На 08.04.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија ја реализираше третата обука на тема „ПОВРЗАНИ СЕКТОРИ со климатски промени – вода и отпад“.
На 08.04.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија ја реализираше третата обука на тема „ПОВРЗАНИ СЕКТОРИ со климатски промени – вода и отпад“. Обуката е во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).
Целта на работилницата беше да обезбеди информации за релевантните засегнати страни и академската заедница за врските помеѓу секторите вода, отпад и климатски промени и потребата од неопходна акција во овие сектори и инвестиции во зелена ниско-јаглеродна економија во периодот после пандемијата.
На работилницата присуствуваа околу 60тина претставници од јавните инстуции, претставници од МЖСПП, МТСП, УНДП, ГЕФ, ПМФ, општини во РСМ, јавни комунални претпријатија и претставници на здруженија на граѓански оганизации кои работат во областа на животната средина.
Подолу може да ги најдете материјалите од обуката на оваа тема:
Управување со отпад во Република Северна Македонија
Инвестициска рамка на Западен Балкан
Примарна селекција на отпад како начин да се намали отпадот кој завршува во водите
Видео снимката од обуката е достапна на овој линк.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}