На 10.02.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија ја организираше првата обука на тема „Адаптација на климатските промени“.
На 10.02.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија ја организираше првата обука на тема „Адаптација на климатските промени“. Оваа обука е прва во низата на обуки кои се реализираат во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).
Целта на работилницата беше да се зајакнат комуникациските вештини на учесниците, поврзани со проценка на влијанијата, спроведување анализа на ранливост и подготовка на известување за адаптацијата на климатските промени.
На работилницата присуствуваа околу 50тина претставници од јавните инстуции, претставници од МЖСПП, УНДП, МАНУ, ГЕФ, општини во РСМ и претставници на здруженија на граѓански оганизации кои работат во областа на животната средина.
Подолу може да ги најдете материјалите од обуката на оваа тема:
Адаптација кон климатските промени
КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ АДАПТАЦИЈА (Прилагодување)
Видео снимката од обуката е достапна на овој линк.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}