Дали во земјоделството погодено од климатски промени треба да очекуваме нешто слично на КОВИД-19?

Дали во земјоделството погодено од климатски промени треба да очекуваме нешто слично на КОВИД-19?



Дали врз земјоделството погодено од климатски промени треба да очекуваме нешто слично на КОВИД-19?

Земјоделството е многу силно изложено на влијанието на климатските промени, пред се поради фактот дека земјоделските активности се изведуваат на отворено и директно зависат од климатските услови. Од друга страна земјоделството учествува во создавањето на климатските промени со значајни емисии на стакленички гасови пред се преку испуштање на метан и азотни оксиди, кои се едни од најмоќните гасови на стаклена градина. Покрај тоа, земјоделството може во голема мерка да придонесе кон ублажувањето на климатските промени преку намалување на емисиите на стакленички гасови но и преку зафаќање на јаглеродниот диоксид од атмосферата и негова редистрибуција во биомасата и во почвата. И на крајот земјоделството е единствен сектор кој има потенцијал од емитер на гасови на стаклена градина да се претвори во понор и да зафати огромни количини на јаглероден диоксид на подолг период, преку соодветна примена на агротехнички мерки кои на подолг рок ќе ја зголемат содржината на органска материја во почвата. 

Значи земјоделскиот сектор, кој во моментов е најверојатно најизложен на негативното влијание на климатските промени, има повеќекратна улога и пристапот кон мерките за ублажување и мерките на адаптација на секторот треба да биде многу похрабар и поефикасен, не само за да се намалат негативните ефекти, туку и да се искористи неговиот силен потенцијал за намалување на проблемот.

Но, прво да видиме како климатските промени влијаат врз земјоделството, а тоа е пред се преку:
⦁    промена на распоредот, количините и интензитетот на врнежите,
⦁    зголемувањето на температурите
⦁    варијабилноста во вегетацискиот период и појавата на определените фенофази
⦁    екстремни временски појави, како што се топлотните бранови, сушите, силното невреме и поплавите

Можеби овие појави заедно со зголемената концентрација на јаглероден диоксид во атмосферата може да бидат позитивни за некои северноевропски региони, но за жал тоа нема да се случи во нашето земјоделско производство. Кај нас, како и во поголемиот дела на Јужна Европа, се очекува овие фактори да имаат пред се негативно влијание, со што дополнително ќе се зголеми ранливоста на земјоделскиот сектор, кој не може да се носи ниту со сегашните природни услови и се карактеризира но ниска продуктивност.

Подолго време се мислеше дека земјоделците сами ќе се справат со климатските промени, дека имаат искуство и знаење како да произведуваат и во влажна и во сушна година, произведувале и при пониски и повисоки просечни температури. Додека чекаме тие самите да се снајдат, проблемот станува се поголем. Поголем од тоа со што земјоделските производители умеат да се справат, повеќе од тоа со што можат финансиски да се носат. А производството на храна е стратешки интерес, можеби најзначаен од сите. Храната мора да ја има во доволни количини, да биде евтина и да исполнува низа стандарди за квалитет и безбедност. Секој од нас, повеќекратно, секој ден внесува определени количини на храна. Мора да е безбедна, мора да ја има во доволни количини за сите нас и мора да е достапна. Едноставно немојте ни да се обидете да замислите што ќе се случи, ако ја снема храната, ако стане недостапна за поголем дела на популацијата.
И додека веруваме дека се ќе биде во ред, се случуваат сериозни промени кои може да го доведат земјоделското производство во многу незавиидна состојба. Според неодамнешниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), (Адаптацијата кон климатски промени во земјоделскиот сектор во Европа), се предвидува дека како резултат на климатските промени ќе дојде до намалување на растителното производството и сточарството, па дури во поедини делови од јужните и медитеранските региони на Европа можеби и потполно ќе се напушти. Оваа студија, која е изработена од Заедничкиот Истражувачки центар на Европската Комисија, наведува дека прилагодувањето кон климатските промени мора да се постави како главен приоритет на земјоделскиот сектор во Европската Унија со цел истиот да стане поотпорен кон климата која не очекува, особено екстремните климатски појави како што се сушите, топлотните бранови и поплавите.  


