Во февруари 2019 година, Република Северна Македонија го одобри својот проект поддржан од ГЕФ и УНДП, Иницијатива за градење на капацитети за транспарентност (CBIT) „Зајакнување на институционалните и техничките капацитети за подобрување на транспарентноста во рамките на Договорот од Париз“. Во рамките на овој проект, Република Северна Македонија има склучено договор со консултантската фирма Aether со седиште во Велика Британија за да дизајнира веб-базирана Платформа за мониторинг, известување и верификација (MRV) за да служи за донесување одлуки во национално ниво и за исполнување на меѓународните барања за известување за климатските промени во државата.
Предизвик
Како држава кандидат за пристапување во ЕУ и држава која не потпаѓа под Анекс I од Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ), Република Северна Македонија има сè поголем број законски барања за известување во врска со активностите за климатски промени. Намалувањето на нејзините емисии на стакленички гасови, зголемувањето на отстранувањата и подобрувањето на отпорноста кон штетниот ефект од климатските промени се важни за Република Северна Македонија. Потребни се квалитетни податоци за проблемите поврзани со климата и следење на дополнителните активности за да се информираат носителите на одлуките и меѓународната заедница (преку известување).
Предизвик е да се дизајнира веб-базирана платформа и да се подобрат процесите на собирање и управување со податоци за да се обезбеди транспарентен и достапен проток на информации за меѓународно известување и развој на националните политики.
Предложеното решение
Преку низа ангажмани на засегнатите страни и преглед на постојните иницијативи, проектниот тим ќе изгради слика за потребите на националните институционални аранжмани, протокот на податоци, експертизата, алатките, системот и активностите за ангажман. До средината на 2021 година, Aether ќе дизајнира алатки за управување со информациите поврзани со собирање, анализа и употреба на податоци на Република Северна Македонија, како што се проекциите на емисиите, поврзаните политики и мерки. Оваа онлајн алатка за управување со податоци ќе:
• Ги ангажира релевантните засегнати страни во брзо и ефективно спроведување на климатските активности
• Обезбеди одржливо и континуирано подобрување на институционалната меморија со долгорочни тимови на експерти кои можат да ги следат, известуваат и верификуваат податоците
• Навремено изготвување на транспарентни и информативни национални документи кои ги поддржуваат националните придонеси за долгорочните цели на Договорот од Париз.
Со оваа платформа за МРВ, државата ќе може да превземе активности за транспарентност во целост на својот потенцијал и своите амбициозни климатски активности предвидени во македонскиот Ревидиран NDC
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}