Кога обуката е (и не е) решение

Oбуката може да биде во различни форми - твининг на институции, информативни средби (брифинзи), учество во мрежи, студиски посети и помош по потреба се само од некои можните опции. Традиционалните семинари за обука се само една алатка.

Кога обуката е (и не е) решение

Oбуката може да биде во различни форми - твининг на институции, информативни средби (брифинзи), учество во мрежи, студиски посети и помош по потреба се само од некои можните опции. Традиционалните семинари за обука се само една алатка.


Неодамна проектот на УНДП-ГЕФ „Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз“ исто така познат како ЦБИТ Проект спроведе оценка на потребите од обука.

Обуката како компонента е вклучена во сите проекти на ГЕФ и лесно може да се претпостави зошто. Најголем дел од проектите претпоставуваат дека кога луѓето ќе имаат повеќе вештини тие ќе може да направат повеќе за решавање на проблемите со животната средина. Обуката релативно лесно се спроведува и за неа лесно се пишуваат извештаи - затоа на сите им се допаѓа. Но, дали тоа не води до она што сакаме да го постигнеме во борбата против климатските промени?



Обука за што?


Првиот чекор при оценување на потребите од обука беше да се разгледаат целите на проектот и целите на Северна Македонија во однос на климатските промени. Клучните цели се постигнување на Националните придонеси [link] и исполнување на обврските за известување согласно Парискиот договор.

Вториот чекор беше да се утврдат потребните вештини за да се исполнат овие цели. Анектиравме 26 лица кои работат на политики и програми за климатските промени во Северна Македонија. 17 од анкетираните беа државни службеници и 69% беа жени.



Обуката не секогаш е решение


Во анкетата беа поставени неколку прашања во врска со известувањето за климатските промени. Во некои случаи, обуката би била ефективен начин да се решаваат проблемите. На пример, обуката за процедурите би била од корист за да се подобри собирањето на податоци од страна на локалните власти и големите претпријатија, проблем кој го споменаа неколку испитаници. Друг споменат проблем беше недоволното разбирање на кој начин климатските промени се поврзани со останатите сектори. И во овој случај обуката би помогнала.

Сепак обуката е ефективна само за зајакнување на поединечните капацитети. Со обука не може да се решаваат проблеми со капацитетите на повисоки нивоа. На пример, обуката не може да го реши проблемот на една организација која нема доволно вработени (проблем со организациски капацитет) или пак проблемите поврзани со немањето законски акти кои обврзуваат да се известува за климатските промени (проблеми со институционален капацитет).



Кои се најчестите потреби од обука? Адаптација


Со анкетата испитаниците беа запрашани каква обука им треба (ним или на нивните вработени) за да можат да известуваат согласно член 13 од Парискиот договор. Одговорите се следни:

*Испитаниците можеа да наведат повеќе од еден одговор.

Скоро половина од испитаниците ги идентификуваа ранливоста, влијанијата и адаптацијата како теми за кои е потребно најмногу обука. Ова е разбирливо: начините, процедурите и упатствата за известување за адаптацијата во форма на Извештаи за адаптација сè уште се изработуваат, но државите ќе треба да почнат да ги применуваат до крајот на 2024 година. Беше наведена и обуката за пресметување на емисиите на стакленички гасови, што е исто така разбирливо бидејќи се потребни нови вештини кога се преминува од едно ниво на известување на друго.



Најголеми предизвици? Време и менување на вработените


Во анкетата испитаниците беа запрашани да ги наведат и евентуалните проблеми што се јавуваат при обука на вработени или експерти. Најчесто беше наведен проблемот со „немање време за обука“ (52%). Од оваа причина, со оценката на потребите од обука се препорачува да се даде поддршка кога таа е потребна, со употреба на мрежите со колеги кои работат на иста проблематика и преку твининг на институции. Ова ќе овозможи експертите да добијат одговори на конкретни прашања, брзо, без да мора да го напуштаат работното место.

Вториот најчест проблем беше „менувањето на вработените“ (24%). За овој проблем, во оваа оценка на потребите од обука може да препорачаме да се организираат информативни состаноци (брифинзи) и брошури за новите функционери - ова може да биде еден вид воведна „обука“ која нема долго да трае, а брошурите можат да им послужат за потсетување за тоа кои се главните концепти за известување за климатските промени. На техничко ниво, оценката на потребите од обука препорачува да се повторуваат обуките во рамките на еден проект, како и да се обучуваат обучувачи со цел да се задоволат потребите од постојана техничка обука за новите вработени.



Традиционалните обуки се само една алатка


Како што е објаснето погоре, обуката може да биде во различни форми - твининг на институции, информативни средби (брифинзи), учество во мрежи, студиски посети и помош по потреба се само од некои можните опции. Традиционалните семинари за обука се само една алатка од сите овие кои се на располагање.

Ако сакате да дознаете повеќе за оценката на потребите од обука и планот за обука на Проектот за ЦБИТ кој беше изработен врз основа на оценкта, снимката од вебинарот на кој се претставуваат резултатите е достапна на следниот линк [link].








Сузан Легро

Сузан Легро е консултант за климатски промени и работи на проекти кои се однесуваат на климатските промени повеќе од две децении. Таа има подготвено неколку национални планови и барања за финансирање за климатските промени во Европа и Евроазија.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close