Долно Соње, 23.03.2020, Автор Љубиша Јованоски

Истиот извештај наведува дека екстремните временски појави веќе предизвикуваат сериозни економски загуби во земјоделството во ЕУ, особено причинети од летните топлотни бранови, кои го искажаа своето негативно влијание во 2018 и 2019 година. Позитивни ефекти кои се очекуваат преку подобрување на условите за растително производство во делови од Северна и Централна Европа, ќе бидат многу помали од негативните ефекти причинети од зголемениот број на екстремни настани во јужна Европа. Во студијата се предвидува дека Јужна Европа ќе се соочи со намалување на приносите кај не наводнувани култури и до 50% до 2050 година и намалување на економските вредности на обработливо земјиште од над 80% до 2100 година. Сепак, се очекува дека ова нема посериозно да влијае брз обезбеденоста и достапноста на храната во ЕУ, но зголемената побарувачка на храна ширум светот може да изврши притисок врз цените на храната во наредните децении.

Според неодамнешниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), (Адаптацијата кон климатски промени во земјоделскиот сектор во Европа), се предвидува дека како резултат на климатските промени ќе дојде до намалување на рестителното производството и сточарството, па дури во поедини делови од јужните и медитеранските региони на Европа можеби и потполно ќе се напушти. Оваа студија, која е изработена од Заедничкиот Истражувачки центар на Европската Комисија, наведува дека прилагодувањето кон климатските промени мора да се постави како главен приоритет на земјоделскиот сектор во Европската Унија со цел истиот да стане поотпорен кон климата која не очекува, особено екстремните климатски појави како што се сушите, топлотните бранови и поплавите.

Екстремното временски појави веќе предизвикуваат сериозни економски загуби во земјоделството во ЕУ, особено причинети од летните топлотни бранови во 2018 и 2019 година. Познато е дека се очекува климатските промени да имаат некои позитивни ефекти со подобрување на условите за растирелно производство во делови од северна и централна Европа, сепак тие најверојатно ќе бидат многу помали од негативните ефекти причинети од зголемениот број на екстремни настани во јужна Европа.

Во студијата се предвидува дека јужна Европа ќе се соочи со намалување на приносите кај не наводнувани култури и до 50% до 2050 година и намалување на економските вредности на обработливо земјиште од над 80% до 2100 година. Сепак, се очекува дека ова нема посериозно да влија брз обезбеденоста и достапноста на храната во ЕУ, но зголемената побарувачка на храна ширум светот може да изврши притисок врз цените на храната во наредните децении.
А екстремните временски услови не се единственит проблем. Група на истражувачи од Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисија, предводени од Андреј Цеглар, во списанието „Иднината на Земјата“ објавува труд за забележаната миграција на европските агро-климатски зони кон север. И тоа се случува веќе подолг период. Авторите наведуваат дека агро-климатските зони во Источна Европа веќе 40 години се движат на север со брзина од 100 км за 10 години. Се очекува дека во наредниот период, под влијание на климатските промени, оваа миграција во Европа двојно ќе ја зголеми брзината. Како ова се случува и дали е Република Северна Македонија зафатена од овој процес, можете да прочитате на следниот линк

Само за да видам дали треба да се плашам или не од оваа појава, на брзина измерив и видов Јужната граница на мојата татковина е оддалечена помалку од 1000 км од брегот на пустинска Северна Африка. Колку ли се ова години?

И повторно тоа не е се. Климатските промени се комплексен процес, се се менува, се е во некоја динамика, нешто гледаме, нешто не гледаме. Но премалку инвестираме во истражувања кои ќе ни помогнат да видиме што навистина се случува кај нас. Доколку имаме податоци и капацитети, можеби ќе видиме порозова слика, ама многу малку веројатно. Ама не сакав да критикувам и да зборувам кој треба ова да го прави, кој може да го прави, кој умее да го прави. Само едно ќе заклучам, како и секогаш кај нас ништо не е на едно место и сите чекаме некој друг нешто да направи, бидејќи мене ми недостасува нешто и навистина не можам. 

