглеродни емисии и Зелениот договор на ЕУ“. Обуката е во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).
Целта на работилницата е да обезбеди информации за претставниците на министерствата и локалните самоуправи за тоа што претставува развој базиран на ниско-јаглеродни емисии, како и да се обезбеди информации за Зелениот договор на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан.
На работилницата организирана со поддршка на ЗОР Милиеуконтакт Македонија, присуствуваа околу 70тина претставници од јавни/владини инстуции, претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за транспорт и врски, Министерство за локална самоуправа, Министерство за одбрана, Секретаријат за законодавсто, ЈП Македонски Шуми, преставници од локалните самоуправи кои работат во одделение за животна средина, претставници од Центрите за развој на планските региони, претставници на академската заедица, претставници на здруженија на граѓански оганизации кои работат во областа на животната средина.
Г-ѓа Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, државен советник за климатски промени при Министерство за животна средина и просторно планирање, ги запозна присутните за законот за климатска акција и доглорочната стратегија кои се во завршна фаза на подготовка и би требало да се усвојат до крајот на 2021 година. Исто така ги запозна и со фактите за долгорочната стратегија за климатска акција, но и пречките за транспонирање и спроведување на национално и локално ниво. Беа објаснети и приоритетите на Европскиот зелен договор за Западен Балкан (декарбонизација, циркуларна економија, деполуција, одржливи системи за храна и рурални области и биодиверзитет).
Г-ѓа Грнчаровска зборуваше за целите на одржливиот развој, односно глобалните цели, со акцент на целта бр. 13 која се однесува на преземање итни активности за борба против климатските промени и нивните влијанија, односно да се усогласи националното законодавството за клима со законодавството и стратешката рамка на ЕУ, да се рационализираат известувањата и да изгради општество отпороно на климатските промени преку обезбедување на раст и развој базиран на ниско-јаглеродни емисии.
Г-ѓа Наташа Марковска, научен советник и професор на Истражувачкиот центар за енергија и одржлив развој при МАНУ, зборуваше за клучните дефиниции и концептот на развој базиран на ниски-јаглеродни емисии, кој пак ја потенцира неопходноста од вклучување на климатските промени во развој на стратешките документи и целите на одржливиот развој (SDGs). Исто така во својата презентација се осврна и на влијанијата на пандемијата со Covid – 19 и целите на одржливиот развој (SDGs).
Понатаму, г-ѓа Марковска зборуваше за националната и меѓународната легислатива која се однесува на развој базиран на ниско-јаглеродни емисии и Зелениот договор на ЕУ, а кој се темели на 2030 Агенда за одржлив развој (Цели за одржлив развој), Европски зелен договор и Економски и инвестициски план за Западен Балкан, како и на стратешките докумнети изработени во тој контекст.
Г-дин Александар Дединец, научен соработник за енергетика и животна средина при МАНУ, во својата презентација која се однесуваше на заедничката рамка за енергетски и климатски политики во Европската унија и нејзините земји-членки, ги запозна присутните со Националниот план за енергетика и клима, односно со таргетите и целите на овој план, политиките и мерките кои се однесуват на декарбонизација, енергетска ефикасност и енергетска сигурност и бенефитите од овие политики, потоа со процесот на изработка, инститициите кои биле вклучени во изработката, но и надлежните институции за негова реализиација.
Г-ѓа Ивана Петкановска од здружението ЦепроСард, презентираше за катализирање на климатските акции преку дијалог за климатата и енергијата на повеќе нивоа. Таа потсети на обврските на нашата држава при спроведувањето на реформи во енергетскиот сектор и обврските од Договорот за основање на европската Енергетска заедница од 2005 година, а со спроведување на истите ќе придонесат кон целосен и одржлив развој на општеството. Покрај другото во својата презентација се осврна и на дијалозите за климата и енергијата, со акцент на можностите и услови за учество и влијание на јавноста во креирањето и следење на извршувањето на јавните политики за развој во областа на климата и енергијата, на национално и локално ниво.
Целосното видео можете да го погледнете тука.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}