Влијанијата на климатските промени повеќе се одразуваат на постарите жени

Човековите активности, посебно користењето на фосилни горива се главните причинители на зголемувањето на глобалните температури и на врнежите

Влијанијата на климатските промени повеќе се одразуваат на постарите жени

Човековите активности, посебно користењето на фосилни горива се главните причинители на зголемувањето на глобалните температури и на врнежите


Овде ќе се осврнеме само на една од специфичните ранливи групи, која се издвојува од домаќинствата кои живеат во Скопската котлина, жените на возраст 65 и повеќе години, кои живеат сами во домот.

Климата секогаш се менувала поради природни влијанија. Но, неспорно е дека човековите активности, посебно користењето на фосилни горива се главните причинители на зголемувањето на глобалните температури и на врнежите. Начинот на греење, односно користењето на огревното дрво како извор на топлинска енергија е една од активностите со кои човекот го нарушува природниот баланс. Посебно загрижувачко е се поприсутното непланско сечење на дрвјата, со што се намалува шумскиот фонд и се оневозможува процесот на апсорпција на јаглерод диоксид и прочистувањето на воздухот. Почвата станува порозна и подложна на ерозии од врнежите. Истовремено користењето на огревно дрво како начин на затоплување на домовите во домаќинствата, при процесот на согорување го загадува амбиенталниот воздух кој сите ние го дишеме. 

Загадувањето на воздухот во градот Скопје продуцира кумулативни негативни ефекти врз климатските промени, пред се поради процесот на урбанизација во градот Скопје и екстензивната потрошувачка на енергија. 

Сите граѓани на планетата земја се погодени од климатските промени кои се поврзани со користењето на енергијата. Најновите препораки од UN Climate Change Conference, одржана на 11 јули 2019 година, во Бон, посебно ја нагласуваат улогата на родовиот аспект во справувањето со климатските промени, особено активностите и мерките од аспект на жените. Затоа, овде ќе се осврнеме само на една од специфичните ранливи групи, која се издвојува од домаќинствата кои живеат во Скопската котлина, жените на возраст 65 и повеќе години, кои живеат сами во домот
Посебно ја нагласуваме економската незавидна положба на жени од оваа група кои имаат ниски месечни примања (до 12.000 денари). Овие домаќинства свесно се принудени да изберат јаглен или огревно дрво за греење. Ограничените месечни приходи и условите за живот ги детерминираат овие домаќинства како социјално загрозени и подложни на негативни влијанија на климатските промени поврзани со користењето на енергијата. Во Македонија, ниските температури и студот се очекува да претставуваат поголем проблем отколку високите температури во летните периоди. Пред се најмногу погодени од нив се постарите лица, посебно жените кои се соочуваат со предизвик да обезбедат соодветно греење на домовите, имајќи ги предвид високите трошоци за греење, како и фактот дека најголем дел од месечниот приход го трошат за енергија. 
Основен извор на податоци за пресметка на бројот на оваа група на домаќинства е анкетата за начинот на загревање на домаќинствата во Скопската котлина, реализирана во јануари 2017 година (https://www.skopjesezagreva.mk/), спроведена со поддршка на Програмата за развој на ОН (УНДП). Оваа анкета, на брз, евтин и иновативен начин обезбеди квалитетна база на податоци за еден од главните ”виновници” на зголемување на емисиите на стакленички гасови и на локалното загадување на воздухот во Скопје – начинот на греењето на домаќинствата. За прв пат се направи врска меѓу климатските промени и квалитетот на воздух во градот и се дизајнираа иновативни решенија со кои значително може да се намалат емисиите и на стакленички гасови и на локалните загадувачи. Анализите се дел од студијата СТУГРЕС „Студија за греење на град Скопје - анализа на политики и мерки” која ќе биде дел од Третиот двогодишен извештај за климатски промени (2020).
Дополнително, податоците овозможија подготовка на социо-економска анализа и дефинирање на групи според повеќе карактеристики, пред се според пол, старост, дали живеат во урбана или рурална средина во куќа или станбен објект, место на живеење, образование, месечни примања. Користењето на Microsoft Power Bi софтверската алатка овозможува лесно групирање на карактеристиките и дефинирање на одредени групи. 

