Градовите на иднината се создаваат врз основа на набљудување на потребите на луѓето, следење на добрите примери и дизајнерските принципи на други градови. Добриот дизајн на градовите ги мотивира граѓаните да користат одржливи транспортни средства, како што е велосипедот. TEDxSkopje организираше Salon настан на тема „Твојот избор на урбана мобилност: Велосипедизам”, со кој поттикна дискусија за велосипедската култура ви Скопје.
За време на настанот се развија интересни идеи за тоа како граѓаните можат да постанат активни учесници во дизајнирање на градот за да се обезбеди место и пристапност за сите превозни средства подеднакво. Беа споделени и добри примери од други градови низ светот кои поддржуваат различен вид на мобилност со цел да се разменат мислења како истите може да се применат и на локално ниво.
Со овој Salon настан, TEDxSkopje заедницата придонесе кон дискусијата за градење на одржливи системи на транспорт, како и зголемување отпорноста и адаптибилноста на градовите. Креирање на одржливи системи на транспорт се поврзува со 11та цел за одржлив развој на Обединетите нации - Одржливи градови и заедници, чиј таргет (11.2) е да се обезбеди пристап до безбеден, достапен и одржлив систем на траснпорт. Истовремено со ваков транспорт се намалуваат емисиите на стакленички гасови во воздухот, со што значително се намалува загадувањето на воздухот по глава на жител во градот.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}