Како шталското ѓубре придонесува за зголемување на температурата.

Како шталското ѓубре придонесува за зголемување на температурата.



Дали знаете дека емисиите на стакленички гасови се во директна корелација со глобалното затоплување и зачестената појава на временските неприлики, како суши и топлотни бранови? Според новите сценарија направени конкретно за нашата држава (1), бројот на денови со топлотни бранови ќе се зголеми од 20 до 40 годишно, односно скоро еден месец повеќе под топлотни бранови. Затоа од една страна треба да се направат напори да се намалат емисиите на стакленички гасови на секој можен начин, вклучувајќи го и сточарството, но од друга да се променат тековните практики за да се заштитат домашните животни од при топлотни бранови со цел да се одржи продуктивноста на фармите.

Д омашните животни, особено преживарите, се значаен емитер на стакленички гасови. Тие имаат способност да ги користат растенијата и да ги претвораат во хранителни материи кои играат значајна улога во исхраната на луѓето. При тој процес се одвива ентерична ферментација, која освен што претставува интензивен микробиолошки процес во животните, е и извор на стакленички гасови. Во нашата држава, 60% на емисиите од ентерична ферментација (главно метан) отпаѓа на млечните крави.

Дополнително, како последица на одгледувањето на домашните животни на фармите, се собираат значајни количини на шталско ѓубре. Шталското ѓубре содржи измет, урина, техничка вода и простирка. Со оглед на високата влажност и специфичниот состав, во ѓубрето се развиваат активни микробиолошки процеси, кои како последица имаат емисија на метан, амонијак и азотни оксиди. Сите овие гасови се во групата на стакленички гасови, кои се причинители на климатските промени. Во нашата држава емисиите на стакленичките гасови до шталското ѓубре се проценуваат на 5-6 тони годишно (еквивалент на СО2), при што најголем дел потекнуваат од фармите со млечни говеда и свињи.

                

                                                                                                Свињарска фарма 

Но што прават нашите фармери со шталското ѓубре? Поголемите фарми со млечни крави и свињи се обврзани со законски решенија да применуваат еколошки прифатливи методи на управување со шталското ѓубре. Меѓутоа, според официјалните статистички извори, над 90% од млечните крави се одгледуваат на мали фарми со помалку од 30 грла. Дополнително, околу 50% од вкупното производство на гоеници во државата потекнуваат од мали свињарски фарми со капацитет до 50 маторици. А за овие мали фарми, главно отсуствуваат податоци за број, големина и структура на фармите, начинот на производство, како се собира, чува и употребува шталското ѓубре, како и неговата хранителна вредност за почвите.

                 

                                                                                     Одлагање на ѓубрето во круг на фармата

За да дознаеме повеќе и за да можеме поточно да ги процениме емисиите на гасовите од шталското ѓубре, се спроведе теренско истражување кај малите фармери. Ги прашавме за тоа каков производен систем и технологијата имаат, големината на нивните фарми, начинот на исхрана на животните, што прават со шталското ѓубре, како го чуваат и третираат и колкави површини ѓубрат со него.

Посебно сме горди на фактот што за кус временски период и под закана за појава на  африканска свинска чума кон крајот на 2019, со истражувањето успеавме да опфатиме доволен статистички примерок од фармите со млечни крави и од фармите со свињи. При тоа наидовме на интересен податок дека 18% од фармите со млечни говеда се во сопственост на жени, додека овој процент кај свињарските фарми е само 1%.

                  

                                                                         Одлагање на ѓубрето во круг на фармата

Податоците од истражувањето ни овозможија да развиеме коефициенти специфични за државата, кои овозможија подетално и поточно да се пресметаат емисиите на стакленички гасови кај млечните крави и свињите. Воедно, резултатите од истражувањето не само што ни овозможија да ги согледаме начинот на собирање, чување и манипулација со шталското ѓубре, туку и ги посочија главните недостатоци во управувањето со шталското ѓубре, проследено со значителни емисии на стакленички гасови. Како последица од ваквото управување е намалување на органската материја во ѓубрето, кое подоцна се користи како ѓубриво на обработливите површини. Со тоа се намалува и нивото на збогатување на почвата со хранителни материи за културите, намалување на водениот капацитет и ограничено подобрување на физичко-механичките својства на почвата.  Дополнително, утврдени се големи разлики во праксите на земјоделците во времето на чување на шталското ѓубре и количините кои се користат за прехрана на почвата, некои добри но некои исклучително лоши (во однос на емисии на метан).

                 

                                                                   Разнесување на ораници и припрема за ѓубрење

Малите фармери ѓубрето го третираат на многу традиционален начин, не водат грижа ниту за емисија на стакленички гасови, ниту за загуба на материи од него. Главно тоа се третира како отпад и не се препознава неговата вистинска употребна вредност. Затоа се јавува потреба за дефинирање на мерки за митигација со кои би се вршела обука на фармерите за правилно собирање, одлагање и користење на ѓубрето, пред се како препорака за задржувањето на хранителните материи во шталското ѓубре и негово правилно користење, а со цел да се препознаат придобивките од дополнителни вложувања во капитал и човечки труд. Од друга страна се јавува потреба и да се промовираат гасни централи (дигестори) кои би го користеле ѓубрето како извор на биогас. Со тоа би се намалиле вкупните емисии на метан и N2O од сточарството.

Зачудува и големата разлика во отпретување на почвата со арско ѓубре, што во некои случаи достигнува и преку 40 тони на хектар годишно. Ваквите количини се повеќе штетни за растителното производство од што се полезни. Оттаму, се наметнува потребата за подигнување на свеста на фармерите и нивна едукација за подобро управување со ѓубрето, како и правилна негова употреба при ѓубрење на поедините култури. Ова е од значење бидејќи оптеретувањето на почвата со азот (количини, честота и форма) е пропишано со директивата за азот од ЕУ, а нашата држава ќе мора да се прилагоди на истата.

Заклучок од истражувањето е дека на фармите не се води посебна грижа и соодветен третман на ѓубрето. Затоа и препораките од истражувањето се кон воведување на мерки за поддршка на земјоделците во кои ќе се вклучи соодветно управување и третирање на шталското ѓубре, смалувањето на емисиите и загубите на хранителни материи од него и негова соодветна употреба на обработливите површини.


                                                                                                                  Не ме обвинувајте, Мууууу!


 1) Сценаријата за екстремни климатски појави се направени во рамките на проектот “Четврт национален план и Трет двогодишен извештај за климатски промени”, кој Министерството за животна средина и просторно планирање го имплементира со техничка и финансиска поддршка на UNDP и GEF.

 

Проф. д-р Сретен Андонов

Д-р Сретен Андонов е редовен професор на УКиМ, Факултет за земјоделски науки и храна, Институт за анимална биотехнологија. Неговиот истражувачки интерес е во областа на генетиката и селекцијата, генетски ресурси, климатски промени - митигација и адаптација на домашните животни. Тој досега учествувал во над 10 научни и над 15 други значајни проекти. Учествувал во изготвувањето на вториот и третиот национален извештај; Втората и Третата национална комуникација до UNFCCC – Секторски извештај за земјоделство. Бил технички советник на проектот: Адаптивни мерки за митигација на негативните ефекти од климатските промени врз земјоделското производство (USAID). Воедно изготвил неколку студии поврзани за климатските промени и сточарското домашните животни

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close