Виртуелна работилница – Интеграција на родот во националните климатски акции



Во рамки на петгодишната подобрена програма на Лима за родот, секретаријатот на УНФЦЦЦ организираше работилница за родова интеграција во националните климатски политики, планови, стратегии и активности. Целта на оваа работилница беше да се споделат примери и научени лекции за резултатите, влијанијата и главните предизвици за интеграција на родот во националните климатски политики, планови, стратегии и акции. Работилницата беше организирана во соработка со националните номинирани лица за род и климатски промени и други релевантни организации, каде Р. С. Македонија беше една од петте држави кои го презентираа своето искуство во однос на интеграцијата на родот во националните климатски политики.

Во рамки на петгодишната подобрена програма на Лима за родот, секретаријатот на УНФЦЦЦ организираше работилница за родова интеграција во националните климатски политики, планови, стратегии и активности. Целта на оваа работилница беше да се споделат примери и научени лекции за резултатите, влијанијата и главните предизвици за интеграција на родот во националните климатски политики, планови, стратегии и акции. Работилницата беше организирана во соработка со националните номинирани лица за род и климатски промени и други релевантни организации, каде Р. С. Македонија беше една од петте држави кои го презентираа своето искуство во однос на интеграцијата на родот во националните климатски политики.

Државната советничка од Министерството за Труд и Социјална Политика, Г-ѓа Елена Грозданова, која што во исто време е и лице за контакт за род и климатски промени, беше поканета да го даде својот збор за искуството на Република Северна Македонија за користењето на родово поделени податоци и анализи за да се поддржат климатските политики. Таа на почетокот од својата презентација истакна дека политиката на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените, преставува едно од фундаменталните начела на демократијата и општествениот поредок на  државата. И нагласи дека иако климатските промени влијаат и на  жените  и на мажите, поради различната положба во општеството, последиците од климатските промени може да имаат различно влијание, при што жените се многу повеќе погодени од овие промени.


Во текот на својата презентација г-ѓа Елена го претстави примерот за загревање на домаќинствата во Скопје, со фокус на седум ранливи категории на граѓани. Преку овој пример учесниците можеа да ја воочат моќта на податоците. До скоро, Владата на Р. С. Македонија доделуваше субвенции за заменување на неефикасните уреди за греење, со метод на ,,прв дојден прв услужен”, со што не се земаа предвид ранливите категории на граѓани. Со помош на овој нов пристап се редизајнираа критериумите за субвенционирање со цел да се поддржат 10,000 најранливи домаќинства. Повеќе за проблемот со загревање можете да прочитате тука.

Понатаму г-ѓа Елена Грозданова ги претстави и активностите превземени за да се осигура одржливост и ефективна имплементација. Некои од тие се:  

  • Префрлање на фокусот од централно на локално ниво. Направена е дата база на лица кои работат во полето на родова еднаквост како и климатски промени на административно ниво која се состои од 319 претставници на локално и национално ниво од кои 61% се жени.
  • Развиени се родови индикатори за инвентар на стакленички гасови, митигација, проценка на ранливост и адаптација, следење на имплментацијата на климатски акции и сл.  
  • Извршена е алокација на буџетот за имплементирање на политиките – стратешката област ,,Род и климатски промени ” од Стратегијата за родова еднаквост ќе мора да биде фискално дефинирана.
  • Во соработка со УНДП и Global Support Programme беше основана работна група за климатски промени во Министерството за труд и социјална политика.
  • Развиени се иновативни алатки за да се слушнат гласовите и на мажите и на жените за политиките.

Оваа работилница беше организирана од UNFCCC во соработка со UN Women и UNDP. Доколку сакате да дознаете повеќе информации за настанот, тоа може да го сторите тука. Целосната презентација на г-ѓа Елена Грозданова за искуствата на нашата држава во интегрирање на родот во климатските политики и обратно можете да ја погледнете тука,  додека пак видео снимката од вебинарот можете да ја најдете на следниот линк:  https://www.youtube.com/watch?v=72ffbx4Jedk&feature=youtu.be

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close