Она што би сакале да го анализираме овде, е до кој степен дизајнираните политики и мерки се (не) подеднакво насочени кон жените и мажите. Броевите и наративите и во овој случај се користат како извор на анализа.
Во првиот Блог: Жените како агенти на промени јасно истакнавме дека жените се помалку застапени во процесите на донесување одлуки за дизајнирање на националните политики и мерки за климатските промени, како и при донесување одлуки на ниво на дом/семејство, а во исто време очигледно е дека нивниот потенцијал, како вистински агенти на промени, не е целосно препознаен во напорите за борба против климатските промени.
Краток опис на профилот на 1223 испитаници од иновативното истражување за пол и климатски промени. Демографија: Малку повеќе од половина од испитаниците - 53% се жени (47% се мажи), и скоро половина се на возраст од 30-49 години (42%). Мнозинството од испитаниците се Македонци (71%). Втора по големина етничка група се Албанците (22%). Околу две третини од испитаниците живеат во урбана средина (65%), а една третина - во рурални области (35%). Повеќето од испитаниците се во брак или живеат заедно со партнери (70%). 64% живеат во куќата што ја поседуваат и 18% во стан што го поседуваат. Образование и работа: Една четвртина од испитаниците се со средно образование (25%), а скоро половина имаат дипломирано или имаат стручно образование (43%). 17% работат во владата, 15% во услужна дејност, 15% во земјоделството. Скоро 17% од испитаниците се невработени. |
|
Ранливост: 14% од ранливите групи се испитаници со низок приход што живеат со пошироко семејство, 3,7% се на возраст над 65 години со ниски примања што живеат сами, домаќинства со самохран родител со ниски примања се 1,9%, а оние со посебни потреби сочинуваат 1,5%. |
Сопственост на имот / автомобил. До 20% од испитаниците поседуваат куќа, земја и автомобил; 19% поседуваат само куќа и автомобил; околу 15% не поседуваат ништо од горенаведеното.
Краток опис на официјална национална статистика - стапка на пазар на труд и активност (како еден од клучните фактори за ранливост) : Стапката на активност во 2019 година е 68% кај мажите 47% кај жените, Стапката на вработеност е 57% кај мажите, 38% кај жените. Стапката на невработеност е 16% кај мажите, 18% кај жените, додека пак стапката на неактивно население е 38% кај мажите, 62% кај жените.
Да видиме што бројките „раскажуваат“ кога станува збор за (не)еднаква дистрибуција на владините мерки во областа на ублажување.
Родовите индикатори што ги мерат националните активности за ублажување покажуваат низ бројки дека учеството на жените во програмите за субвенции поврзани со намалување на емисиите на стакленички гасови е значително помало од мажите. Во 2020 година, придобивките на субвенциите за набавка на печки на пелети (врз основа на Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија) ги искористиле само 4 (четири) жени и 16 мажи од ранливи групи (од вкупен број на 164702 невработени лица – национална статистика), што е 2% од субвенционираните лица.
Слични разлики се провлекуваат во многу други програми и субвенции, што е јасен патоказ дека е време за промена на критериумите за поддршка на домаќинствата и на национално и на локално ниво:
Нема да одиме подлабоко во вкрстување со невработеност со други видови ранливост, но она што би сакале да го истакнеме е дека ранливоста и полот мора силно да се земат предвид при развој и доделување на мерки за ублажување. Тоа ќе обезбеди одржливост и ефективност на напорите за отпорност на климатските промени.
|
Микронаративи: Од каде дојде помошта за справување со овие ситуации,%. Кој им помогна на овие луѓе (испитаници) да се справат со ситуациите поврзани со климатските промени? Што раскажаа тие?
Сите горе/наведени методи / извори кои помогнаа во справувањето со ситуацијата со климатските промени повеќе ги користат мажите отколку жените, иако во некои случаи разликата е незначителна. Сепак, мажите покажуваат поактивен или проактивен пристап во справување со ситуациите на климатските промени и во користењето на понудената помош (формална или неформална).
Оваа (про)активност во справување со климатски предизвици може да се поврзе со традиционалната улога на мажите како „глава“ на семејството, дека жените се помалку застапени во управувањето со домашниот буџет , и се помалку застапени во процесите на донесување одлуки, дома и во општеството (повеќе во Блог 1 од оваа серија на статии).
