Климатското aquies е сложено и опфаќа законски решенија во различни области кои се во надлежност на различни институции.
Обврската за синхронизирање и координирање на активностие на национално ниво ќе е на Министерството за животна средина и просторно планирање, како одговорна институција за овој дел од законодавството.
Како дополнување, а во насока на интегрирање на прашањето на климатските промени во останатите секторски политики за ублажување на климатските промени, пред се' е потребна координација со законодавството во делот на енергетиката, но и со законодавствата од речиси сите други области (управување со отпадот, водите, природата и биолошката рановидност, шуми, земјоделство).
Во текстот ќе се направи многу кусо насочување на идните потреби со цел придонес кон пониско-јаглероден раст и развој и придонес кон постигнување на глобално зацртаната температурна цел на Договорот од Париз.
Како основни правни акти на ниво на ЕУ во делот на климата, се директивата со која се регулира Европкиот систем за тргување со емисии и регулативата за поделени напори.
Системот за трговија со емисии на ЕУ (ЕУ ЕТС) е камен-темелник на политиката на ЕУ за борба против климатските промени и нејзината клучна алатка за намалување на испуштањето на емисиите на стакленички гасови на економично ниво и претставува најголем светски пазар на јаглерод.
Република Северна Македонија (евентуално) ќе пристапи во ЕУ ЕТС по пристапувањето. Тогаш ќе се применува сет на обврски и барања. Одредени подготвителни мерки може и треба да бидат преземени во националното законодавство во процесот на пристапување, особено во делот на идентификација на инсталации (категории на активности) и нивото на нивните емисии - предмет на иден потенцијален влез во оваа шема. Секое воведување на одредена облигација ќе треба да е следено со паралено јакнење на капацитетите на сите засегнати страни и адекватна друга техничка поддршка (web платформи и дигитализација на известувањето од страна на операторите), како би се придонело кон физибилност на решението и интегрирање на обврските за известување на операторите кон одговорните институции.
Можеби уште поголем предизвик ќе претставува спроведувањето на регулативата за поделени напори (effort sharing).
Оттука, неопходна ќе биде координацијата и синхронизацијата на сите политики кои ќе имаат придонес во реализацијата на средно- и долгорочните- цели на национално ниво. Ова е предизвикот пред кој се насочени активностите на државно ниво, кои имаат за цел ревизија на националниот поднесок кон Договорот од Париз и засилување на националната амбиција.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}