Општина Карпош со акции за енергетска ефикасност, зголемена употреба на велосипеди и зголемување на свеста за климатските промени

Општина Карпош со акции за енергетска ефикасност, зголемена употреба на велосипеди и зголемување на свеста за климатските промени



Општина Карпош е првата општина во Република Македонија, која согласност со стариот закон за Енергетика и во соработка со NSI програмата од Кралството Норвешка, ја направи базата и донесе петгодишна програма за Енергетска ефикасност 2008-2012 година со проекти поврзани со енергетската ефикасност во областите:

·        Улично осветлување

·        Објекти во надлежност на локалната самоуправа, училишта и градинки

·        Административни објекти (општинска администрација и урбани и месни заедници)

Ø  Покрај градот Скопје, општина Карпош е единствената општина потписник на Меѓународната конвенција на Градоначалници на Европски градови и општини, која согласно прифатените обврски од конвенцијата, во пракса ги реализира постулатите 20/20/20 на Европската унија

Ø  Во 2012 Година Општина Карпош е единствената општина во Република Македонија во која се гради според „Правилник за мерките за енергетска ефикасност кои треба да ги исполнат проектите за изградба на нови и реконструкција на постоечки објекти како услов за добивање на одобрение за градење од општина Карпош“.

Со ова, веќе една година, новите и реконструираните објекти може да се пофалат со применети европски стандарди во оваа област.


Ø Општина Карпош, заедно со Хабитат, прва почна и досега реализираше голем број на  објекти за колективно домување, со целосна термоизолација на фасади и промена на столаријата со енергетски ефикасни прозори кои ја штедат енергијата. Сега во 2020 Година продолжуваме со 30% субвенционирање на енергетски ефикасни термо фасади во колективните домови (згради), а  јавниот оглас е во тек.

Ø  Соларни фотоволтаични панели за електрично напојување                     

Ø Извршена е реконструкција или целосно нова градба на 10 основни училишта и 12 градинки од вкупно 22 објекти во надлежност на Општина Карпош.

Ø Се спроведе и Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на локално и централно ниво за управување со животната средина во областа на квалитетот на воздухот“ 2008-2011 година, под покровителство (донација) на Европската Унија. Во состав  на Твининг проектот се опфатени неколку општини во Република Македонија, меѓу кои и општина Карпош, во која е исто така поставена една софистицирана и интегрирана мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот во општина Карпош.


Ø  2017 година традиционално се одбележува денот “Часот на планетата земја”. ЗГ Центар за климатски промени планира да организира акција/креативна работилница со цел одбележување на овој ден. Акцијата би се спровела во минимум едно одделение (од прво – трето одделение). Планирани се три креативни работилници со цел подигнување на јавната свест за значењето на климатските промени и заштитата на животната средина. Планирани се:

- Активност 1 – Изработка на мини градина од комунален отпад (пластични шишиња, чаши, хартија, картон, жица и камчиња),

- Активност 2 – Изработка на постер со пластични капачиња,

- Активност 3 – Изработка на ликовни творби од страна на учениците поврзани со тема “Часот на планетата Земја”.

Ø Центарот за климатски промени – Гевгелија на Јавен повик наменет за општините за изработка на акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување на одлуки во областа на животната средина. Изработката на акциските планови се дел од проектните активности на проектот “Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина” финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас. За таа цел се избрани пет општини, меѓу кои и општина Карпош, за кои ќе се изработи по еден акциски план за период од три години. Плановите ќе вклучуваат директни акции за вклучување на јавноста (граѓанските организации, стручната јавност, засегнати и релевантни страни). Содржината на предлог акциските планови ќе биде изработена во соработка со ГО кои се активни во општината/регионот. Воедно во избраните општини во првата година од акцискиот план ќе биде реализирана една заедничка активност.

Ø Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно, НИКО (Меѓународна соработка на Северна Ирска) и неговиот конзорциумски партнер ФИАПП ја организираа Втората работилница на Твининг проектот финансиран од ЕУ. Работилницата е со цел зајакнување на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад (РДО) и директивите за посебните текови на отпад (ДОЕЕ, ДОБА, ДОЛ).

Ø  Акција за собирање на електронски и електричен отпад во основните училишта. Согласно податоците од РЕЦИКЛАТОРОТ подигната тежина од основните училишта на територија на општина Карпош е околу 2 тона ЕЕ опасен Отпад.

Ø Друштвото за управување со отпад НУЛА ОТПАД во соработка со ПАКОМАК,  организираа GREEN GAME Настан, кој се одржа на 04.09.2017год, почеток во 12:00 ч. во Скопје City Mall. Согласно потребата да се направи едукација на населението, а започнувајќи од децата, двете друштва за управување со отпад во Македонија, и тоа Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје, во делот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, како и електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Пакомак чија дејност е управување со отпадот од пакување,  се здружија во оригинален проект, on line игра за деца под име ``Green Game``.  Квалитетот и оригиналноста беше препознаен и поддржан од Холандска Амбасада.  Играта е нов концепт, креативна едукација за селекција на отпадот, низ игра и забава од мали нозе децата да научат правилно да го селектираат отпадот, со цел заштита на животната средина во која растат и се развиваат.

