Технологија Интернет на нештата (IoT) и климатските промени

Технологија Интернет на нештата (IoT) и климатските промени



Употребата на дигитални системи во секојдневниот живот и претставување на објекти од реалноста во дигитална форма не е некој новитет. Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за секоја компанија да обезбеди конкурентска предност и секоја индивидуа да си ги олесни секојдневните процеси.

Употребата на дигитални системи во секојдневниот живот и претставување на објекти од реалноста во дигитална форма не е некој новитет. Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за секоја компанија да обезбеди конкурентска предност и секоја индивидуа да си ги олесни секојдневните процеси. Колку повеќе човекот истражува и создава, толку повеќе употребува природни ресурси и, директно или индиректно, претставува закана за животната средина. Моментална глобална цел е да се адаптираат постоечките и новите технологии во развој така што ќе имаат минимално влијание врз околината и ќе придонесат за справување со климатските промени.

Интернет на нештата (англ. Internet of Things, IoT) е една од главните технологии што ја сочинуваат четвртата индустриска револуција, позната како Индустрија 4.0. Едноставно кажано, IoT претставува збир на уреди, мрежи преку кои тие се поврзани и огромен број податоци кои се собираат, складираат и обработуваат.


Сл.1 - Тек на процеси кои ја овозможуваат IoT

Поврзувањето на IoT со животната средина и влијанието врз климатските промени наидува на спротивставени размислувања и ставови. Иако развојот на технологијата води кон подобро општество и поедноставена иднина, сепак самата нејзина примена води и до еколошки негативни влијанија.

Паметните уреди, поддржани токму од оваа технологија, имаат одредени карактеристики кои им овозможуваат да реагираат на вистинскиот свет и да ги предвидат потребите на своите корисници. Истите имаат прилично комплексна структура и во најголема мера овие уреди ја вршат работата без човечка интервенција, иако таа не е целосно исклучена. Со нивна употреба можe да се измерат најразлични параметри кои имаат некакво влијание врз околината и климатските промени. Покрај директното следење и мерење на тековната, или детектирање на можна идна состојба, можат да се следат и индиректни влијанија како брзина на ветер, морско ниво, состојба на реки и езера.

Следењето на состојбата овозможува јасен преглед на она што се случува за да се преземат корективни или,  уште подобро, превентивни мерки онаму каде што е потребно. Овој тип на мониторинг ги надминува недостатоците што се јавуваат при традиционалниот пристап на човечко собирање на податоци, како: огромното време кое е потребно, прекумерната работа и високите трошоци за уреди за следење на состојба.

Сепак, како што беше кажано, не е сè толку идеално. Голем дел од електронската опрема содржи штетни и отровни материи кои влијаат на човечкото здравје и животната средина. Неправилното отстранување на електронскиот отпад придонесува за брзи климатски промени, со оглед на тоа што при негово горење се испуштаат големи количини штетни материи.

Според Глобалниот монитор за електронски отпад 2020 (англ. The Global E-waste Monitor 2020), рекорден број од 53.6 милиони тони електронски отпад се генерирани во 2019 година. Дополнително, доколку континуирано расте производството и примената на паметни уреди, а не се посвети внимание на нивниот животен век, се смета дека до 2030 год. отпадот генериран од нив може да достигне број од 74 милиони тони-двојно зголемување во однос на 2014 год., што е значаен податок со оглед на тоа што се очекува толкаво зголемување за толку краток период.

Загадувањето на воздухот настанува со испуштање на големи количини штетни гасови во Земјината атмосфера. Загадениот воздух влијае негативно на живите организми, а стакленичките гасови кои остануваат во Земјината атмосфера предизвикуваат раст на глобалната температура. Глобалното затоплување, предизвикано од зголемениот ефект на стаклена градина, води до климатски промени кои настануваат со голема брзина. Загадувањето на водата, исто така, главно се должи на човечки активности-испуштање домашен и индустриски отпад. Природните ресурси се трошат побрзо отколку што може да се надополнат...Неопходна е еколошка свест, грижа за околината и изнаоѓање начини за ублажување на климатските промени! 

                                     Интернет на нештата и климатските промени

позитивна врска

негативна врска

Паметни енергетски мрежи помагаат при регулирање на емисии на CO2.

Текот на голем број комплексни податоци резултира со голема потрошувачка на енергија.

Паметни и поврзани уреди помагаат за заштита од непотребна употреба на вода и загадување.

Се генерира повеќе електронски отпад.

Паметни и поврзани уреди заштитуваат од непотребна употреба на енергија.

Во центрите за податоци има сè поголема потрошувачка на енергија и притоа се испуштаат стакленички гасови.

Паметни уреди распоредени низ шуми можат да детектираат чудно дејствување или нелегално обесшумување.

Огромно искористување на материјали-суровини при изработка на секој уред поддржан од IoT.

Со помош на сензори може да се постигне паметно одржување и зголемен животен век на опрема-препознавање и алармирање за можна штета, пред таа да настане.

Паметно управување со сообраќај води до намалени емисии на штетни гасови од возилата.


За да се одржи развојот на паметниот свет, на сè повисоко ниво се искачува потребата од намалена употреба на енергија и намалени емисии на стакленички гасови. Покрај тоа што со рационална употреба се намалува потрошувачката, што води до намалени сметки за корисникот, намалени емисии на стакленички гасови и справување со климатските промени, треба да се посвети поголемо внимание на животниот циклус на уредите поддржани од IoT технологијата. Дополнително треба да се развива зелен дизајн, зелено производство и зелено отстранување, односно вметнување на еколошка свест при целиот животен циклус на еден производ.

Мила Велковска

Дипломиран машински инженер, моментално студент на постдипломски студии на Машински факултет-Скопје, при УКИМ. Пројавува особен интерес за истражувања од областа на обезбедување зелена иднина, оптимизирани процеси и подобро општество за сите, преку поврзување на технолошкиот развој и алатките на дигитализација со одржлив развој, нови еколошки концепти и климатски промени.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close