Интервју Насов: Нема решение за климатската криза без намалување на стакленички гасови и употреба на обновливи извори на енергија



Не постои друг начин на решавање на проблемот со климатските промени, освен со спречување на емисијата на стакленичките гасови кои потекнуваат најмногу од човечките активности, а тоа е согорувањето на фосилните горива, како за добивање на електрична така и за топлинска енергија, сечењето на шумите кои се единствениот извор на кислород

Во месецот посветен на едукација зборуваме се еден од најистакнатите домашни експерти за соларна енергија. Проф. д-р Илија Насов, е универзитетски професор, стопанственик, иноватор и претседател на  Асоцијацијата Солар Македонија. Со своите активности тој во изминатите неколку декади е посветен на засиленото искористување на соларната енергија, но и воопшто обновливите извори на енергија, намалувањето на притисокот врз животната средина, подигнувањето на нивото на свесност и можностите кои се отвораат со обновливите извори на енергија. Присутен е и на бројни меѓународни настани, тркалезни маси со претставници на институциите и секако во едукацијата на новите генерации студенти, кои ќе станат идните лидери во решавањето на бројните климатски прашања преку порационалното искористување на енергијата и ресурсите од животната средина.

Најпрво се потсетивме за некои од основните климатски предизвици со коишто се соочуваме во денешницата, како истите настануваат и како преку обновливите извори на енергија можеме да ги согледаме и решенијата.

Според Вас, кои се најсериозните проблеми со кои се соочува човештвото во светски рамки денес?

Секако дека во моментот, корона вирусот е најголемиот здравствен проблем на нашата планета, но во последните десетина години и во иднина,  еден од најсериозните и најголемите проблеми на современиот свет се климатските промени и глобалното затоплување. Последиците од климатските промени се изразени преку бројни индикатори за нарушување на рамнотежните состојби на планетата Земја, односно: зголемување на температурата на атмосферата, воздухот, водата, нивото на океаните и морињата, како резултат на топењето на мразот на северниот и на јужниот пол на Земјата.

Во книгата „Климатките промени и обновливите извори на енергија” која ја напишавме со професорите Славе Арменски и Сања Поповска Василевска, ги објаснуваме во детали сите феномени како доаѓа го глобалното загревање, причините и последиците, како и начинот на решавање на овој најголем проблем за опстанокот на планетата Земја.

Треба да бидеме свесни дека климатските промени постојат и денес, последиците ги чувствуваме и денес, а за да не бидат катастрофални во иднина, треба веднаш да делуваме со најголема сериозност.

Како дојде до овој феномен – климатските промени да станат најсериозен проблем од постоењето на човештвото?

Земјината атмосфера е составена од воздух (кислород, азот, водена пареа и мали колични на  CO2 и други молекули во гасна состојба). Сончевото зрачење поминува низ атмосферата, а при тоа еден дел се рефлектира, абсорбира и емитира назад во атмосферата а најголем дел доаѓа до Земјата и го загрева воздухот, земјата и водата.

CO2 молекулите, како и другите стакленички гасови (CO2, CH4, NO2, хидрофлуорокарбонати, перфлуорокарбонати и сулфурхексафлуориди) имаат особина да ги рефлектираат инфрацрвените т.е. топлинските бранови должини од сончевиот спектар, а да ги пропуштаат видливиот дел и ултравиолетовите зраци.

Сончевите зраци кои доспеваат до Земјата ја загреваат, а таа емитира инфрацрвени зраци – топлотни зраци т.е. се лади. Кога тие инфрацрвени зраци ке дојдат во контакт со овие стакленички гасови, се рефлектираат назад а со тоа земјата помалку се лади т.е. дополнително се загрева. Со драстичното зголемување на концентрацијата на овие стакленички гасови после индусриската револуција, рефлексијата на инфрацревените топлински бранови емитирани од земјата се зголемува а со тоа и се зголемува температурата на земјата

На сликите подолу се прикажани дел од последиците од глобалното загревање:моделот на глобалното загревање, топење на мразот на половите со приказ на состојбата од 1928 год и сега, нормална човекова околина и природа споредена со  изразени суши, поплави а посебно крајбрежни градови за кои се прогнозора дека ке бидат поплавени. 


Како директни последици се јавуваат топење на мразот од јужниот и северниот пол, зголемување на нивото на морињата и океаните, поплави, суши, цунами, земјотреси, уништување на флората и фауната, биодивирзитетот и сл.

Денес крајбрежните градови се потопени во морињата и океаните, уништување на голем број на видови животни, растенија, појавување на нови видови болести па еве и последната најголема катастрофа со пандемијата на корона вирусот, каде што се појавуваат студии дека глобалното загревање – климатските промени и загадувањето на воздухот имаат големо влијание на тешките случаи на заболените.

Човештвото во историјата се соочи со најразлични безбедносни предизвици и закани: граѓански и светски војни, студената војна, нуклеарното вооружување и многу други. Денес климатските промени станаа најголем проблем на нашата планета Земја. Како можеме да го решаваме овој сериозен проблем?

Не постои друг начин на решавање на проблемот со климатските промени, освен со спречување на емисијата на стакленичките гасови кои потекнуваат најмногу од човечките активности, а тоа е согорувањето на фосилните горива, како за добивање на електрична така и за топлинска енергија, сечењето на шумите кои се единствениот извор на кислород. Овие извори на енергија се и најголемите загадувачи на човековата околина а најмногу воздухот како со штетни гасови така и емисија на т.н. ПМ честички кои се пак, најголемите причинители на најтешките заболувања на дишните органи.

