Зелените финансии можат да го зголемат македонскиот национален буџет

Зелените финансии можат да го зголемат македонскиот национален буџет



Нашата држава веќе има превземено многу активности за зелена транзиција. Тие ќе ѝ овозможат да ги следи другите европски земји и да постигне големи инвестиции во енергетиката, индустријата и инфраструктурата. Карен Мек Клелан споделува 7 начини како ревидираниот национален придонес кон Парискиот договор може да стимулира инвестиции во приватниот сектор и меѓународно финансирање.

Република Северна Македонија се обврза на строги климатски цели кои треба да се постигнат  до 2030 година, во согласност со амбициите на ЕУ. Бидејќи енергетскиот сектор создава 70% од националните емисии на јаглерод[1] за напуштање на употребата на јагленот до 2025 година ќе бидат потребни големи капитални инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност. Конкретните мерки за постигнување на оваа цел наведени во Ревидираниот национален придонес за климатските промени (Ревидиран NDC) укажуваат на потребата не само за брзо исфрлање на јагленот, туку и на намалување на употребата на нафта и нафтен гас. 

Како некој кој е вклучен во климатските финансии повеќе од две децении и кој ги овозможи првите канали за финансирање на енергетска ефикасност за источна Европа, јасно ми е дека новото законодавство, достапноста на цели за чисти инвестициски за јавниот и приватниот сектор, растечкиот пазар за уновчување на емисиите на јаглерод и достапноста на можности за задолжување со ниски камати, можат да ѝ овозможат на Република Северна Македонија да мобилизира значителен капитал и тоа многу поголем од својот национален буџет. Постои јасна, профитабилна можност да се постигнат намалувања на стакленичките гасови кои се од клучно значење за спроведување на мерките во Ревидираниот НДЦ. Оваа можност ќе станува сè поизразена во текот на целиот процес на пристапување во ЕУ. 

Добрата вест е дека веќе постојат повеќето од потребните регулаторни политики за привлекување приватен капитал и создавање нови пазари што ќе помогнат за оваа транзиција.  Ова отвора јасна можност земјата да ги искористи позитивните парични текови и економските стимулации при спроведување на Ревидираниот НДЦ, и тоа на начин опишан подолу.

Значи, да видиме на кои седум начини Ревидираниот национален придонес за климатски промени наРепублика Северна Македонија (eNDC) може да стимулира инвестиции во приватниот сектор и меѓународно финансирање кои ќе помогнат за исполнување на амбициозните цели.

1. Повластени тарифи за проекти со фотоволтаици приклучени на мрежа

Повластената тарифа за сончеви фотоволтаици подразбира месечни исплати на средства од централната влада до приватни инвеститори за проекти со фотоволтаици кои ја снабдуваат мрежата. Тие веќе придонесоа за значителни меѓународни и приватни инвестиции во земјата, со што се постигнаа 200 MW, еден од стратешките приоритети на државата. 

2. Стимулации за стратешки инвестиции во обновлива енергија

За да се стимулираат големи инвестиции, особено со странски капитал, Република Северна Македонија неодамна го донесе Законот за стратешки инвестиции, правен инструмент дизајниран да привлече и да оптимизира услови за стратешки инвестиции во државата. Приоритети се проекти во енергетиката и инфраструктурата; потенцијалните инвеститори во обновлива енергија ќе имаат единствена корист со тоа што ќе ја добијат ознаката SIP. Со големи можности за инвестиции во обновливи извори на енергија со низок ризик, инвеститорите би можеле да иницираат нов голем инвестициски циклус во земјата, што ќе ѝ помогне на земјата да го реализира Ревидираниот NDC. Ова позитивно би влијаело не само врз енергетскиот сектор како стратешки приоритет, туку може да ги подобри конкурентските предности и економскиот раст на земјата. Покрај тоа, инфраструктурните проекти ќе бидат корисници и на зелените обврзници кои ќе ги издава Владата на Северна Македонија.

3. Потенцијал за инвестирање преку нето-мерење

Нето-мерењето е моќна мерка чија цел е да мотивира инвестиции кај крајните корисници во обновливи извори на енергија од мали размери, главно кровни фотоволтаици, така што станарите би ги отплаќале соларните системи со продажба на неискористената енергија назад во мрежата. За да ја искористат оваа многу поволна можност, владата и приватниот сектор ќе треба да помогнат во набавката на соларните системи преку наменско снабдување со достапни и долгорочни опции за финансирање на потрошувачите. Постои можност и за користење на јавни средства за креирање на соларен фонд за специфична технологија, кој ќе нуди концесиски заеми, дадени преку мрежа на локални финансиски посредници. Ова би помогнало да се надмине главната бариера за влез на пазарот, имено да се надмине јазот во долгорочното финансирање и да се мобилизираат средства од приватниот сектор за кровни фотоволтаици поврзани со мрежата. Ова би можело да се понуди во комбинација со фонд со кој делумно би се гарантирало враќањето на кредитите, што ќе го намали ризикот за локалните финансиски посредници и ќе ја субвенционира каматата која треба да ја плаќаат станарите-потрошувачи.

