Климатскипромени.мк продолжува со активностите за едукација на младите за прашања поврзани со климатските промени, кои климатски акции може да ги преземат и како да го искористат времето за запознавање со сите искуства кои им се неопходни за носење на правилни одлуки
Климатскипромени.мк продолжува со активностите за едукација на младите за прашања поврзани со климатските промени, кои климатски акции може да ги преземат и како да го искористат времето за запознавање со сите искуства кои им се неопходни за носење на правилни одлуки. Овој пат разговараме со Александра Петровска за значењето на едукацијата за заштита на животната средина уште од најмали нозе. Таа е наставник во основно училиште во Скопје и е претседател организацијата „Здружение за значење на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес“ со големо искуство во подобрување на наставните програми како и на неформалното образование за младите.
Разговараше: Христијан Станоевиќ, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал
КлиматскиПромениMK: Какво е вашето искуство пред се како наставник, како најдобро да се пренесе кај учениците од најмала возраст свеста за сочувување на животната средина?
Петровска: Пред се, би сакала да Ви се заблагодарам за одвоеното време и вниманието кое го одвојувате за оваа материја.
Помладите генерации во 21 век се преокупирани со модерната технологија и најчесто забораваат да се едуцираат за суштинските работи поврзани со животната средина и климатските промени.
Од овие причини некои наставници имаат особен предизвик преку игра и забава да успеат да вродат љубов за прашањата поврзани со животната средина, нејзиното влијание врз животот и здравјето на луѓето, како и придонесот кој можат да го дадат за неа.
Тргнуваме од фактот дека токму овие деца ќе бидат иднината на општеството и носители на главни одлуки кои ќе придонесат за правилно постапување и донесување на правилни одлуки за зачувување на нашето природно богатставо.
Како методи и техники применуваме најразлични начини од реализирање на ЕКО активности, интерактивни часови, работилници, предавања па дури и трибини и конференции но, ова го зборувам како претседател на здружение кое работи во областа на животната средина и едукацијата ( ЗЕОООП - ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕ НА ЕКОЛОШКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС )
КлиматскиПромениMK: Колку е важна улогата на наставниците во едуцирање на младите генерации за спречување на климатските промени?
Петровска: Како и претходно што напоменав давањето на правилни насоки од мали нозе ќе доведе до правилно формирање на карактерот на една личниост за да истиот во иднина биде заштитник на природата.
КлиматскиПромениMK: Што може да се промени и подобри во наставните програми, има ли стратешки пристап во креирањето на соодветни учебници и наставни помагала?
Петровска: Се надевам дека целата јавност ќе се согласи, не само со моето мислење, туку и мислењето на експертите од областа на животната средина, а тоа е дека освен некои прирачници кои што се дистрибуирале неформално во училиштата додека траеле некои проекти и онаа рамка во која 30% од часовите треба да се реализираат со Еко содржини, апсолутно не постои никаков стратешки пристап ниту пак задолжителен едукативен материјал за работа со учениците, а уште помалку наставни средства и помагала за реализација на ЕКО часови. Но, со сигурност можам да изјавам дека организацијата ЕКО СВЕСТ во моментов работат на изнаоѓање начин за издавање на пет едукативни програми за работа од областа на климатските промени и тоа уште од најрана (предшколска) возраст, па се до завршување на средното образование.
КлиматскиПромениMK: Треба ли да се воведе посебен предмет во основното образование кој директно ќе се занимава со прашања за заштита на животната средина и спречување на климатските промени?
Петровска: Апсолутно мојот одговор е ДА!!!
Впрочем и визијата на нашето невладино здружение ЗЕОООП е токму тоа. Воведување на задолжителен Еко предмет во основното образование. Она што би сакала да го истакнам е дека нашето здружение има голема поддршка од Владата на Република Северна Македонија и секторот за животна средина, потоа Агенцијата за заштита и спасување која секогаш е расположена за помош и реализирање на проектите, понатаму инспекторатот за животна средина, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и многу други надлежни институции и општини.
Она што ми претсавува огромно задоволство е дека после повеќегодишна институционална да наречам „битка“, конечно како член на работната група за образование и вработување при Агенцијата за млади и спорт ја подготвивме акциската стратегија за работа на агенцијата каде се предвидува задолжително воведување на Еко предмет во основното образование, што значи дека сме на добар пат да почнеме од корен да ги менуваме работите.
Во таа конотација членував и во работната група како претставник на невладиниот сектор во Владата на Република Северна Македонија во чиј што извештај донесовме заклучок дека најголемиот дел од буџетот на владата треба да се одвои во областа на образованието и животната средина. Тоа претставува уште еден податок дека темата животна средина и климатските промени е се поактуелни и постои потреба одизучување на истите.
КлиматскиПромениMK: Какви климатски акции имате преземено како организација и кои препораки би им ги дале на младите, што може тие да преземат?
Петровска: Промената на климата е глобален проблем, но последиците се чуствуваат онаму каде што се и причините за нив. Доколку реакциите на климатските промени не бидат навремени и систематски планирани, материјалната штета и загубана човечки животи ќе биде огромна.
Врз основа на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) која содржи сеофатни анализи, препораки и акции за подобро справување со климатските преомени, за ниивно намалување и адаптирање, како и за јакнење на урбаната отпорност, нашето здружение реализира и за вониднина предвидува голем број на активности во сите од животната средина со акцент на едукција, информирање и поддигање на свеста кај населението за климатските промени.
Она што би им го препорачала на младите е дека тие треба да бидат мотивирани за да го променат своето однесување со тоа што ќе бидат активни носители на промените во своите заедници.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}