Во март оваа година, претставничките на здружението за климатска и социјална правда Kolektiv Z - Ена Утевска и Софија Гетова беа дел од Istanbul Innovation Days 2021: DEVELOPMENT AND ITS FUTURES, каде што учествуваа во сесијата на тема Future Framing Session powered by EY – Berlin explores Green Economies & Innovation. Тие говореа за важноста на интерсекционалниот пристап, граѓанското креирање на националниот и Балканскиот Зелен договор и движењето Коалиција на иднината. На настанот младите активистки беа претставени како пример за младите, а тие од таа позиција им порачаа да преземат акција во своите заедници за креирање на подобра иднина за сите.
Ена и Софија од Колектив Зет беа поканети од EY за прикажување на студија на случај на темата: Како треба економијата да се прилагоди на зелената трансформација - футуристички и иновативни пристапи за справување со климатските предизвици.
Како дел од целите на оваа сесија, тимот на Колектив Зет учествуваше во прикажување на вклученоста на идната генерација во глобалната климатска акција и нејзиното влијание врз креаторите на политики и бизнис лидерите за она коешто можат да го постигнат заедно - „Без никој да биде изоставен.“
На сесијата беа дискутирани три клучни прашања, меѓу кои:
● Како можат новите меѓусекторски соработки да доведат до иновативни решенија за премин кон позелена, поинклузивна иднина, чии придобивки и можности се достапни за сите?
● Како да ги развиеме најдобрите стратегии и да ги редефинираме различните улоги на јавниот и приватниот сектор за поттикнување иновации и забрзување на климатските активности?
● Како можеме да воспоставиме инклузивни механизми за управување со климатски ризици и финансиска поддршка на заедниците кои се најмногу погодени од климатските промени?
Во продолжение може да прочитате извадок од нивното интервју, а целото интервју е достапно преку видео снимката од сесијата на следниот линк.
„Клучниот пристап на организацијата Колектив Зет, за климатска и општествена правда е интерсекционалноста. Преку неа, доаѓа на виделина начинот на кој различните форми на системски неправди и опресија се преклопуваат едни со други, што им овозможува на структурите каде што е сконцентрирана моќта да работат заедно, често на комплексен и кумулативен начин. Ние го користиме овој пристап со цел да дејствуваме кон системска промена, но и кон општествена правда.
Интерсекционалниот пристап во нашата работа, активности и проекти ни помага да ги анализираме начините на кои системското угнетувањевлијае на различните групи, со цел да ги разбереме механизмите со кои тоа функционира. Исто така, овој пристап ни покажува и како различните борби за правда се меѓусебно поврзани, а со тоа се нагласува и потребата за солидарност меѓу различните движења, и на национално и на глобално ниво.
За практично да ја прикажеме интерсекционалноста, во нашата работа користиме метод на колективно визионирање, креирајќи на тој начин решенија, предлози, акции, па дури и самото движење, бидејќи за нас таа вредност е многу важна (ја имаме и во самото име - Колектив З). „Веруваме дека за да го смениме системот, треба да си допуштиме да го замислиме, да го визионираме системот во кој сакаме да живееме, и потоа да пристапиме kn креирање, и тоа заедно со сите заедници кои се засегнати од системот, со цел тој да биде праведен за сите.“
Токму затоа го градиме движењето „Коалиција на иднината“ кое се справува со општествените и проблемите поврзани со животната средина, креирајќи платформи за заедничко визионирање и колективно дејствување за системска трансформација. Замислуваме општества кои напредуваат со љубов, солидарност и грижа, кои се дом на слободни луѓе кои ја слават различноста и живеат достоинствено и во хармонија со сите живи битија. А за да стигнеме до тоа, треба да престанеме да војуваме ситни војни, базирани на индивидуална одговорност и делувања, кои се засноваат на префрлување на одговорноста, и наместо тоа да се стремиме да делуваме предводени од нашите вредности и човечноста, наместо од позициите на моќта.
