Зелениот договор на Европската Унија има јасна цел- климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. За постигнување на оваа цел, предложен е Европски Закон за клима кој правно побарува акции од сите економски сектори.
Самиот Зелен Договор повикува на насоченост и кохерентност на европските политики кон одржливиот развој и т.н зелено финансирање .
Ова, во наши услови, од аспект на намалување на климатските промени, би значело, приоретизација на политиките за кои веќе постојат научни проценки дека покрај економските имаат и позитивни ефекти врз животната средина и намалувањето на климатските промени или, дополнително, имаат и потенцијал за креирање на зелени работни места.
Најновиот извештај за потенцијалот за ублажување на емисиите на стакленичките гасови анализира 47 мерки и политики, од кои 31 мерка во секторот енергетика, 11 во земјоделство, шумарсктво и промена на земјиште и 4 во секторот отпад.
Кривата на маргинални трошоци за намалување (или т.н крива MAC-marginal abatement curve) е креирана за сценарио со дополнителни мерки (или т.н WAM-with additional measures) за 2030 година (како целна година) и покажува дека вкупното намалување од предложените мерки се проценува на околу 5,6 Tg CO2-eq. Седумдесет (70%) од намалувањето може да се постигне со „понудената“ политика и мерки, што значи дека овие мерки ги намалуваат емисиите со негативни специфични трошоци (вкупната цена на предложената мерка е помала во однос на трошоците на сценариото без мерки –WOM (without measures) Покрај тоа, дополнителни 20% од намалувањето се реализира со мерки со специфични трошоци во опсег од 0-5 € / t CO2-eq. Многу е важно, исто така да се потенцира дека ова не е вкупната количина на намалување на емисиите на стакленички гасови, бидејќи постои уште една мерка која е многу важна, но нејзиниот независен придонес не може да се процени. Оваа мерка е воведување на данок на СО2, што во голема мерка зависи од другите мерки (како што се мерките за примена на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, замена на горива итн.) кои се потребни за замена на CO2.
Овие анализи се потребни покрај останатото да дадат насоки и за идниот пониско-јаглероден раст и одржлив развој, како и за приоретизација на идните финансиски текови не само од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање, туки и од буџетите на другите сектори (еконија, транспорт итн). Улогата на МЖСПП е обезбедување законодавна и стратешка рамка за кохерентност на политиките за ублажување на и адаптирање кон климатските промени (вградени во идниот Закон и долгорочна стратегија за климатска акција), додека имплементацијата на тие политики и мерки не е единствено во надлежност на министерството и е потребна здружена, насочена и координирана акција од различни чинители, поддржана од цивилниот сектор.
Би потенцирала дека, балансирањето помеѓу барањата на Евроспкото законодавство за веродостојност и сигурност на податоци и нивно транспарентно известување (содржани првенствено во Реулативата за механизмот за мониторирање, регулативата за поделени одговорности и директивата за тргување со емисиите), со интегрирана климатска акција и политики за ниско-јаглероден раст (кои зависат од многу чинители на општеството) е вистински предизвик не само за Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во оваа насока, согласно бројките, кога зборуваме за целите дефинирани во постојниот национален придонес кон Договорот од Париз (11330 Gg во 2030 година) и фактичките вредности за емисиите на стакленичките гасови, ние во 2016 година (7500 Gg,), јасен е трендот на опаѓање на емисиите, пред се заради помалотото производство на јаглен. Но, наша цел е ревизија на овие заложби и дефинирање на нови, поамбициозни, кои ги вградуваме во новите стратешки документи од сферата на енергетиката (вклучително и транспортот), како национални заложби. Истото ќе биде опфатено со новиот ревидиран национален придонес кон Договорот од Париз, но постигнувањето на целите ќе бара долгорочна, кохерентна политика за поддршка и интегрирано финансирање на горенаведените мерки.
Токму затоа, заеднички, координиран и насочен притисок, за постигнување на заедничката цел базирана на научни докази е неопходен.
Можеби е потребен политички ЗЕЛЕН ПАКТ??????
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}