Како вмрежувањето во Западен Балкан и Источна Европа поттикнува амбициозни климатски активности

  • {{"article.by"|translate}}
  • {{"article.posted"|translate}} 30-03-2021

Како вмрежувањето во Западен Балкан и Источна Европа поттикнува амбициозни климатски активности



Иако Светот се бори да се справи со сериозните проблеми предизвикани од пандемијата со КОВИД 19, ефектите од климатските промени стануваат сè поизразени, а штетите на инфраструктурата и заканите по животот на луѓето сè посериозни. Никогаш порано, во поновата историја, државите на глобално ниво, не се бореле толку за да ги одржат своите економии во време кога се соочуваат со климатските промени и со здравствените ризици по здравјето на луѓето. Истовремено тие прават напори да ги исполнат своите обврски кои произлегуваат од Парискиот договор за запирање на климатските промени. Ова е особено точно за земјите во развој и за најмалку развиените земји, а ООН и другите меѓународни организации даваат сè од себе да ги поддржат преку разни програми и проекти. Глобалната програма за поддршка (GSP) на УНДП/УНЕП е еден пример за тоа.

GSP формираше 6 мрежи за мониторинг, известување и верификација/транспарентност низ целиот свет во кои членуваат 65 земји кои се активно поддржани од оваа програма, при што мрежата на Западен Балкан и Источна Европа е најмладата мрежа (Мрежа WBEE), основана во април 2020 година, и вклучува осум земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Република Северна Македонија, Република Грузија, Република Молдавија и Либан. Канцелариите на УНДП ги поддржуваат сите овие земји да ги подобрат своите климатски цели и да воспостават одржливи национални системи кои ефикасно ќе го следат спроведувањето на климатските активности (системи за МРВ).


Додека работата од дома и Зум стана наша реалност, како и Мајкрософт тимс, Скајп и други апликации кои се наши главни алатки за комуникација при организирање состаноци, работилници/вебинари и виртуелни обуки, одличната соработка со земјите од мрежата, креативноста и трпеливоста беа клучни за добрите резултати на GSP постигнати досега во рамките на Мрежата WBEE.

Поддршката од GSP во 2020 година беше обезбедена согласно детален акциски план за градење капацитети кој беше изработен со користење на пристап прилагоден на потребите и предизвиците со кои се соочуваат сите осум земји. Спроведувањето на овој план не беше лесно и беше проследено со разни предизвици, како што се наметнатите ограничувања поради глобалната пандемија, ограничувањата на владините институции за користење нови комуникациски платформи како што се Зум и/или Скајп, презаситеноста од вебинарите/онлајн состаноците/обуките како и заморот и губењето на мотивацијата кај засегнатите страни и корисниците да учествуваат на веб-обуки/мрежни состаноци кон крајот на годината.

Но, резултатите од вмрежувањето во WBEE беа импресивни. Во првата година, GSP успеа да поддржи 11 различни регионални настани (веб-обуки, технички обуки, размена на искуства меѓу колеги) и да собере повеќе од 300 активни учесници кои сакаат заеднички да соработуваат и да се поддржуваат едни со други за зголемување на климатската амбиција во нивните земји. Србија, Либан, Албанија, Грузија и Северна Македонија, придонесоа со споделување на искуства и знаења во врска со градење институционални капацитети, климатско финансирање, поврзаноста на родовите прашања и климатски промени, како и во врска со други теми, што доведе до интересни и конструктивни дискусии кои им помогнаа на земјите од мрежата, како и на земјите од регионот на Централна Азија да преземат дополнителни чекори за градење политичка поддршка и зголемување на капацитетите за спроведување на климатските политики и активности.

Капацитетите се градат побрзо и поефикасно кога на засегнатите страни и на земјите ќе им се даде можност заедно и со своите колеги, конструктивно да разменуваат мислења, различни ставови, идеи, научени лекции, успеси, како и неуспеси. Овозможувањето на ваквите можности за соработка, односно на мрежите како што ги нарекуваме, се во основата на интервенцијата на GSP, бидејќи силно веруваме дека само со здружување на силите, ќе можеме да ги постигнеме, заедно, нашите колективни климатски цели. - Дамиано Боргоњо, координатор на GSP

Иако нивото на институционални и човечки капацитети за МРВ и транспарентност на климатските промени во повеќето земји од мрежата останува умерено, некои земји, како што е Република Северна Македонија, со своите развиени институционални капацитети и знаење, подготви и спроведе техничка обука за Инвентарот на стакленичките гасови во енергетскиот сектор на која слушатели беа претставници од релевантни институции и членови на тимовите за инвентаризација на стакленички гасови од земјите во мрежата.

„Бев изненаден од презентациите на Северна Македонија, тие навистина ја познаваат Методологијата на IPCC“ - И. Василиев, Република Молдавија

„Во обуката најмногу ми се допаднаа практичните примери и тоа што слушнав искуства од другите земји за проблемите и решенијата при подготовката на Инвентар на стакленички гасови во енергетски сектор“ - Р.Радиќ, Босна и Херцеговина

„Она што најмногу ми се допадна на оваа обука беа јасните и интересни презентации и објаснувањата од експертите“ - С. Радоњиќ, Србија

„Научив многу на оваа обука. Обуката беше лесна за разбирање и најмногу ми се допадна дискусијата меѓу учесниците “- Е. Гушева, Северна Македонија

Покрај тоа, благодарение на големата поддршка од УНДП Македонија и проектниот тим за климатски промени, GSP беше во можност да го сподели знаењето и експертизата во различни области, како што се климатски промени, иновативната комуникација и родовите аспекти, поттикнувајќи координиран и кохерентен одговор на климатските промени од владите и општествата во другите земји од мрежата на Западен Балкан и Источна Европа. Споделувањето практични решенија за слични предизвици со кои се соочуваат земјите се покажа како корисно и доведе до зголемени барања од други организации за поврзување со Северна Македонија со цел да дознаат повеќе за нивните пристапи и научени лекции.   

Она што досега го научивме е дека со посветеност, креативност, снаодливост и одлична соработка со земјите од Мрежата за Западен Балкан и Источна Европа, се надминуваат ограничувањата, а резултатите се гледаат во зголемената амбиција на нивните национални придонеси за климатските промени. Со оптимизам очекуваме 2021 година да биде неверојатна година, со уште поголеми резултати и достигнувања корисни за земјите од Мрежата и за другите земји во регионот.

Снежана Марстијеповиќ, Координатор за МРВ во Мрежата за Западен Балкан и Источна Европа, при Глобалната програма за поддршка на УНДП/УНЕП. Дамјано Боргоњо, Координатор при Глобалната програма за поддршка на УНДП/УНЕП за подготовка на национални планови и двогодишни извештаи за климатски промени (un-gsp.org) и Технички советник за МРВ и транспаретност.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close