Интервју Цветановски: Да се подигне граѓанската одговорност и учество во акции за заштита на животната средина



ОПШТИНА КАРПОШ СО АКЦИИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, ЗГОЛЕМЕНА УПОТРЕБА НА ВЕЛОСИПЕДИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

За подобра заштита на животната средина и преземање на соодветни климатски акции неопходно е да се вклучат и самите општини во рамките на нивните надлежности. Ова е важно и од аспект на процесот на креирање на политики и носење одлуки со вклученост на граѓаните, невладиниот сектор, како и на експертите од областа. За начинот на кој општина Карпош се справува со предизвикот на климатските промени разговаравме со Јован Цветановски раководител на секторот за животна средина во оваа скопска општина. Според Цветановски општината презема голем број на активности за подигнување на свеста на граѓаните, работи на проекти со различни партнери за поголема енергетска ефикасност, употреба на велосипеди, еко акции во училиштата, засадување на дрва, собирање на отпад. Цветановски смета дека личната одговорност мора да се подигне, додека пак инспекциските општински служби вршат редовни и вонредни контроли на терен.

Разговараше: Христијан Станоевиќ, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал

КлиматскиПромениМК: Што презема општина Карпош за справување со климатските промени во рамки на своите надлежности на локално ниво?

Цветановски: Во изминатиот период општината превзема низа активности и голем број на проекти во областа на заштита на животна средина и енергетска ефикасност. Целокупноста на својата активност се темели, како на локални, така и на партнерски проекти. Спроведени се проекти од видот на подигање на јавната свест кај граѓаните, кампањи, анкети, инвестициски проекти во полето на енергетска ефикасност на јавните објекти во надлежност на општината. Континуирано спроведување на законските обврски и прописи и јакнење на сопствените капацитети.

КлиматскиПромениМК: Општината управува со големи образовни, спортски и културни објекти кои секако се потрошувачи и на големо количество на енергија. Што се презема во поглед на воведување на стандарди за енергетска ефикасност и за употреба на обновливи извори на енергија?

Цветановски: Извршена е реконструкција или целосно нова градба мерки на енергетска ефикасност на 10 основни училишта и 12 градинки од вкупно 22 објекти во надлежност на Општина Карпош, каде се имплементирани обновливи извори на енергија. Имплементирани се на повеќе локации соларни фотоволтаични панели за електрично напојување на светилки за јавно и улично осветлување во општината.

КлиматскиПромениМК: Стекнувањето на одговорност и свесност за природата, за сопствените постапки и наоѓање на решенија треба да се воспостави уште од најмала возраст. Како општина Карпош работи на ова прашање во училиштата кои се под нејзина надлежност?

Цветановски: Општина Карпош има спроведено голем број на едукативни кампањи, проекти и активности во основните училишта како дел на креативни работилници за најмалата популација во општината. Организираме натпревар во десетте основни училишта за рециклирање, учениците меѓусебно се натпреваруваат и така ги стимулираме и градат навики од најмала возраст. Активноста се одвива во соработка помеѓу „Пакомак“  „4 select“ и општина Карпош во 10-те основни општински училишта на територијата од општината.

КлиматскиПромениМК: Кои активности ги презема општината внатре како организација за намалување на од потрошувачката на енергија и промовирање на одржливи практики, па се до поттикнување на поединечни акции?

Цветановски: Во поттикнувањето и субвенционирањето на енергетско ефикасни домови во изминатите години општина Карпош е лидер во делот на спроведени кампањи и реализирани проекти на полето за промовирање и потикнување на одржливи практики за заштеда на енергија и спроведување на проекти во полето на енергетската ефикасност.

КлиматскиПромениМК: Како да се подобри селектирањето на отпад од страна на жителите, да се поттикне рециклирањето?

Цветановски: Секогаш и неисцрпно ја имаме заемната подршка како и наша соработка со градските власти и јавните претпријатија на Градот Скопје. Надлежноста е на Градот Скопје за собирање, транспорт и третман на отпадот од домаќинствата, но воедно и соработката е неисклучена кога имаме заднички акции за собирање  на одредени фракции на отпад негова селекција и превземање.

КлиматскиПромениМК: Што може да се подобри во работата на инспекциските служби под ваша надлежност кога е во прашање животната средина, има ли недостиг на кадар, пропусти во законските прописи или неусогласеност на институционално ниво?

Цветановски: Одговорот на тоа прашање ќе го разгледаме од друг аспект и агол т.е мора да се напомене дека е потребно да се подигне граѓанската одговорност и учество во заштита на животната средина. Преку запознавање на граѓаните на нивните задолжителни граѓански обврски и нивната активност во животната средина за на крај да се запознаат и со одговорностите кои произлегуваат од поедини активности. Редовно се спроведуваат најавени и ненајавени контроли кај правните субјекти од кои едните се редовни, а другите се вонредни испекциски надзори. Законските прописи се категорија на променлива материја и преку системот на соработка помеѓу министерствата и општините истите се надминуваат со дополнувања или измени. Имаме искуство на добра соработка на институционално ниво. 

КлиматскиПромениМК: Колку е важно да се гради партнерски однос со граѓаните, невладиниот сектор, со останатите институции и експерти за зачувување на животната средина и креирање на политики со заедничко учество во процесот на носење на одлуки?

Цветановски: Можеме да кажеме дека сме  пример на општина која има партнерски однос кон граѓаните, невладиниот сектор, институции и стручни соработници во полето на заштита на животната средина.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close