Проектот "Вело училишта" креиран од страна на Здружението на Граѓани Еко Логик, Скопје започна со имплементација во Септември 2018 и сеуште е во тек. Проектот има за цел да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија. Како дел од една посветена мрежа, на основните училишта низ Македонија им е овозможено да организираат и спроведуваат активности за промовирање на велосипедизмот до и од училиште, како и зголемување и унапредување на знаењето за темите велосипедизам, одржлив транспорт и безбедност во сообраќајот кај учениците , родителите, наставниците и пошироката јавност. „Вело Училишта“ се базира на пристапот за промена на однесувањето, кој се применува во проектите за европска одржливост на мобилноста преку препознавање на училиштата кој успешно имплементираат активности поврзани со горенаведените теми. Како едни од главните цели на проектот се: • Формирање на првата Вело мрежа на акредитирани основни училишта во Македонија како и • Воведување на нови и креативни начини на учење поврзани со темите: велосипедизам, одржлив транспорт и безбедност во сообраќајот. Моментално Вело мрежата брои 92 активни членки (основни училишта заедно со нивните подрачни училишта) од 21 општина ширум државата меѓу кои: Центар, Карпош, Илинден, Гази Баба, Куманово, Кочани, Свети Николе, Чашка, Чешиново-Облешево, Делчево, Неготино, Лозово, Јегуновце, Демир Капија, Велес, Битола, Зрновци, Виница, Радовиш, Гевгелија. Членките безрезервно го промовираат велосипедизмот, како и безбедноста во сообраќајот помеѓу своите ученици, наставници, родители и пошироката јавност.
Во рамките на самиот проект Вело Училишта се одржуваат и настаните Вело Родео кои имаат за цел развивање на вештините и способностите кај учениците за безбедно возење велосипед вклучувајќи ги и баланс, контрола, тргнување, забрзување и запирање. Вело Родео настаните се од отворен карактер и право на учество имаат сите ученици од основните училишта од 4то до 9то одделение кои имаат желба да ги унапредат своите вештини за возење велосипед преку полигонско возење со препреки, возење во круг, како и возење по даски и препреки. До сега се реализирани две (2) Вело Родео турнеи низ повеќе градови во Македонија и тоа:
Реализирани се над 100 работилници со над 10000 ученици од основните училишта кои се активни Вело Членки во периодот Јануари-Декември 2019. Дидактичките материјали доставени до основните училишта се креирани од страна на Еко Логик.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}