Постојат, исто така, студии кои говорат дека во регионите со најзагаден воздух постојат и најголем број смртни случаи од корона вирусот заради нивниот најмал имунитет. Како и да го гледаме овој проблем јасно е дека овој е комлексен проблем, мултидисциплинарен и меѓусебно поврзан еден со друг. Решавањето на глобалното загревање, односно на климатеките промени придонесува и до решавање на загадувањето, како на воздухот, така и на целата животна средина.

На светско ниво се донесени повеќе протоколи, студии, стратегии, директиви  како од Обединетите нации преку Монтреалскиот и Кјото протоколот, КОП конференциите и глобалните договори за ограничувањето на емисијата на стакленички гасови, исто така, и за гасовите кои го уништуваат озонот, а тоа се јагленофлуоровододи, најчесто од употребата во ладилната техника. Македонија како потписничка на овие договори е обврзана истите да ги спроведува.

Постојат повеќе сценарија за последиците од климатските промени и нивно намалување, за да се доведат до миниум.  Се инсистрира на спроведување на сите горе наведени директиви кои не се препораки и се оставени на земјите членки да одлучуваат дали  ќе ги почитуваат или не, туку се со задолжителна примена.

Дали можеме да кажеме дека обновливите извори на енергија се и единствен начин на решавање на климатексите промени, а во исто време и начин за намалување на загадувањето на човековата околина?

Да, секако. Во обновливите извори на енергија спаѓаат: сончевата енергија, енергијата од ветерот, биомасата, биоенергијата, геотермалната енергија, хидроенергијата, морските бранови и струи, плима и осека. Секако дека најеколошка енергија е сончевата, но треба да знаеме и да сакаме да ја искористиме. Сончевата енергија е далеку поголема во однос на сите други видови на обновливи енергии заедно. Таа е најобилен, неисцрпен, бесплатен и обновлив извор на енергија, којa не ја загадува околината.

Вкупната енергија што доаѓа кон Земјата (1.73·1017 W) односно  1.5·1021 Wh/god. Оваа енергија е околу 8 000 пати поголема од вкупните потреби за енергија на земјата или за еден час од сонцето пристигнува енергија која ги задоволува вкупните потреби за енергија на земјата. Уредите во кои се врши апсорбирање и трансформирање на сончево­то зрачење во топлина или електрична енергија, се нарекуваат сончеви термални колектори или фотоволтаични панели.

Во Македонија постојат неколку производители на сончеви термални колектори, еден производител на фотоволтаични панели и еден производител на најновите хибридни фотоволтаични термални колектори кои во исто време произведуваат како електрична така и топлинска енергија. Овие фотоволтаични термални колектори најмногу се користат за инсталирање на кровови или фасади на приватни куќи, хотели, болници, детски градинки, училишта, пензионерски домови, болници, спортски центри, загревање на базени за пливање и сл. Досега се инсталирани неколку мали и големи системи и резултатите се навистина многу добри.

Македонија спаѓа во регионите со најповолни климатски услови за искористување на сончевата енергија, како за електрична, така и за топлинска енергија.

Соларната асоцијација на Македонија и самостојно, а посебно преку проектот подржан од УСАИД ангажира не само сопствени, туку и експерти во областа на лобирањето за стручно, проефесионално да пристапи кон лобирањето кон државните институции за зголемување на искористувањето на сончевата енергија.

Кои мерки би можеле да се преземат за зголемување на искористувањето на сончевата енергија во Македонија?

Освен природните услови – сончево зрачење и клима, мерките за стимулација , субвенција и облигација, се секако многу важни па дури и поважни од природните услови. Досегашните стимулативни мерки и субвенции не дефинираа никакви критериуми за субвенционирање на соларни ситеми. Тие беа уредби кои немаат долгорочен карактер, туку се носеа секоја година. Македонија е единствената земја каде се стимулираат т.е. субвенционираат сончеви колектори кои немаат никаков сертификат за квалитет, без никакви гаранции за квалитет, без почитување на правата на купувачот да купува само сертифицирани колектори со гаранција за квалитет.

Инсталирањето т.е. користењето на сончевите колектори зависи од повеќе фактори: меѓу кои свесноста на граѓаните која треба да е на доволно високо ниво за да се одлучат да ја користат сончевата енергија, да знаат за сите придобивки од искористувањето на сончевата енергија, а тоа се: со инсталирање на сончеви колектори инвестицијата се враќа за помалку од 4 до 5 години, а 20 години користат бесплатна енергија, колекторите треба да поседуваат европски сертификати за квалитет, да бараат инсталатери кои исто така поседуваат сертификат, за монтажа за што Солар Македонија спроведува обуки за сите видови инсталатери и монтажери.

За да има големо искористување на сончевата енергија секако дека треба да се стимулираат и  производителите на сончеви колектори, инсталатери, стручни лица, обуки и сл. Производителите треба да се стимулираат со поволни услови на производство на сончеви колектори. Производителите на сончеви колектори кај нас во моментот немаат никакви предулсови да продаваат сончеви колектори на домашниот и светскиот пазар поради повеќе причини, а овде би ги издвоил : производителите плаќаат редовна царина и ДДВ на репороматеријалите кои ги користат за производство на сончевите колектори, плаќаат плати и сите производни трошоци, додека увозниците на сончеви колектори не плаќаат царина и плаќаат 5% ДДВ. Во овие услови производителите се доведени во ситуација да размислуваат на затворање на фирмите, бидејќи нивните производи кои имаат високо квалитетни сертификати не се бараат за да се субвенционираат, а заради високите трошоци за увоз со царински давачки не се конкурентни за да извезуваат како на светскиот така и на домашниот пазар.

Исто така многу важни се и други мерки за кои што би требало поголемо елаборирање меѓу кои достап до поволни финансии, маркетинг кампањи за зголемување на свесноста на населението и други.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close