На 25.05.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија ја реализираше петтата обука на тема „Учество на приватниот сектор во спроведувањето на националните придонеси кон ублажувањето на климатски промени“. Обуката е во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).
На 25.05.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија ја реализираше петтата обука на тема „Учество на приватниот сектор во спроведувањето на националните придонеси кон ублажувањето на климатски промени“. Обуката е во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).
Цел на обуката е да обезбеди информации за претставниците на локалните самоуправи и претставниците на приватниот сектор за националните придонеси кон ублажувањето на климатски промени и начинот на кој приватниот сектор би можел да помогне во нивното спроведување.
На работилницата присуствуваа околу 40тина претставници од јавни/владини инстуции, претставник од МЖСПП, претставници од локалните самоуправи кои работат во сектори за заштита на животната средина, како и преставници на бизнис секторот.
Од страна на Г-ѓа Теодора Гранчаровска Обрадовиќ Државен советник за климатски промени при Министерство за животна средина и просторно планирање, беа објаснети националните придонеси кон ублажувањето на климатски промени (NDC), како и Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, со што како национална цел е поставена амбицијата во 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година. Исто така беше истаканто дека овој документ ја носи државата кон Зелената агенда на ЕУ и Инвестицискиот План за Западен Балкан на ЕУ и може да служи како инструмент за засилени инвестиции. Ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз е одраз на Зеленото сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и е целосно усогласен со предлог Националниот план за енергија и клима. Исто така е поврзан со изработката на Долгорочната Стратегија и Законот за климатска акција кои се уште се во работна верзија.
Исто така на оваа обука беа објавени и видео снимки/изјави од настанот #ВозможноЕ, а кои се донесуваат на тоа што се национални придонеси, како и предизвици и можности за вклучување на општините во борбата со климатските промени презентирани од страна на Општина Карпош и Локални одржливи бизнис иницијативи за намалување на климатските промени, како пример е печатницата Пропоинт која произведува зелена енергија од соларни панели.
Во презентацијата на тема Бизнис секторот како иницијатор за поамбициозна климатска акција – светски трендови, презентирана од страна на Др. Петра Поп Ристова, климатските промени беа претставени како закана за бизнис секторот, кои придонесуват кон нестабилна бизнис оперативност и зголемени трошоци, заглавени средства, негативен маркетинг, губење на репутација и бренд, притисок од потрошувачи, губење на вработени, не-конкурентност на светските пазари, неусогласеност со законска регулатива и правни импликации и сл. Исто така во презентацијата беа претставени и позитивни и возможни примери на климатска акција во бизнис секторот во светски рамки, како и инструментите за финансиска поддршка на бизнис секторот за климатска акција.
Во презентацијата на Проф. Др Илија Насов, претставник од Camel Solar, беа претставени неколку видови (хибридни колктори кои произведуваат и електрична и термална енергија) и начини на инсталирање на фотоволтаични панели (на покриви, фасади) во нашата држава, но и во странство (Дубаи, Бугарија, Италија, Холандија и др.). Исто така тие се обучени и имат опрема за тестирање и контрола на произведените соларни инсталации.
Од страна на Дипл. маш.инж Трајков Стефан од компанијата Еко Солар од Штип, беа презентирани соларни сушари, чија технологија е базирана на максимална апсорбција на сончева енергија (секоја страна е апсорбер), иноксни тацни и процес на сушење кој е контролиран со помош на ПЛЦ контролер. Беа презентирани разни типови на сушари и места каде се инсталирани во државата и странство.
Видео од целосната обука е достапна на овој линк.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}