Време е да се подготвиме за намалување на достапните количини храна и вода

Добро е да се знае – Светски ден на водата 2018 #WorldWaterDay2018


Промената во климата на планетата значи помалку врнежи и понизок водостој во регионите каде што живеат најмногу луѓе и во кои се произведува голем дел од храната на планетата: географските региони со умерена клима на северната и јужната полутопка, во кои спаѓаат Југоисточниот дел на САД, Јужна Европа и делови од Блискиот Исток, Јужна Африка, Австралија и Чиле. Како што покажуваат идните сценарија за водоснабдување изработени од WRI (Светскиот институт за истражување) со алатката Aqueduct, во 2020 година (што е помалку за четири години) во овие области веќе ќе има очигледни намалувања на водните ресурси - а состојбата се очекува да се влошува и понатаму (до 2030 и 2040 година).

Една нова студија  објавена во списанието Nature (Природа) претставува прв доказ дека оваа појава која се предвидуваше за во иднина - движењето на облаците и врнежите од умерените географски појаси кон Северниот и Јужниот пол - веќе се случува. Слично на состојбата со глечерите и мразот во морињата, сега и облаците и врнежите се повлекуваат кон половите.

Ова ќе има големи импликации врз земјоделското, индустриското и енергетското производство, како и врз снабдувањето со вода. Кај голем дел од земјиштето кое сега се наводнува веќе се забележува недостиг на вода . Повлекувањето на облаците и на врнежите кое е предизвикано од климата – познато како експанзија Хадли Сел – ќе доведе до уште поголем стрес за овие области во иднина. Земјоделството кое зависи од врнежите и од кое живеат голем број сиромашни луѓе, исто така ќе страда поради намалените врнежи во умерените појаси на планетата.


Како што откри и најновата студија на WRI Супсахарска Африка  ќе има потреба од три пати поголемо производство на житарки во 2050 со цел да го нахрани своето се помногубројно население. Оваа тешко достижна цел ќе стане уште понедостижна за земјите во Јужна и Западна Африка (регионот Сахел) каде се очекува врнежите да се намалат.

Покрај се поголемиот недостиг на вода а со тоа и на се помалата обезбеденост со храна, намаленото водоснабдување во умерените појаси на планетата може исто така да ги дестабилизира државите во овие региони и покрај постоечките политички тензии да доведе до појава на вооружени конфликти и миграции, како што видовме дека се случува во места како Сирија.



Што може да направиме да се подготвиме за овие идни закани од климатските промени? Прво, треба подобро да ги разбереме причините поради кои се зголемуваат ризиците за водата и обезбеденоста со храна. Светскиот институт за ресурси (WRI), со поддршка од Данида (Данската агенција за развојна помош) и Фондот за глобални закани Скол, изработи интернет-алатка која ќе им помогне на носителите на политики да ги идентификуваат главните точки изложени на ризик во однос на обезбедноста со вода и храна. Ризиците не се секогаш очигледни. Една земја може да има релативно добра обезбеденост со вода во сопствените граници, но сепак може да зависи во голема мера од увоз на храна која доаѓа од земјите каде системите за земјоделското производство се соочуваат со големи ризици. Во сиромашните земји, растот на цените може да направи храната да биде недостапна за многу граѓани. Новата алатка Aqueduct на WRI, има за цел да укаже на овие закани.

Ранливите земји исто така мора да преземат чекори да ги заштитат системите за производство на храна со цел тие да бидат попродуктивни и отпорни пред климатските промени. Така на пример, преку подобро управување со земјиштето и водата, земјоделците во Африка успеаја да ја вратат плодноста на почвата, да ја зафаќаат дождовницата пред да истече од полињата и одржливо да го зголемат приносот на своите фарми. Една неодамнешна студија на WRI оценува дека подоброто управување со земјиштето и водата на само 25% од земјиштето со одличен квалитет во Супсахарска Африка кое вкупно зафаќа 300 милиони хектари, ќе се произведат дополнителни 22 милиони тони храна.

Алатки и механизми кои може да им помогнат на ранливите земји да се справат со сушата и гладот.

Мрежата на системи за предупредување за рани знаци за глад (FEWS NET), е водечка организација која предупредува  и врши анализи за необезбедноста со храна. Исто така важни се и системите за осигурување и субвенционирање кои може да им помогнат на земјоделците во годините кога нема принос.

Промената во режимот на врнежи и облаци во светот е само еден повидлив знак за последиците на климатските промени. Она што треба да почнеме да го правиме е да ги предвидуваме локациите и сериозноста на овие последици и да ги направиме поотпорни животите и приходите на оние кои се најранливи.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close