Климатските промени во образованието



На 22 Јануари 2021 година се одржа онлајн дискусија на тема климатските промени и образованието, со осврт на резултатите и препораките од првата сеопфатна анализа за вклученоста на оваа проблематика во македонскиот образовен систем базирана на двата сегмента од образованието

На 22 Јануари 2021 година се одржа онлајн дискусија на тема климатските промени и образованието, со осврт на резултатите и препораките од првата сеопфатна анализа за вклученоста на оваа проблематика во македонскиот образовен систем базирана на двата сегмента од образованието:

- анализа на формалниот образовен сектор (онлајн истражување на достапните наставни програми од предучилишно, основно и средно образование (и дел од достапните учебници), како и на студиските програми од акредитираните високообразовни институции);

- анализа на неформалниот образовен сектор (верификувани програми на Центарот за образование на возрасни и преглед на дел од понудата на обуки и тренинзи поврзани со предметната проблематика на невладините организации).

На работилницата учествуваа повеќе претставници од министерството за образование, министерството за животна средина и просторно планирање, универзитетски професори како и претставници од повеќе невладини организации кои активно работат во полето на климатските промени.

Главните коментари во текот на дискусијата се однесуваа на можностите за вклучување на оваа проблематика во новата концепција на образованието, потребните технички капацитети во училиштата и обученоста на професорите кои би биле вклучени во овој процес. Исто така беше истакната неопходноста на поврзувањето со националната економска програма за реформи.  

Оваа анализа ја подготви д-р Радмил Поленаковиќ, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука и претставници од академската фела, во рамките на проектот „Четврт национален план и Трет двегодишен извештај за климатски промени кон Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ)“, со техничка и финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ).

УНДП исто така во изминатиот период (октомври и ноември) организираше консултациски процес за вклучување на младите во проблемот со климатските промени во кој беа вклучени околу 300 млади, од кои повеќето ја истакнаа потребата од стратешки инвестиции во зеленото образование, што ни кажува дека постои интерес од страна на младите за вклучување на климатските промени во образованието.

За повеќе информации извештајот на професорот д-р Радмил Поленаковиќ можете да го погледнете тука, а презентацијата можете да ја погледнете на следниот линк.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close