Циркуларна економија - актуелен концепт во светот

Актуелниот концепт за циркуларна економија иницира задвижување од сегашниот концепт на линеарна економија

Циркуларна економија - актуелен концепт во светот

Актуелниот концепт за циркуларна економија иницира задвижување од сегашниот концепт на линеарна економија


Актуелниот концепт за циркуларна економија (circular economy concept) иницира задвижување од сегашниот концепт на линеарна економија, базиран на системи со интензивна потрошувачка на природни ресурси, високи емисии, создавање отпад и неповолни влијанија врз животната средина, кон циркуларни, помалку расипнички системи кои ги користат ресурсите поефикасно и одржливо, истовремено обезбедувајќи работни можности и висок квалитет на живот.

Концептот за циркуларна економија претставува клучен придонес кон Агендата 2030 за одржлив развој (2030 Agenda for Sustainable Development), нејзините SDG (Sustainable Development Goals) цели и другите заеднички договорени интернационални цели, согласно Парискиот договор и Конвенциите на Обединетите нации, поврзани со приоритетите за климатските промени.
Природните ресурси ги поддржуваат националните економии, обезбедуваат клучни сировини за секојдневниот живот и се неопходни скоро за секој сектор на глобалната економија. Со оглед на големината на побарувачката, сировините (вклучително и примарните и секундарните сировини добиени со рециклирање) ќе продолжат да играат клучна улога во глобалната економија.



Контекст на Европскиот зелен договор

Намалувањето на стапката на потрошувачка, заедно со зголемување на стапката за циркуларна употреба на материјалите, претставува посебен приоритет, во контекст на новата стратегија на Европската Унија за Европски зелен договор (European Green Deal strategy), како нова агенда на Европа за одржлив раст и развој.
Европскиот зелен договор претставува патоказ кон трнсформирање на Европа во прв климатскиот неутрален континент до 2050 година и трансформирање на Европската Унија во модерна, ресурсно-ефикасна и конкурентна економија, без нето емисии на стакленички гасови до 2050, со економски раст базиран на изразена циркуларна употреба на ресурсите. Така поставените цели ќе се реализираат со претворање на климатските и еколошките предизвици во можности во сите области, правејќи ја транзицијата праведна и инклузивна за сите.

Неодржливи трендови за користење на глобалните ресурси

Тековните линеарни економски активности базираат на:
•    влезови кои користат различни сурови (примарни или секундарни) материјали во зависност од производите за кои се наменети,
•    излези кои испорачуваат обработени материјали во производи, кои на крајот од животниот циклус се отстрануваат, како отпад или емисии.
Во последните пет децении, глобалните годишни количини на искористени примарни материјали е повеќе од тројно зголемено, од 27 милијарди тони во 1970 година, на околу 93 милијарди тони во 2018 година (Слика 1). Од 2000 година, стапките на екстракција се забрзани, водени од технолошки и инфраструктурни инвестиции и повисок животен стандард, растејќи приближно за 3,5% годишно.

Сл.1 Тековен модел на линеарни економски активности
(според UNEP (2019), Circularity in the Economy of Tomorrow - Circle Economy)


Според OECD (Organization for Economic Cooperation and Development), животниот стандард ќе продолжи да се зголемува во земјите во светот, заедно со проектираното зголемување на глобалната популација и зголемување на глобалното ниво на приходи по глава на жител. Овие трендови се очекува да ја интензивираат експлоатацијата на сировини, со услови за засилена конкуренција за дел од нив, што глоблно се очекува да има силно влијание врз животната средина и климатските промени.
Во сценариото на OECD, употребата на природните ресурси (метали, неметални минерали, биомаса и фосилни горива) за обезбедување производи и услуги преку екстракција, преработка и производство, се предвидува приближно двојно да порасне, од околу 90 милијарди тони во 2017 година, до околу 170 милијарди тони во 2060 година (Слика 2).

Сл.2 Проекции за пораст на употреба на природните материјали (2017-2060)
(според OECD (2019), Global Material Resources to 2060)




Проф. д-р Валентина Гечевска

Универзитет Св. Кирил и Методиј, Машински факултет – Скопје Институт за производно, индустриско инженерство и менамент, Раководите на Центар за управување со животен циклус на производи Експертиза во областите: Менаџмент на животен циклус на производи (PLM), Развој на нови производи, Технолошки развој, Трансфер на технологии, Иновациски техники, Моделирање на бизнис процеси, Интелигентни производни технологии, Компјутерско проектирање на процеси, Еко технологии, Еко одржливост, Инженерски аспекти на одржлив развој Раководител или учесник во над 40 меѓународни проекти и 30тина проекти за трансфер на технологии академија-индустрија. Автор на повеќе од 200 научни трудови. Гостувачки професор на Универзитет во Марибор, Технички универзитет во Торино и Универзите во Нови Сад.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close