Иако на социјалните медиуми најчесто се пишува и дискутира околу негативните работи поврзани со COVID-19 пандемијата, изминативе два месеци донесоа и многу позитивни работи: нема нервоза, нема агресија, не брзаме никаде, имаме време за домот, фамилијата.
Драги читатели,
Изолацијата ни даде и време да размислиме околу многу работи кои порано ги земавме здраво за готово, но уште поважно, ни даде можност да застанеме, да земеме длабок здив и да продолжиме понатаму попаметно т.е. поoдржливо. Колку нова гардероба ни треба за да бидеме задоволни? Колку пара чевли? Колку поголем стан? Колку поголема кола? Колата не сум ја запалила еден месец. Јадењата што ги готвам дома во голема кујна со модерни апарати и во минијатурната спартанска кујничка во Маврово се исто вкусни... Во вакви времиња сваќаш дека единствено ти е важно семејството да е здраво и да имаме храна. Децата неодамна изјавија дека одамна не биле посреќни: сите сме дома и секој ден има убав готвен ручек!
Сепак, има нешто што во исто време ми се допаѓа, но и ме плаши: тишината! Убаво е да седиш на тераса и да ги слушаш птиците кои се вратија во градот, но од погледот на празните улици ме лазат морници... Ова ли е иднината што ги очекува нашите деца? Јас не им посакувам ваква иднина и затоа одбивам да седам во тишина! И не сум единствена...
Целиот тим кој вредно работеше изминатиов период на проектите за климатски промени, имплементирани од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за развој на ОН (UNDP), имаше само една цел: да ја презентира визијата за блиската иднина која ја посакуваме на што повеќе луѓе и да поттикне акција. Имавме добра мотивација и мислам дека никогаш не сме биле поактивни. За време на изолација и полициски часови имавме серија на петнаесетина вебинари на кои имаше доста учесници.
Сепак, има нешто што во исто време ми се допаѓа, но и ме плаши: тишината! Убаво е да седиш на тераса и да ги слушаш птиците кои се вратија во градот, но од погледот на празните улици ме лазат морници... Ова ли е иднината што ги очекува нашите деца? Јас не им посакувам ваква иднина и затоа одбивам да седам во тишина! И не сум единствена...
Целиот тим кој вредно работеше изминатиов период на проектите за климатски промени, имплементирани од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за развој на ОН (UNDP), имаше само една цел: да ја презентира визијата за блиската иднина која ја посакуваме на што повеќе луѓе и да поттикне акција. Имавме добра мотивација и мислам дека никогаш не сме биле поактивни. За време на изолација и полициски часови имавме серија на петнаесетина вебинари на кои имаше доста учесници.
За да зачекориме по вистинскиот пат кон иднината, мора прво да одговориме на прашањето:
Каде сме сега?
Климатските промени се поврзани со многу аспекти од нашиот живот. Стручно, ние ги викаме сектори. А знаеме каде сме преку бројки кои ни кажуваат колку стакленички гасови емитуваме во секој од тие сектори. Во најголем дел, климатските промени кај нас се поврзуваат со енергетиката и користење на фосилни горива (јаглен и природен гас) за производство на електрична енергија. Но тоа брзо ќе се смени. Два нови сектори чии емисии се зголемуваат многу брзо се транспортот и отпадот. Што ќе правиме со еден куп стари возила што никој од нас нема да сака да ги купи? Дали ја видовте веста дека во услови на пандемија домаќинствата создаваат повеќе отпад? Токму затоа секторот отпад беше вклучен во сите 3 вебинари од оваа серија.
ите од о
Вебинарите од оваа серија можете да ги проследите на следниот линк.
Иднина во која ќе бидеме дел од Европа како прв континент кој ќе биде “јаглеродно неутрален” до 2050. Научните анализи направени од нашиот универзитетски и академски сектор покажуваат дека можностите на нашата држава да расте економски со мали емисии на стакленички гасови е можна. Овие емисии можеме да ги намалиме за дури 82%, во споредба со нивоата во 1990-та година. Научните истражувања покажаа и како можеме да го направиме тоа: потребно е да се имплементираат 47 мерки и политики (32 во енергетскиот сектор, 11 во земјоделство, шумарство и промена на користење на земјиштето и 4 во секторот отпад). А тоа ќе допринесе и до речиси 10.000 нови зелени работни до 2035-та година.