Ø Под мотото „Вклучи се, за здрава животна средина“,Општина Карпош и Центарот за климатски промени го промовираа новиот велосипедски остров во паркот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Општина Карпош. Локацијата на овој „Вело-остров“ непосредно ја избраа карпошани преку претходна јавна електронска анкета, која беше објавена на официјалната веб страна на Општина Карпош, 30 дена пред реализација на проектот.  Целта на оваа акција е да се поттикне користењето на велосипеди како превозни средства, а со тоа и да се намали загадувањето на воздухот и бучавата во Скопје. Оваа активност е дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година, а самиот проект е финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на Civica Mobilitas. На настанот освен претставници на општината, присуствуваа и учениците од основното училиште „Јан Амос Коменски“, а првите 100 учесници добија флексибилни ленти, беџови, магнети и подметнувачи за чаши, брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина.

Ø Општина Карпош со соработка со ЗГ Центарот за климатски промени се приклучи кон акцијата ,,Часот на планетата земја –  Earth Hour “која  одржа  креативна работилница со учениците од ,,ОУ Петар Поп Арсов’’ .На оваа работилница беа изработени четири творби: изработка на соларна печка, изработка на хранилки за птици, ветерен парк и планетата Земја. Акцијата имаше за цел на 24.03.2018 година во период од 20:30 до 21:30 часот да се исклучат светилките и сите заедно да придонесеме кон намалување на потрошувачката на електрична енергија, намалување на емисиите од јаглерод диоксид (CO2) и намалување на ефектите од климатските промени. Изработените творби од оваа работилница беа изложени во трговскиот центар Skopje City Mall  во период од 23.03 до 25.03.2018 година, со цел што повеќе граѓани да се приклучат во одбележувањето на најмладата светска еколошка акција за климатски промени и заштита на животната средина.

Ø  “Дрвја садиме – парк на пријателство градиме” е мотото под кое се одржа Денот на училиштето на основното училиште “Јан Амос Коменски”. Во соработка со “Пакомак” и “Нула Отпад” се постави и нова урбана опрема (канти за отпад ) , вело остров, пункт за собирање на електронски отпад  исто така засадија дрвца и цветни садници и се подели Еколошки пропаганден материјал . Преку оваа еко - акција, училиштето ООУ Јан Амос Коменски по втор пат е добитник за највисоката еколошка награда зелено знаме и се стекна со статус ЕКО УЧИЛИШТЕ.

Ø  Вело тура ,,Вело дружба во Општина Карпош’’, со цел промоција на вело паркинзи кои беа поставени на територијата на Општина Карпош. Настанот го организира Центарот за климатски промени – Гевгелија, подружница Скопје. За време на овој настан покрај промоцијата на вело паркинзите симболично се одбележа Светскиот ден на животна средина 5ти јуни. Имено во рамките на проектот ,,Заеднички за подобра животна средина во Општина Карпош се поставија 60 паркинг места за велосипеди на четири локации во  Општина Карпош. Согласно прашалникот кој беше дистрибуиран на територија на Општина Карпош, од страна на граѓаните беа избрани следните локации: плоштад Делфина Порта Влае, комплекс факултети, Драмски Театар и Трговски Центар Лептокарија. Крајната цел на велосипедската тура е вториот паркинг за велосипеди кој беше поставен во ТЦ Лептокарија каде воедно се одржа заедничка дружба.   На целта сите учесници во вело турата беа пречекани од учениците од ОУ,,Лазо Трповски’’ кои на присутните  им се делеа промотивни материјали (флаери) на тема животна средина и флексибилни неон траки и налепници со мотив за велосипедизам. На настанот беа поканети амбасадите кои се лоцирани во Општина Kарпош, Делагацијата на Европска Унија, Холандска Амбасада, бизнис секторот во Општина Карпош и здруженија  на граѓани кои делуваат и работат  во општината.

Ø  На седница Советот на општина Карпош, советниците дадоа зелено светло за предлог – иницијативата за повторно субвенционирање при купување на нови велосипеди за карпошани. За оваа намена, локалната самоуправа обезбеди буџет од 500.000 денари, при што ќе субвенционира 30% од вредноста на купениот нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Ø  Општина Карпош го освои третото место на  конкурсот за “Нај Еко општина“.На прес конференцијата беа доделени признанија и  се договораа околу реализација на наградата. Настанот беше организиран во  просториите на Стопанската комора на Македонија, а исто така е организиранo од  ПАКОМАК.

Ø  Општина Карпош продолжува со интензивните активности и мерки за заштита на животната средина. Еко акција за чистење на Општина Карпош.

