“Smile and Play” претставува едукативна игра која има за цел неформално образование на ученици, во една формална средина како што е училницата. Ова претставува партнерски проект помеѓу организации од Македонија, Италија, Литванија, Грција, и Белгија во првата фаза од проектот. Smile and Play е поддржан од Националната Агенција за Европски програми и Мобилност во Македонија, и има за цел промовирање на еден забавен и неконвенционален начин на изучување за велосипедизмот во основните училишта.
Играта е спроведена од здружението на граѓани Еко Логик, од Скопје, како координатор на проектот, и е наменета за учениците во основните училишта, односно е прилагодена како соодветна за паралелки од 5то до 9то одделение. Секако, сеуште е во фази на тестирање со нашите основни училишта: “ООУ Јохан Хајнрих Песталоци” од Скопје, “ОУ Малина Попиванова” и “ОУ Раде Кратовче” од Кочани. Партнерите Zali од Литванија пак, ја тестираа играта во “Kazlu Ruda - Elma”, додека пак партнерите ReBike од Италија ја тестираа играта во училиштето “Carlo Pisacane”.
Досега, тестирањето на играта беше одлично, забавно, и секако многу едукативно, бидејќи играта е на Англиски јазик, и освеен велосипедизмот, се подобрува и јазичното знаење. Во исто време, учениците се дружат, дознаваат повеќе за велосипедизмот како одлично превозно средство, и секако го подобруваат своето знаење по различните вештини во Англискиот јазик: читање, пишување, говорење, и слушање. Концептот на играта е платформа со многу полиња, на многу патеки кои треба да ги доведат учениците до одредени локации (како на пример Парк, Планина, Зоолошка, итн). Попатните активности на полињата се пропратени со самите граматички вежби на Англиски јазик.
Овој проект, односно оваа игра е навистина од огромно значење, поради тоа што ја поттикнува свеста кај помладите за урбаната средина, односно начин на мобилност кој има многубројни придобивки од билокоја гледна точка, и поттикнува мотивација за возење велосипед на повеќе локации од оние кои вообичаено ги поминуваме.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}