.Целиот вебинар може да го проследите на овој линк.
Но како ќе одредиме која мерка е поважна, која треба да ја воведеме прва, која последна?
Д-р Наташа Марковска разви совршена Методологијата за приоретизација на климатските акции, која е применлива за приоретизирање на даден пакет проекти/акции и на локално и на национално ниво и од која било област: ублажување на климатските промени, адаптација на климатските промени, или комбинација на две или повеќе области, т.н. меѓусекторски приоритети.
„Kолку повеќе чинители се дел од процесот, толку подобро. “Особено од голема важност е вклученоста на чинители кои се најмногу засегнати од мерките кои треба да бидат приоретизирани”, напомена д-р Марковска.
Целиот вебинар може да го проследите на овој линк.
Дали во нашата држава технолошкиот развој и иновациите се движат со ист чекор со климатските промени?
Развојот на климатските технологии на иднината во светот е исклучително интензивен и важен, но не секогаш со ист чекор тие стигнуваат кај нас. Каква е тековната состојба и кои се потребите за градење капацитети за истражување, развој, иновации и трансфер на технологија поврзани со климатски промени, презентираше д-р. Валентина Гечевска.
Климатските технологии претставуваат голем предизвик за нашата држава, а можност да се одговори на овој предизвик претставува Механизмот за Трансфер на технологии (TT:Clear) на Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени. Овој механизам е отворена можност која може да ја користи нашата држава, но потребно е да се номинира национална институција како претставник, а како најсоодветна е идентификуван Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Заклучокот е дека дебата за климатски промени не е луксуз туку потреба, дека по пандемијата потребно е “зелено заздравување” во делот на економијата и силна климатска акција. Потребно е што поскоро да исчекориме напред како држава, и што поскоро да номинираме институција кон TT:Clear механизмот.
Целиот вебинар може да го проследите на овој линк.
Но што ако по пандемијава продолжиме со истиот начин на живот? Каква ќе ни биде тогаш иднината?
Првата пандемија и првите екстремни временски појави (поплави, суши, топлотни бранови) кои предизвикаа и жртви јас ги преживеав во своите четиресетти години. Мојата ќерка во своите први десет години. Додека таа да наполни 40г, колку и какви се непогоди и пандемии ќе преживее? Како ќе изгледа животот за 10/20/30/70 години?
Го ангажиравме д-р Владимир Џурџевиќ да истражи како ќе се менува климата, врнежите и екстремните климатски појави во нашата држава, но и за трите региони кои се идентификувани како најранливи: Струмичкиот, Полошкиот и Скопскиот регион.
Резултатите се очекувани: климатски екстреми ќе има се почесто и ќе бидат се посилни и тоа во блиска корелација со емисиите на стакленички гасови. Колку повеќе емитуваме, толку поекстремна клима ќе имаме. Не инвестирајте во опрема за скијање, затоа што снег се помалку ќе има. Врнежи нема да има кога се потребни, а и тие што ќе ги има ќе бидат во форма на поројни дождови. Водата стана ресурс кој уште од сега треба разумно да го користиме. Ќе има се подолготрајни топлотни бранови и тропски ноќи, периоди кога цели 2 месеци во лето ќе треба да седиме затворени дома со климатизер. Со промена на температурата, ќе се променат и годишните времиња, при што се очекувани подолги лета, за што најмногу ќе претрпи стрес земјоделството, а исто така се проектира и зголемена количина на врнежи и нивна несоодветна распределба, со што ќе се зголеми ризикот за поплави и можноста за справување со истите.
Вебинарите од оваа серија можете да ги проследите на следнот линк:
Во ова море на лажни вести, научете повеќе на темата климатски промени
Само со знаење ќе можеме да го изодиме вистинскиот пат. Прва станица: националната платформа за климатски промени www.klimatskipromeni.mk , @klimatskipromenimk на facebook и instragram. Ако не најдете одговор на прашањето што Ве интересира, пишете ни. Ние ќе Ви одговориме.
Подари и #КлиматскаАкција на нашата иднина!
Од срце,
Павлина Здравева и тимот за климатски промени на МЖСПП и UNDP
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}