Зелен интернет на нештата-паметни решенија кон одржлив развој

Зелен интернет на нештата-паметни решенија кон одржлив развој



Интернетот на нештата (англ. Internet of things, IoT) е една од движечките технологии на четвртата индустриска револуција, која веќе е дел од човечкото секојдневие. Со овој поим се опишани системи на меѓусебно поврзани компјутерски уреди, машини, предмети и луѓе, чија цел е мрежно пренесување на информации преку интернет, без интеракции меѓу луѓето или меѓу човек со компјутер.

Со ,,раззеленување” на IoT се навлегува подлабоко во еколошкиот свет кој вклучува ефикасен и ефективен-со минимално или никакво влијание на околината-дизајн, производство, употреба и отстранување на сервери, компјутери и слични уреди, како монитори и печатачи. Експертите во развојните центри користејќи ја оваа технологија се стремат да изнајдат различни извори на енергија, да го променат погледот на светот со равиена еколошка свест и да ја минимизираат штетата која настанала низ текот на годините токму со процесот на дигитализација.


Како до зелен интернет на нештата?

Зелен дизајн

Уште при почетните чекори во процесот на креирање производ треба да се посвети внимание на неговиот животен век. Односно, самиот дизајн треба да понуди начин за повторна употреба, трајност и евентуално рециклирање, со што ќе се овозможи електронските уреди да циркулираат подолго време. При процесот на дизајнирање треба да се земат предвид материјалите кои ќе бидат користени, а компонентите кои ја овозможуваат IoT технологијата -RFID, сензори, актуатори...-да бидат дизајнирани така што ќе ја вршат истата улога, но со подобрено еколошко влијание. Во однос на хардверските компоненти, зелениот дизајн треба да се стреми кон намалување на нивната големина, сè со цел помало искористување на неразградливи материјали.

Зелено производство

Зеленото производство се однесува на изнаоѓање начин за минимално влијание врз околината од страна на процесите низ кои минува производот при негова изработка. Овој чекор од зелениот интернет на нештата можеби е најлесно да се постигне, бидејќи енергетско ефикасното производство со генерирање на минимална количина отпад е од голема корист и за самите производители кои константно се стремат кон таа состојба. Дополнително, интегрирани стандарди и политики за оценување трајност и квалитет на компоненти во производниот систем можат да влијаат за поедноставно реализирање на зелено производство.

Зелена употреба

Паметните уреди, поддржани токму од оваа технологија, имаат одредени карактеристики кои им овозможуваат да реагираат на вистинскиот свет и да ги предвидат потребите на своите корисници. Истите имаат прилично комплексна структура и во најголема мера овие уреди ја вршат работата без човечка интервенција, иако таа не е целосно исклучена. Според тоа, со мерење и регулирање на најразлични физички параметри, нудат бројни предности кои влијаат за заштита на животната средина и разумно искористување на ресурсите. Зелената употреба во овој контекст се однесува на дополнително надградување на паметните уреди така што ќе се намали потрошувачката на енергија-автоматско исклучување на компонентите кога не се користат, употреба на режим за заштеда на енергија, работа на сензорите на принцип ,,буден-спие”.

Зелено отстранување

Една од примарните цели во последните години е освестување дека животниот век на производот не треба да престане кога истиот ќе престане да се употребува. Секој производ содржи компоненти кои можат да бидат повторно искористени, или за креирање ист производ, или пак, за некој друг. Според бројни истражувања и ставови на експерти, Земјата ,,се гуши” во електронски отпад. Истражување од Светски економски форум (англ. World Economic Forum) посочува дека процесот на рециклирање на глобално ниво е прилично мал. Се смета дека ЕУ има водечка позиција во однос на рециклирање на е-отпад, а дури и во нејзините рамки само 35% од отпадот е официјално забележан како соодветно собран и рециклиран. На светско ниво 80% од електронскиот отпад не се знае како и каде завршува-најверојатно со години во некоја депонија. Ова претставува значаен проблем со оглед на тоа што електронските компоненти не се биоразградливи.

Зеленото отстранување бара да се работи на принцип при кој старите продукти се разложуваат, демонтираат и нивните компоненти се користат за креирање нови. Треба да се инвестира во отстранување метали и минерали од е-отпад, така што истите повторно ќе се вратат во производството. Оттука, процесот повторно се враќа кон дизајнирање на продукти со веќе делумно обезбедени материјали.

Мила Велковска

Дипломиран машински инженер, моментално студент на постдипломски студии на Машински факултет-Скопје, при УКИМ. Пројавува особен интерес за истражувања од областа на обезбедување зелена иднина, оптимизирани процеси и подобро општество за сите, преку поврзување на технолошкиот развој и алатките на дигитализација со одржлив развој, нови еколошки концепти и климатски промени.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close