4. Подобрувања на енергетската ефикасност на објектите

Модернизацијата и подобрувањето на ефикасноста и во енергетскиот сектор и во тешката индустрија нуди значителни економски придобивки кои може да ги искористи приватниот сектор. Значителна заштеда може да се постигне со зголемување на енергетската ефикасност на јавните згради и со реновирање на постојните згради со енергетски ефикасни решенија, во согласност со стандардите на ЕУ. Моделот со Компанија за енергетски услуги (ESCO) е еден очигледен механизам за ова. Спроведувањето на вакви ЕЅСО проекти е можно во Република Северна Македонија благодарение на новиот Закон за енергетска ефикасност што беше донесен во 2020 година.

Поради краткото време за враќање на инвестициите во едноставни  мерки за енергетска ефикасност, може да се креираат можности за финансирање без значителен кредитен ризик. На пример, инвестициите во топлински пумпи и подобрувањата на фасадите, вклучително и на прозорците, може да се финансираат преку „механизам за финансирање на мерки за декарбонизација на станбени објекти“. Ваквите инвестиции можат да ги намалат трошоците за енергија и на централната и на локалната власт. 

5. Енергетска ефикасност во индустријата

22% од крајната потрошувачка на енергија е во индустрискиот сектор, од кои 44% отпаѓа на индустријата за железо и челик. Имајќи предвид дека тешката индустрија е регулирана со регулативите за емисии на ЕУ и Шемата за тргување со емисии на (ЕУ ЕТС), емисиите во Република Северна Македонија веројатно ќе бидат поголеми од стандардните алокации за емисии по пристапувањето во ЕУ. Овие емисии може да се намалат со поголема употреба на биомаса и горива добиени од отпад со високо-енергетска содржина во печките за согорување. Технологијата за користење на отпадна топлина претставува профитабилна мерка за енергетска ефикасност заснована на веќе испитана технологија. Во Кина, ваквите проекти се спроведуваат под услови слични на ЕЅСО со субјекти од приватниот сектор кои склучуваат договори на 6 до 8 години за енергетска успешност. Овие се самостојни проекти и не бараат мрежно поврзување.

6. Данок на јаглеродот и пазари за трговија со емисии

Национален данок на јаглеродот е уште еден извор на средства за националниот буџет.  Термоелектраните на јаглен во државите од Западен Балкан емитуваат 45 милиони tCO2 eq годишно, и ако тие купуваат дозволи за емисии на CO2, земјите од регионот би наплаќале најмалку 1 милијарда евра годишно. Механизмот треба да се заснова на моменталните емисии и треба да биде усогласен со целите за неутралност во однос на емисиите на јаглерод до 2050 година. Оданочувањето на увезената електрична енергија согласно содржината на јаглерод може да помогне за забрзување на овој процес.                

6.     Циркуларна економија

И на крај, ако се усвојат и спроведат законски акти за циркуларна економија, можат да се користат средства од ЕУ за спроведување мерки како што се создавање на енергија од отпад (без согорување), спречување на создавање на отпад, рециклирање и компостирање. Искуството со „новите“ земји членки на ЕУ покажа дека е клучно рано да се започне со спроведување на таквото законодавство. Регионот може многу да научи од позитивното искуство на Љубљана.

Накратко, Република Северна Македонија веќе има поставено многу делови од сложувалката за зелена транзиција. Ова ќе ѝ овозможи да ги следи другите европски земји и да постигне големи инвестиции во енергетиката, индустријата и инфраструктурата.  Постојат сите причини да се верува дека со силната посветеност на Европа за иднина без јаглеродни емисии, како и со можностите кои произлегуваат од високите емисии во земјата, меѓународните инвестициски фондови, трошоците за праведна транзиција, зелените обврзници, средствата заштедени со заштеда на енергија и со јаглеродната компензација ќе се обезбеди значителен капитал за финансирање на мерките од Ревидираниот НДЦ.




[1] Во 2017 година, 69% од вкупната електрична енергија беше произведена од јаглен и природен гас и поради ова секторот енергетика е еден од најголемите создавачи на емисии на стакленички гасови во однос на сите поголеми сектори.

Карен Мек Клелан

Како главен финансиски директор за чиста технологија, проектен банкар за финансии и управител на средства; Карен Мек Клелан извршувала високи позиции поврзани со финансиите за климатски промени, енергетската ефикасност и политиката во јавните и приватните институции. Покрај тоа, таа има искуство со собирање и инвестирање средства, управување со тимови, спроведување стратегии за ниско-јаглеродна економија и други енергетски проекти ширум светот.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close