Ø  Зголеменото количество на ПМ честитки во воздухот, како и останати штетни гасови кои секојдневно ги вдишуваме во урбаните средини низ државата, создаваат огромна штета на генералното здравје на популацијата како и непоправлива економска штета за државата.   За да се собори овој голем проблем, потребно беше иновација и соработка на повеќе нивоа. Оваа иновација  ќе донесе можност за проширување на микролокации  кои не се покриени со стационарните мерни станици, а со тоа се добива можност да се врши мерења и преку наведувани летала – дронови, зголемено количество на информации со аналитика преку cloud  сервис и модуларен пристап со што ќе го олесни начинот на одржување на уредот .  Производот е плод на соработка на ИНФОРМ  и ИНФЕИТ, а е развиен со финансиска поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Ø  Поддршка на локалната самоуправа на Република Северна Македонија во промоција на одржливо урбано планирање што го реализира ЗЕЛС, во соработка со Германската агенција за меѓународен развој (ГИЗ). Станува збор за проекти во кои се користат мерки и нови пристапи во урбаното планирање и сообраќај на локално ниво (Sustainable urban mobility planning – SUMP). Општина Карпош имплементираше проект поврзан со обновливи извори на енергија (сончеви колектори) за напојување на електрични скутери и други уреди во Адреналинскиот парк во општина Карпош. Во рамките на проектот беше реализирано  реконструкција и поставување на нови велосипедски патеки во должина од 2 км во простор помеѓу Адреналинскиот парк и Спортско - рекреативната зона Влае. Општината набави и шест електрични скутери кои  се напојуваат од поставени обновливи извори на енергија.

Ø  Програма на активности на Општина Карпош  за Европска недела на мобилност 16.09.2019

Ден без автомобили за вработените на Општина Карпош 17.09.2019

- Отворање на проектот „Зелена рута  Карпош“ (соларен полнач, тротинети и велосипедска патека „Зелена рута“), Соларно дрво

- Трибина „Град Скопје за подобра мобилност“, Голема сала на Советот на Град Скопје 18.09.2019

- „Електромобилност“ – изложба на електромобили и панел дискусија, Технички кампус УКИМ, паркинг на ФЕИТ и МФС 19.09.2019

- Завршна конференција и промоција на Брошура „План на активности за одржлива урбана мобилност на Општина Карпош“ и проектот „Зелена рута – Карпош“ на состанокот со Градоначалници, ЗЕЛС 20.09.2019

- Велосипедско дефиле „Ден без возила“-Традиционално велосипедско и пешачко дефиле по затворени улици во градот, во должина од 4,7км. Започна од новиот парк Ибни Пајко, продолжи по бул. Гоце Делчев, бул. ВМРО, бул. Партизански одреди, бул. 8 Септември, бул. Илинден и заврши во Градски парк, бина Школка

Опција - Промоција на Брошура „План на активности за одржлива урбана мобилност на Општина Карпош“ во 14 урбани и месни заедници и пред граѓаните со членовите од координативното тело.

Ø  Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност  за подобра животна средина“

Ø  Секторот Енергетика создава најмногу стакленички гасови во воздухот, пред се поради употребата на фосилни горива, и најмногу придонесува за штетните влијанија од климатските промени, се наведува во Вториот двогодишен извештај за климатските промени, во Македонија. Дури 80% од потребите за електрична енергија се задоволуваат главно со употреба на јаглен, додека количеството струја производно од обновливи извори на енергија изнесува само 11% од вкупното производство на енергија. Ако не се намали доминантното користење на фосилните горива за производство на струја, според климатските сценарија за Македонија, во наредните педесетина години не очекуваат потопли лета, помалку врнежи и екстремни временски појави. Тоа ќе предизвика проблеми во земјоделството, водните ресурси, здравствениот систем, туризмот, биолошката разновидност ... Дали е можен бизнис во земјава, а да се зачува животната средина? Кои се поволностите за домаќинствата и бизнис секторот од енергетската ефикасност со кој ќе штедат и ќе ја штитат околината.  Панел дискусија се организираше во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансиран од Британската амбасада во Скопје .

Ø  Во 5 основни училишта на територија на општина Карпош од 2 одделение ученици им беше одржано предавање на тема „Учам и се грижам: Влијанието на климатските промени и е- отпад “Проектот беше  реализиран од Здружението  на граѓани „Зелена Планета 7“.

Ø  Работна средба на Меѓусекторската комисија за климатски промени и здравје на Скопски регион. Приоритетни активности на општините и Град Скопје за 2020 година организирано од Град Скопје,  Сектор за Заштита на животната средина.

Ø  Општина Карпош во изминатиот период подигна голем број нови зелени површини и паркови во меѓублоковското зеленило на јавни површини.

Ø  Расчистување и отпочнување на подигање на голем парк на голема површина во близина на кејот на реката Вардар - работите се во тек.


Општина Карпош

Единица на локалната самоуправа општина Карпош

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close