Образование за климатски промени – зошто, кога, како, кој?

Образование за климатски промени – зошто, кога, како, кој?



Образованието е еден од клучните одговори за да се намали и превенира штетата. Квалитетното образование е основно човеково право и темел на општествено - економскиот развој.

ЗОШТО е потребно образование за климатски промени?

На презентацијата на извештајот за вклученоста на климатските промени во образовниот систем во нашата држава, наведов дел од причините[1]:

  • Периодот 2010-2019 е најтоплата декада до сега во историјата,
  • Нивото на јаглерод диоксид и други стакленички гасови во атмосферата достигнаа рекордни бројки во 2019, а главни причинители се прекумерното користење на фосилни горива и сечата на шумите.,
  • Нивото на морињата се очекува да порасне за 0,5 - 1,5 m ( до крај на XXI век),
  • Се предвидува 100.000.000 луѓе да поминат во категоријата - сиромашни до 2030 година,
  • Човекот (и алчноста за поголем профит) е причината за климатската и еколошка катастрофа.

Образованието е еден од клучните одговори за да се намали и превенира штетата. Општо е прифатено дека квалитетното образование е основно човеково право и темел на општествено - економскиот развој. За да може секоја индивидуа, а особено младите, да се справат со глобалните предизвици (меѓу кои се и последиците од климатските промени, но и воведувањето на т.н. зелени технологии) потребно е да располагаат со знаења, ставови, вештини и компетенции кои ќе соодветствуваат на современите барања на нивниот личен и професионален живот. Затоа, потребно е образовните системи да се реформираат и да се усогласат со барањата на економијата базирана на знаење со цел да им се овозможи на луѓето развивање такви компетенции кои во текот на целиот живот со соодветна надградба ќе им гарантираат сигурна основа за пристоен живот и работа.

Образованието за климатски промени (ОКП) ги објаснува климатските промени и им помага на учесниците во образовниот процес да ги разберат причините и последиците од истите, додека истовремено ги подготвува да живеат со влијанијата од климатските промени и ги охрабрува да преземат соодветни мерки со цел да водат поодржлив начин на живот. Најчесто, овој вид на образование се дели на два дела: образование за ублажување на климатските промени и образование за адаптација на последиците од климатските промени.

КОГА е потребно образование за климатски промени?

Одговорот на ова прашање е едноставен. ВЧЕРА, ама бидејќи вчера многу малку направивме, тогаш ДЕНЕС и СЕГА ВЕДНАШ. Бидејќи УТРЕ ќе е касно...

Во изминатиов период (декември 2020 – февруари 2021) интензивно се дебатира за новата концепција за основно образование. Сметам дека МОРА да се искористи овој момент за да образованието за климатски промени биде значително позастапено во формалното образование.

Затоа ја поддржуваме желбата за коренити реформи во македонскиот образовен систем кој „е одговорен“ за иднината на бројни генерации млади луѓе во нашата држава. Овие процеси, покрај развивањето на основните компетенции (дигитални, претприемачки, животни, јазични, итн. согласно препораките на Европската Унија за клучни компетенции за доживотно учење[2]) треба да се однесуваат и на зголемување на „климатската писменост“ и „снабденоста“ на младите со „зелени“ компетенции.

Значи – образованието за климатски промени е потребно СЕГА - ВЕДНАШ.


Следи продолжение на текстот на 16.2.2021 со одговори на прашањата КАКО и КОЈ.

Проф. д-р Радмил Поленаковиќ

Професор на Машински факултет, УКИМ, Скопје. Учествувал во реализација на над 100 проекти (како тим лидер во над 50) финансирани од најразлични EU програми, домашни министерства, агенции и општини, итн. Бил тим лидер на Националната стратегија за претприемачко учење 2014-2020, Стратегија за кластери 2018-2025, Регионални иновациски стратегии за планските региони, итн. Публикувал над 310 трудови, извештаи, презентации и др., од кои повеќе од 10 учебници и прирачници за основно, средно и високо образование. Во 2006 год. го основа Бизнис Старт-ап центарот на УКИМ, а во 2009 година Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење во чии рамки се основани повеќе од 60 старт-ап компании.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close