Поврзувањето на родот со климатските промени ја помести жената во центарот на климатските предизвици



За тоа како се поврзува родот со климатските промени во националните политики и но и во климатските акции ги прашавме петте жени кои секојдневно работат на оваа проблематика во различни општествени сектори.

Неодамна се објави публикација за род и климатски промени во која се сумирани напорите да се вклучи родовиот аспект во проблематиката за климатски промени, во која се истакнати неколку добри практики од нашата држава. Кажете нешто повеќе, како и зошто започна целата оваа активност?

 „Родовиот аспект на климатски промени во нашата држава, активно започна да се анализира пред 3 години, во рамките на   регионален проект поддржан од Глобалната програма за поддршка (Global Support Programme, накратко GSP) и од   Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).
 За краток период, чекор по чекор, успеавме да го вклучиме родовиот аспект во подготовката на националните планови и   двогодишни извештаи за климатски промени. Нашите напори, евидентирани во публикација на GSP, станаа добри   практики  не само во регионот, туку и пошироко. Оваа пилот-иницијатива го даде потребниот поттик интегрирање на   родот  и климатските промени во нашата земја, но Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) останува посветена   и понатаму да ја поддржува интеграцијата на родовите аспекти во климатските активности преку своите тековни проекти.   Покрај тоа, пилот-иницијативата ја зајакна соработката помеѓу Министерството за животна средина и просторно   планирање и Министерството за труд и социјална политика и создаде услови за вклучување на родовите и климатските   промени во новите стратешки документи, што се во фаза на развој“.

 Павлина Здравева, раководител на проекти за климатски промени,  UNDP



​Дали поврзувањето на родот и климатските промени е во согласност со насоките кои ги дава Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени и колку Северна Македонија успева да ги исполни своите обврски кон меѓународната заедница во однос на ова прашање? Дали е тоа и приоритет на ЕУ?

 „Поврзувањето на родот со климатските промени е високо во агендата на Рамковната конвенција на Обединетите нации за   климатски промени (UNFCCC), Обединетите нации, меѓународната заедница и на Европската Унија. Се признава дека   климатските промени различно влијаат на жените и мажите и на членовите на различните социоекономски и етнички   групи.

 UNFCCC забележува дека „сè поизразено е дека жените се во центарот на предизвиците кои ги носат климатските промени“   и прави напори да го издигне ова прашање на највисоко ниво, да го поттикне учеството на жените во преговорите и   зацврстување на родовата еднаквост во документите за исходот на УНФЦЦ, како и во Зелениот климатски фонд, Фондот за   адаптација и Фондовите за инвестиции во климата.

 Нашата држава секогаш се труди во најголема можна мерка да ги следи побарувањата поврзани со климатски промени, и   вметнувањето на родовиот аспект не е исклучок. Најважната научена лекција е дека родовите аспекти можат да ја зголемат   ефикасноста на македонските климатски активности. Покрај тоа, пилот-иницијативата ја зајакна соработката помеѓу   Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за труд и социјална политика и создаде   услови за вклучување на родовите и климатските промени во новите стратешки документи, што се во фаза на развој“.

  
 Д-р Теодора Обрадовиќ Гранчаровска, државен советник за климатски промени и национална личност за контакт кон   Рамковната Конвенција за климатски промени на Обединетите Нации
 Министерство за животна средина и просторно планирање



Со оглед на вашето искуство како државен секретар во институција која е креатор на политиките за животна средина, вклучувајќи ги и климатските промени,односно во Министерството за животна средина и просторно планирање можете ли да ни објасните зошто е важно да се поврзат родот и климатските промени во политиките?