Особено е значаен проблемот поврзан со растителните болести и штетници. Во литературата се среќаваат различни податоци. Климатските промени можат да влијаат и на домаќинот и на патогенот. На пример, определена температура да го поттикнува развојот на патогенот, но и истата температура да предизвика домаќинот да има поголема отпорност на патогени инфекции. Така, пченицата и овесот со зголемување на температурата стануваат поподложни на 'рѓата, додека во исти услови некои видови фуражни култури стануваат поотпорни. Покрај тоа, промените во температурата, како и промените на CO2 може да предизвикаат одредени штетници да имаат од 1 до 5 дополнителни генерации во само една сезона, што го зголемува ризикот да предизвикаат штети кај земјоделските култури. Исто така се наведува дека концентрација на микотоксините создадени од габата Fusarium spp. се зголемува доколку при бербата владеат повисока влажност и температура. Влажните услови и повисоките температури во принцип влијаат позитивно врз размножувањето и растот на плевелите.

И пред да Ви кажам „Климата се менува – промени се и ти“ ќе се осврнам на уште нешто, што е можеби актуелно во овој период. КОВИД-19 ни ги зафати мислите, семејното и социјалното живеење. Стана повеќе од болест, стана причина за менување на навиките. Дали треба да чекаме нешто слично во земјоделскиот сектор. Има ли воопшто нешто слично за растенијата, домашните животни??? Дефинитивно климатските промени со себе носат и појава на нови болести и нови штетници во земјоделството. Секако се сеќавате на болестите Син јазик и Јазлеста кожа кои пред извесен период за прв пат се појавија во нашите простори. Како информација, веќе подолг период земјоделците од Струмичко, а богами и пошироко мака мачат да се справат со еден кај нас нов штетник, кој на латински се вика Tuta Absoluta, а на македонски го нарекуваат доматен листен минер и потекнува од Јужна Америка. Пред извесно време присуствував на еден разговор помеѓу неколку земјоделски производители кои дискутираа за некој нов трипс. Едноставно, климата се менува, климатските зони се движат кон север, а со тоа многу болести и штетници кај растенијата и домашните животни го шират својот ареал кон север. Се обидов да најдам одговор на прашањето дали во земјоделството е можна состојба слична со оваа на КОВИД-19. Не можев да најдам конкретен одговор, но сфатив дека и кај растителните болести и кај болестите на домашните животни епидемиологијата е слична како и она кај луѓето. Но, во ветеринарната медицина и сточарството, како и во заштитата на растенијата дозволени се мерки кои се апсолутно неприфатливи за хуманата медицина. Мерките се навистина екстремни и многупати во себе содржат уништување на посеви или насади, уништување на цели стада но и многу други поблаги мерки.

Ова е само мал сегмент од помалку или повеќе познати проблеми кои со себе ги носат климатските промени, а со кои се соочуваат земјоделските производители. Климатските промени се проблем за сите, не само за производителите, туку и за нас консументите на храна, кои бараме се повисоки стандарди во се покомплицирани услови за производство. Затоа земјоделските производители не смее да се остават сами на себе, потребна им е поддршка. А најдобра поддршка е кога ќе им се обезбеди функционален систем преку кој ќе се стекнуваат со нови знаења и вештини за борбата со климатските промени. Отсекогаш сум верувал дека решението е во знаењето, вештините и спремноста за постојано напредување.
Ветив дека ќе ве поздравам со слоганот „Климата се менува-промени се и ти“ а за промена може да размислите како да преземете климатска акција.

проф. Ордан Чукалиев

Проф. Ордан Чукалиев од Факултетот за земјоделски науки и храна е експерт со 30 годишо искуство, објавено над 100 публикации, со особен придонес во теми како климатски промени и нивното влијание врз земјоделство, заштита на водите и почвата, техники на наводнување и други.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close