Зошто активистите не се задоволни од новиот Климатски закон и дали заложбите за нула емисии до 2050 година се доволни?
Предлогот на новото законско решение со кое за прв пат во конкретна легислатива се поставува обврската на Европската Комисија за климатска неутралност и нула емисии на јаглероден диоксид до 2050 година не помина со воодушевување кај Грета Тунберг и младите активисти.
Во четвртокот на Советот за животна средина Урсула ван дер Лејден претседателката на Европската Комисија пред активистката Тунберг го претстави Европскиот зелен договор кој ќе биде обврзувачки за сите 27 земји членки на ЕУ. Со него се предвидува Европа да биде првиот климатски неутрален континент, потоа климатските цели да бидат вклучени во сите области, воведување на фонд од 100 милиони евра за праведна енергетска транзиција, воведување на принципите на циркуларна економија и слични заложби.
Сепак, според Тунберг новиот предлог климатски закон не воведува ништо итно и не е доволен за исполнување на обврските кои произлегуваат од Парискиот климатски договор за одржување на затоплувањето на температурата до 1,5 Целзиусов степен. Со овој предлог закон се дава под 50% шанси за исполнување на оваа заложба.
„Овој климатски закон е предавање, кревање на рацете затоа што со природата не се пазари, а со физиката не можете да направите договор. Нема да дозволиме да ја предадете нашата иднина“ истакна Тунберг во нејзиниот говор во Брисел.
Климатскиот закон ќе треба да помине во Европскиот парламент, а потоа и да биде пренесен во националното законодавство во земјите членки, како и на земјите кои се со статус на кандидати.
Северна Македонија која треба да ги започне преговорите за членство и врши целосна усогласеност со европските регулaтиви сосема изгледно е дека би го вовела и овој климатски закон штом биде официјален.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}