 „Политиките за заштита на климата досега беа родово неутрални, но сметаме дека е многу важно да се вклучи родовиот   аспект. Има повеќе причини за тоа, од кои би ги истакнала следните:
 •    Економските активности на жените се поврзани со сектори што ќе бидат погодени или можат да придонесат кон   ублажувањето на климатските промени, Такви сектори се
 o    земјоделството (вклучувајќи го и сточарството),
 o    селектирањето отпад,
 o    енергетиката и зградите - односно изборот на енергенс за готвење и загревање на домот,
 o    транспортот - односно изборот на жената за помасовно користење на јавниот транспорт или на алтернативни видови,   како велосипед, пешачење итн.
 •    Од климатските промени најмногу ќе страдаат ранливите граѓани, а жените се поранливи од мажите
 •    Жените се вклучени во воспитувањето на децата и можат да имаат непроценлива улога во создавање навики кај маладата популација што ќе придонесат за заштита на климата“.
 

Ана Петровска, национална личност за контакт кон платформата за транспаретност на климатските промени


Кои фактори се пресудни за поуспешна имплементација на предвидените активности поврзани со род и климатските акции, гледано од аспект на внатрешни капацитети на владините институции, законската регулатива, но и на условите за спроведливост коишто се бараат од страна на донаторите?

 „Пред се потребна е препознавање на вистинските последици од климатските промени генерално на сите во државата, но   и  препознавање на последиците како резултат на климатските промени особено врз жените кои во најголем број се   недоволно информирани за политиките, иницијативите и програмите како на национално, така и на меѓународно ниво.
 Затоа сметам дека предуслов за успешна имплементација на климатските политики е пред подобрување на   информираноста на жените на оваа тема, но и да им се даде можност да ги изнесат нивните видувања и нивните проблеми   и потреби по однос на темата. Само така можеме да предвидеме и соодветни одредби и во новиот Закон за родова   еднаквост, но и во новата Стратегија за еднакви можности.
 Многу е важно да се вклучат и општините со сите ресурси со кои располагаат во обезбедување на податоци и информации   за состојбата на локално ниво и да се предвидат активности во секоја општина согласно потребите
 НВО се исто така важни чинители, кои како партнери со долгогодишно искуство во оваа проблематика можат да дадат   значителен придонес. Не помалку важно е да се реализираат обуки на вработени и НВО кои навистина сакаат да работаат   на оваа тема, да научат како да ја препознаваат поврзаноста на родот и климатските промени и да ја олеснат   имплементацијата на политиките но и да ја подобрат ефикасноста“.

 м-р Елена Грозданова, државен советник за еднакви можности
 Mинистерство за труд и социјална политика Република Северна Македонија



Какви активности се планираат во наредниот период во однос на поврзувањето на родот и климатските акции ? Колку оваа тема е разбрана и прифатена од јавноста?

 „Министерството за труд и социјална политика преку Секторот за еднакви можности во периодот е посветен на подготовка   на нова Стратегија за родова еднаквост и на измени и дополнувања на Законот за еднакви можности на жените и мажите.
 Во предлог Стратегијата се дефинира посебна стратешка област за жените и климатските промени, со која преку конкретни   активности и мерки и дефинирани индикатори, ќе се работи на унапредување на состојбата и намалување на штетните   влијанија од климатските промени врз положбата на жените. При подготовката на оваа стратешка цел ќе се земе во   предвид предлог Акцискиот план за родот и климатските промени.
 Во предлог измените и дополнувањата на Законот за еднакви можности на жените и мажите, исто така како посебна област   во која ќе се применуваат одредбите од овој закон, експлицитно ќе бидат наведени климатските промени.
 Општата јавност но и администрацијата како на локално така и на национално ниво, се уште не ја препознават важноста на   родот во справувањето на климатските промени. Прашањето е многу важно и од тие причини како еден приоритет на кој   се  работи, но и ќе продолжиме како министерство е токму тоа, и во делот на подигање на свеста на јавноста и на   администрацијата за вклучување на родовата перспектива во политиките за справување со климатските промени“.

Јована Тренчевска, државен секретар,
Министерство за труд и социјална политика



{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close