Размислуваме надвор од (Климатската) Кутија

Веќе пет години УНДП соработува со млади луѓе од Источна Европа и Централна Азија за да ги едуцира и поттикне да преземат климатска акција

Размислуваме надвор од (Климатската) Кутија

Веќе пет години УНДП соработува со млади луѓе од Источна Европа и Централна Азија за да ги едуцира и поттикне да преземат климатска акција


Климатскиот Самит на ООН за млади е платформа за млади лидери кои водат климатска акција за да ги покажат своите решенија во Обединетите нации и суштински да соработуваат со носителите на одлуки за круцијалното прашање на нашето време.

Овој историски настан се случи во саботата, на 21-ви септември во седиштето на Обединетите нации, како дел од серија настани кои претходат на Самитот за климатска акција на Генералниот секретар на ООН во понеделникот, 23-ти септември.
Веќе пет години УНДП соработува со млади луѓе од Источна Европа и Централна Азија за да ги едуцира и поттикне да преземат климатска акција.
Климата се менува побрзо отколку што се менуваме ние. Како што предупреди Генералниот Секретар на ООН, Антонио Гутереш, ние веќе скршнавме од патот во однос на климатските цели поставени во Договорот од Париз во 2015 година, а светот се загрева толку брзо што тие цели сега веќе не се доволно амбициозни.
И покрај овие предизвици, постојат позитивни промени кои ни даваат надеж. Чистата енергија станува подостапна, а иновацијата е новата норма. На сцената се појавија нови, помлади лидери кои се подготвени да започнат смела климатска акција. Низ целиот свет нашите нови климатски херои – учениците – маршираат и бараат акција.
Децата и младите луѓе повеќе не се задоволуваат само со следење на патот трасиран од постарите генерации. Од 2018 година па наваму, стотици илјади студенти во повеќе од 110 земји ги напуштаат часовите заради климатските штрајкови Петоци за иднината. Знаењето за глобалната климатска криза ги натера да бараат акција од нивните влади.
Грета Тунберг, активистката за климата и основач на Петоци за иднината, рече: „[Наставниците] секогаш зборуваа дека треба да ги исклучуваме светлата, да штедиме вода, да не фрламе храна. Јас прашав зошто, а тие објаснија за климатските промени.“
Инспирирани од енергијата и потенцијалот на младите луѓе, пред пет години нашиот тим за климата од УНДП Евроазија одлучи да оди директно во училниците со нова наставна програма за климатско образование наречена Климатска Кутија. Еве што научивме и како, веруваме, климатското образование придонесува за глобална климатска акција.
Наставниците имаат единствена улога и уникатна моќ. Тие можат да ги обликуваат вредностите на заедницата, да промовираат одговорно однесување и да ги поддржуваат децата да станат вистински глобални граѓани.
Добрите наставници исто така сакаат да учат со своите ученици. Постои побарувачка за современи, веродостојни, сеопфатни алатки за информации и учење за наставниците за климатските промени. Како одговор на ова барање, УНДП соработуваше со повеќе од 3000 наставници во повеќе од 2000 училишта во осум земји во Европа и Централна Азија за да пилотира нова наставна програма за климата, наречена Климатска Кутија.
Во период од пет години Климатската Кутија патуваше во осум земји во Источна Европа и Централна Азија и опфати повеќе од 50.000 ученици во Ерменија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.
Во овој период, таа се разви од иновативна алатка во сеопфатна образовна програма за климата која соработува со министерствата за образование, училиштата, како и неформалното образование.
Училиштата се повеќе отколку само училници. Тие се центри на заедницата, општествен простор и безбедни засолништа. Тие служат како центри на заедницата за информации и засолништа за време на природни непогоди. Ако сакаме да ги запознаеме заедниците со глобалната климатска криза, училиштата треба да бидат во центарот на кампањата. Формалните образовни системи треба да бидат дел од климатската акција, за што ќе бидат потребни инвестиции во образованието. Овие инвестиции треба да вклучуваат нови образовни стандарди, обука за наставниците, подобри наставни програми за климата, воннаставни ангажмани, нулта-јаглеродни училишта и климатска изолација на училишните згради. Образовниот сектор треба да биде дел од сите Национални придонеси кон климатските промени – ветувањата кои земјите ги дадоа како дел од договорот од Париз.
Тоа ги поттикна младите луѓе во регионот да дејствуваат. Земете го Хуршејон Комилов, средношколец од Таџикистан. Откако го завршил курсот, тој решил да ја исчисти реката Сир Дарја.
„Го претставив мојот проект и држев мастер час во неколку училишта низ градот за тоа како да се дизајнира филтер за прочистување. Исто така ги користев локалните медиуми да го популаризирам мојот проект“ вели тој.
Слушнав од стотици наставници и студенти за инспирацијата која тие ја црпат од Климатската Кутија, без разлика дали се работи за нови начини на учење, нови проекти, или нови идеи за збогатување на нивните наставни програми. Пристапите за климатско образование кои ние ги пилотиравме во нашиот регион се исто така релевантни за поширока реформа во образованието – поотворени, инегрирани, забавни и напредни методи на учење.
„Климатската Кутија е прекрасен сет на визуелни помагала и корисни информации што можеме да ги користиме во училницата. Некои теми и постери, како ’намалување на вашиот јаглероден отпечаток‘ може да се користат со помладите ученици – ова ги охрабрува учениците од рана возраст да размислуваат за заштеда на ресурси и енергија“, вели Маја Батирова, која предава во Ашхабат, Туркменистан.
Една од највредните карактеристики на Климатската Кутија е да ги собере учениците и наставниците од различни земји за да ги споделат нивните проекти и идеи за климатска акција. Летниот камп во Орлионок, во регионот Краснадар во Русија во јуни оваа година привлече 100 студенти од девет земји.
„Научив многу, проучував интересни аспекти за заштеда на енергија и запознав многу интересни луѓе. И исклучително ми е драго што ќе можам да го користам ова знаење во иднина“, рече Сердар Чаријев, 16, од Туркменистан.
Климатската Кутија исто така придонесува за поголем напор во рамките на Конвенцијата на Обединетите нации за акција за климатски промени и за зајакнување на климата, која се фокусира на шест приоритетни области: образование, обука, јавна свест, учество на јавноста, јавен пристап до информации и меѓународна соработка за климатска акција.
После возбудливо и поучно патување, ние бараме нови идеи и партнери кои ќе ја претстават наставната програма за климата во нови земји и региони. Ве молиме контактирајте нѐ во УНДП Регионален центар Истанбул ако сте заинтересирани да соработувате со нас или да дознаете повеќе за Климатската Кутија!
Прочитајте повеќе тука за возбудливите проекти на кои работат младите луѓе во регионот.

Наталија Олофинскаја

Регионален технички специјалист за адаптација, Регионален центар на УНДП во Истанбул

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close