На конференцијата Innovation Days 2021 зброуваме дека ни треба радикално преиспитување на развојот, преосмислување на глобалните институции, оспорување на „статусот-кво“. Но, многу често тоа го правиме од привилегирана гледна точка, додека постојат цели заедници, насекаде низ светот, кои веќе ги чувствуваат товарот и последиците од сите системски, општествени, економски и климатски кризи, и тоа буквално во моментов, додека зборуваме.
Токму ова стои зад пристапите кои ги користиме справувајќи се со системската криза која се случува и на европско и на регионално и на локално ниво.
Работиме согласно нашите принципи, кои се: aдресирање на заеднички но диференцирани одговорности, свесност за историската одговорност, интерсекционалност и колективно креирање базирано на заедниците.
Овие принципи покажуваат дека не секој има исто искуство и има подеднаква одговорност за климатската криза и за нефункционалниот систем. Па, соодветно на тоа и делуваме.“
Колектив Зет во моментов фокусирано работи на национално/локално ниво, преку методите на колективно визионирање и интерсекционалност, креираме колективна визија која става акцент на „grass-roots“ борбите. „Време е моќта на носење одлуки за заедниците да ја вратиме во рацете на луѓето кои живеат во тие заедници. Луѓето кои најдобро ги познаваат ресурсите, природата и земјата околу нив - јавна сопственост на општи добра, нешто што би било управувано заеднички и демократски од страна на самите луѓе.
Дополнително, оние кои одлучуваат мора да почнат поотворено да соработуваат со луѓето при креирање на политики и носење одлуки кои го засегаат целото општество. На национално ниво, сакаме да ги поврземе соодветните институции, со цел понатамошните процеси на носење одлуки да бидат од партиципативен карактер и да се темелат на визиите кои луѓето ги имаат за своите заедници.
Таков пример за соработка е и Меморандумот кој го потпишавме со Министерството за животна средина и просторно планирање во С. Македонија, при што на надлежните им ја претставивме и нашата дигитална партиципативна платформа Зелен глас, која користејќи го методот за колективно визионирање може да ги поврзе луѓето и оние кои ги носат одлуките за нив.“ - велат од Колектив Зет.
„Се собравме заедно да работиме и да излеземе од нашите стаклени ѕвона, да ги обединиме нашите борби и да ги зајакнеме нашите гласови како општествени движења, организации за човекови права и групи за права на ЛГБТКИ +, феминистички групи, групи за еколошка правда и за правда за мигранти, синдикати на земјоделци и рударски работници, научници, уметници, здравствени работници, едукатори, креатори на политики, млади.
Сите мора да имаме на ум дека работата не е само поставување и исполнување на амбициозни цели, туку и да се осигураме дека секој ќе може да одлучува за своите заедници.
Време е нашата генерација, младите луѓе, да го скршат стандардниот модел. Почнуваме да се гледаме себеси како општествени актери кои имаат моќ и секојдневно придонесуваат кон градење поправедно општество. (преземено од „All About Movements“ Crea publication)
Но, идејата не е да има единствен модел, што секоја земја би го копирала, туку една мултилатерална рамка водена од принципите каде што власта, граѓанските општества и сите луѓе работат заедно за она што им е потребно на нивните заедници, односно општеството.
Среќни сме што сме тие млади луѓе кои ја започнаа и ја иницираа моќта на колективното креирање и визионирање во нашата земја и местото во кое сакаме да живееме. И секој може да го направи тоа на локално ниво. Потребни се само вредностите кои ќе бидат водилка и страста за подобар, праведен свет.“ велат младите активисти од здружението.
- Секој кој сака да дознае повеќе за нашата приказна и за тоа како да придонесе кон промена во своето општество, слободно може да нè контактира на www.kolektivz.mk, со задоволство би дискутирале и би споделиле повеќе.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}