Климатски технологии за прилагодување - Climate Tech

Климатски технологии за прилагодување - Climate Tech



Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), како меѓународен договор за животна средина, делува во насока на изнаоѓање на одговори на влијанијата од климатските промени

Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), како меѓународен договор за животна средина, делува во насока на изнаоѓање на одговори на влијанијата од климатските промени. Во овој контекст, се почесто се користи терминот „климатски технологии“ и се однесува на технологиите што се користат за решавање на климатските промени. Генерално, климатските технологии се развиваат во две насоки: за ублажување или митигација и за прилагодување или адаптација.

Што всушност претставуваат климатските технологии за прилагодување односно Climate Tech?

Climate Tech претставува брзорастечка индустрија во која се развиваат производи управувани од податоци кои им овозможува на заедниците, компаниите, институциите и чинителите да ги разберат ризикот и изложеноста на ефектите од климатските промени и да преземат активности за соодветно прилагодување и делување за нивно намалување.

Технологиите за чиста енергија - како соларна, ветер, хидро и биогориво - не се квалификуваат како климатски технологија, туку како чисти технологии, според оваа дефиниција.

Појдовната точка на Climate Tech е јасно признание дека климатските промени веќе започнале, нема време за губење во подготвување на цивилизацијата за нејзините влијанија, туку потребни се решенија за итно делување. Решенијата за климатски технологии се развиваат како производи присутни во различни индустрии, притоа некои се поуниверзално применливи, како оние за логистичкиот сектор и синџирите на снабдување, а некои се поспецифични, како оние за земјоделство и здравство.

Решенијата доаѓаат во многу различни форми, при што денес во услови на дигитална револуција, се повеќе вклучуваат информатички комуникациски алатки, како софтвер-како-сервис (SaaS), интерфејси за програмирање на апликации (API), интернет-на-нештата (IoT),  машински учење, робустни податоци, сајбер-физички системи и уреди.

Climate Tech Case

Пример за Climate Tech во нашето опкружување е електронската платформата www.mojvozduh.eu (Сл.1), која претставува софтверски агрегатор кој обработува информации во реално време за квалитетот на воздухот.



Сл.1 Платформа www.mojvozduh.eu

Што ја прави компанијата Climate Tech?

Компаниите за климатски технологии поседуваат една или повеќе од следните карактеристики:

  • Интеграција на временските и климатските податоци - без разлика дали податоците се историски, во реално време, климатски модели или некоја комбинација – со цел да се произведе интелигентно решение.
  • Придонес во постојните податоци за временските услови и климата.
  • Генерирање и дистрибуција на научно прифатливи временски и климатски податоци и информации.

Вашето решение припаѓа на Climate Tech?

Во продолжение е даден инфографик (Сл.2) применлив за компаниите. Проверете дали вашето решение или производ припаѓа на Climate Tech климатска технологија, преку одговарање на трите прашања во инфографикот.

  1. Која е целта на климатското решение?
  2. Дали решението дава придонес во една од следните насоки?
  3. Дали решението е скалабилна технологија?

Сл.2 Инфографик за класификација на Climate Tech


Проф. д-р Валентина Гечевска

Универзитет Св. Кирил и Методиј, Машински факултет – Скопје Институт за производно, индустриско инженерство и менамент, Раководите на Центар за управување со животен циклус на производи Експертиза во областите: Менаџмент на животен циклус на производи (PLM), Развој на нови производи, Технолошки развој, Трансфер на технологии, Иновациски техники, Моделирање на бизнис процеси, Интелигентни производни технологии, Компјутерско проектирање на процеси, Еко технологии, Еко одржливост, Инженерски аспекти на одржлив развој Раководител или учесник во над 40 меѓународни проекти и 30тина проекти за трансфер на технологии академија-индустрија. Автор на повеќе од 200 научни трудови. Гостувачки професор на Универзитет во Марибор, Технички универзитет во Торино и Универзите во Нови Сад.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close