Република Северна Македонија е во постапка на ревидирање на своите Национални придонеси за климатски промени (NDC – Nationally Determined Contributions). Овој процес отвори можност Министерството за животна средина и просторно планирање не само да го слушне гласот на младите во процесот на формулирање на целите поврзани со климата, туку, што е уште поважно, да се погрижи ова да не биде разговор што ќе се води само еднаш и никогаш повеќе. Платформата за консултации Младите за климата, која е направена во вид на игра и која ја промовираме денес, има за цел да помогне во поставувањето цврста подлога за долгорочна комуникација меѓу јавната администрација и младинските групи во Северна Македонија.
Република Северна Македонија е во постапка на ревидирање на своите Национални придонеси за климатски промени (NDC – Nationally Determined Contributions). Овој процес отвори можност Министерството за животна средина и просторно планирање не само да го слушне гласот на младите во процесот на формулирање на целите поврзани со климата, туку, што е уште поважно, да се погрижи ова да не биде разговор што ќе се води само еднаш и никогаш повеќе. Платформата за консултации Младите за климата, која е направена во вид на игра и која ја промовираме денес, има за цел да помогне во поставувањето цврста подлога за долгорочна комуникација меѓу јавната администрација и младинските групи во Северна Македонија.
Деталните разговори што ги водевме со претставници на младински групи во Република Северна Македонија ни овозможија да препознаеме три потреби кои се најважни за обезбедување квалитетно и ефектно ангажирање на младите во активностите поврзани со климата. Ние овие три потреби ги зедовме предвид во процесот на дизајнирање на платформата Младите за климата.
Воспоставување однос на доверба со помош на интерактивни алатки
Една од клучните причини за неангажираноста на младите е немањето доверба во тоа дека она што ќе го сработат како поединци ќе има некаков подолготраен ефект, што е резултат на нарушената доверба на граѓаните во јавната администрација (до одреден степен и во невладините организации). Да ја цитираме Вестминстер фондацијата за демократија (ВФД): „Само 8% од младите во Република Северна Македонија имаат преземено чекори за решавање на некој конкретен општествен проблем. 90% од младите во Република Северна Македонија никогаш не биле дел од граѓанска или невладина организација или иницијатива која работи на решавање социјални проблеми, а само 20% од нив во иднина себеси се гледаат како учесници во активности на некоја граѓанска или невладина организација или иницијативи.“ Покренувањето на еден едноставен процес на градење доверба меѓу младите, јавната администрација и НВО е суштествено за да се обезбеди делтворен ангажман од страна на младите во осмислувањето на NDC и нивната реализација на национално ниво. Исто така, ВФД известува и дека „71% од младите во земјата мислат дека активизмот во интернет сферата е поважен од активизмот надвор од неа.” Со оглед на ова сознание, отворањето дијалог преку онлајн канали се чини како најлесно решение. Тоа што процесот е направен да биде во форма на игра е нешто што треба да го зголеми учеството и да ја направи платформата попривлечна.
Проширување на разговорот и вон „климатската тема”
Секогаш кога на проблемот на климатската криза и нејзиното ублажување му приоѓаме како на изолиран проблем, ризикот е да изготвиме нерелевантни или неделотворни политики и алатки. „Ветувањето за климата“ треба да ги ангажира младите на начин што размислувањето за климата ќе стане дел од нивниот секојдневен живот, активности и иднина, многу повеќе отколку само она што го гледаат низ еколошката диоптрија. Токму затоа, младите кои ќе ѝ пристапат на платформата Младите за климата ќе имаат можност да прочитаат содржини за неколку клучни трендови важни за иднината на Република Северна Македонија и да ги споделат нивните визии за иднината, како личната иднина така и иднината на нивните заедници.
Зајакнување на конструктивните активности што ги спроведуваат младите а кои навидум немаат врска со климатската криза
Како што покажува истражувањето на УНДП „Перцепцијата кај јавноста за климатските промени”, 65% од македонските испитаници помлади од 25 години ги сметаат климатските промени за најсериозна закана за општеството и веруваат дека промените во однесувањето на индивидуално ниво се точката која може да донесе позитивен пресврт во контекстот на амбициозните климатски акции. 26,4% од македонските млади испитаници изразија интерес да преземат климатски акции, притоа признавајќи дека не знаат како тоа би можеле практично да го изведат. Затоа осмисливме предизвици што ќе им овозможат на корисниците на платформата да ги лоцираат веќе постоечките климатски иницијативи водени од млади и да ги наведат областите за интервенција што се од најголем интерес за учесниците.
Климатскиот активизам воден од млади не е ниту некаква пречка ниту маргинален феномен што ќе избледи порано или подоцна. Тој е сила, дух на времето во кое живееме и витален ресурс што треба систематски да се истражува како еден од клучните извори на трансформациски промени во нашите општества. Не е лесно да се воспостави однос на доверба и канали за транспарентен фидбек меѓу јавната администрација и честопати неформалните младински групи со дисперзирано лидерство. Со ова, секако, не сакаме да кажеме дека не постојат начини за поставување цврста подлога за овој вид на долгорочна соработка. Интерактивната платформа за консултации Младите за климата што ја промовираме денес е само еден добар пример во таа насока.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}