Дека традиционалните родови улоги во семејството и во општеството се уште се многу силни може да се потврди и со други истражувања и студии, како што е неодамнешното истражување на ОН на жените (Nacka et al, 2019). Ова истражување не само што даде увид во моделот на дистрибуција на домашниот буџет (лични и споделени средства помеѓу мажот и жената) туку и јасно ја отсликува недоверба кај мажите во однос на заеднички домашен буџет, што е еднo од олицетворенијата на родовата нееднаквост кога станува збор за пристап до ресурси и одлучување за нивната приоритетност.
Овие наоди може да се споредат со наодите од истражувањето преку микронаративи во однос на тоа какви чекори за ублажување на ефектите од климатските промени превземале мажите, а какви жените според тоа на која ранлива категорија самите припаѓаат. Следниве ранливи категории мажи и жени беа анализирани: Самохрани родители одговорни за домаќинство со ниски приходи, личност над 65 години со ниски приходи, личност со посебни потреби, личност што живее со поширокото семејство и има ниски приходи и ниту една од наведените.
Според наодите од истражувањето со микронаративи, лицата кои што одговориле дека не припаѓаат на ниедна од наведените ранливи групи, презеле најмногу од активностите/чекорите за ублажување на ефектите од климатските промени како што се: ‘’Набавиле инвертер/ енергетски ефикасно загревање’’ или ‘’ја подобриле изолацијата на домаќинството’’.
Во таа смисла, овие податоци укажуваат дека само одредена група граѓани има повеќе корист од постоечките мерки и политики и дека ранливите групи треба да бидат соодветно адресирани во владините програми за подобрување на енергетската ефикасност на домаќинствата и/или други чекори кои ги ублажуваат ефектите од климатските промени.
Преку вкрстување на родот со други видови ранливи категории покажува дека мултидимензионалната ранливост претставува поголема пречка на лично ниво за ублажување на ефектите од климатските промени што е директно поврзано со социо-економскиот аспект на ранливоста. Ова претставува уште еден аспект којшто треба да биде соодветно и систематски адресиран од страна на креаторите и креаторките на политики, односно јасно да ги дефинираат ранливите категории во однос на секторите поврзани со климатските промени и да ги вкрстат со половата припадност.
Енергетска сиромаштија – на родова основа треба да биде соодветно и попрецизно адресирана во националните мерки за ублажување: Жените претставуваат 1/3 од бројот на добитници на субвенции за инвертери на Јавниот повик на Град Скопје, пришто се доаѓа до заклучок дека постои родов јаз кој што треба да биде земен предвид во евентуалните следни повици.
“Микронаратив насловен ‘’Просто неверојатно’’: Во текот на една пролетна ноќ настапи огромно невреме кое предизвика неверојатна поплава. Имавме посадено површини со земјоделски култури од кои егзистиравме. Се обидовме да излеземе надво но нее возможно. Стравувавме за земјоделските култури. Кога се смири невремето околу нашиот дом имаше огромни количини на вода. Утрото отидовме на нивата и останавме во чудо. Личниот опис на просторот беше изменет. Не се познаваше која чија парцела е. Имаше површна по која минувала вода. Освен уништената реколта, беше уништена и земјоделската површина. Плодното земјиште го немаше, а имаше остатоци од до влечена пластика, кондури,...’’ Жена, вдовица на возраст над 65 години.
| http://floodlist.com/tag/macedonia 1 |
Што раскажаа жените за тоа што им е најкорисно за справување со ситуации поврзани со климатските промени? Правила и процедури!
| |
| Според истражувањето со микронаративи, во справувањето со негативните ефекти од климатските промени за женските испитанички најважни и од најголема помош при справување со климатските промени се правилата и процедурите.
|
‘’Сушата ги преполови насадите со тутун’’: Имавме винова лоза и насади со тутун и во 2018 имаше големи врнежи на град и повеќе од 50% беше уништено. Државата помогна малку со субвенции ама немаме ништо во селото за да можеме да наводнуваме во такви ситуации’’ Жена во брак на возраст од 30-49 години која што живее во домаќинство со поширокото семејство и е со ниски приходи.
Евидентна е потребата да се ре-дизајнираат субвенциите за да бидат подостапни за ранливи групи мажи и жени, но уште повеќе, жените треба да имаат можност и да бидат охрабрени активно да учествуваат и да ги користат владините мерки.
Оваа серија блогови е сосема мал дел од целокупните напори на Глобалната програма за поддршка на националните комуникации и двегодишните извештаи за климатските промени во соработка со Канцеларијата на УНДП во Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за животна средина и просторно планирање да се овозможи и воведе систематски пристап и методологија во креирање на родово одговорни климатски политики и обратно, родови политики кои ќе ја зајакнуваат отпорноста на климатските промени.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}