Зошто токму жени 65+ кои живеат сами и имаат ниски месечни примања?

Жените за разлика од мажите, во Република Северна Македонија, повеќе се изложени на сиромаштија. Во периодот кога се работоспособни, жените кои се вклучени на пазарот на работна сила, во најголем број случаи поради социо-економскиот статус се соочуваат со проблемот на нееднаквост во заработувачката. Жените не ги имаат највисоко платените професии, а и доколку некои се реализираат на високи и одговорни работни позиции, истите се помалку платени од мажите на истите работни места. Многу често грижата за децата и потребата за отсуствување од работа придонесуваат, мајките потешко да напредуваат во кариерата. Традиционалните сфаќања и убедувања, дека жените треба да се грижат за домот и семејството се сеуште присутни. Одговорностите на жените за готвење и чистење во домот ги изложува жените на поголеми здравствени ризици и болести кои се пренесуваат преку водата и согорувањето на огревното дрво. Особено жените во руралните средини најчесто се домаќинки или се ангажираат за работа во земјоделството, во неплатени земјоделски активности на нива или чуваат стока. 
Во оваа група станува збор за жени кои според возраста (65 и повеќе години старост), остваруваат право на старосна пензија, живеат сами во домот, значи се немажени, разведени или вдовици, користат и семејни пензии и се со месечни примања до 12.000 денари. 
 Според анализата на анкетираните домаќинства, станува збор за 0,89% од вкупно анкетираните, односно околу 1460 домаќинства (скалирано според официјалните податоци од Завод за Статистика на Република Северна Македонија, од пописот 2002 година).
Старосната возраст и слабата физичка активност ги прави повеќе подложни на негативните влијанија на климатските промени. Опаѓањето на мускулатурата кај овие жени, често доведува до повреди, кои се особено нагласени во зимските периоди, како и вирусни и бактериолошки воспаленија на респираторните органи (пневмонија), хронични заболувања вклучувајќи артритис или остеопороза. Најчесто, долго време поради слабата физичка активност и стравот од повреди при движење во зимски снежни услови, поминуваат сами во просториите на домот. Осаменоста ја зголемува можноста за депресија, Алцхајмер и други видови на деменција. Просториите во домот ги загреваат повеќе од 12 часа дневно, во текот на целата недела, независно дали станува збор за работни денови или викенд и празници. 

Најголем процент од нив, 62,22% користат огревно дрво како основно за загревање на домот

.

Начин на греење на домот кај жените 65+ кои живеат сами

Извор: https://www.skopjesezagreva.mk/otvoreni-podatoci-site/


Притоа, 28,89 % го загреваат целиот дом, 26,67% загреваат ¼ од домот и повеќе од половина од овие домаќинства го греат домот по 12 часа дневно. Загрижувачки е податокот дека оние кои користат огревно дрво како начин на загревање на домот, користат стари печки на дрва, при што кај 85,71% од оваа група печките се постари од 20 години.



 
Колкав дел и колку време го загреваат домот жените 65+ кои живеат сами
 
Извор: https://www.skopjesezagreva.mk/otvoreni-podatoci-site/


Но, тој начин жените долго време се изложени на негативните влијанија од согорувањето на огревното дрво што долгорочно влијае на нивната здравствена состојба. 
Доколку имаат свое потомство, според традиционалните сфаќања за семејството како непишано правило, се претпоставува дека често им помагаат на помладите. Пред се, поддршката и помошта при одгледувањето на внуците, активното учество во негата и грижата, како и воспитувањето на најмладите потомци е благородна, но и истовремено функција со премногу обврски за „бабите“.На тој начин се занемаруваат себеси и своите потреби. При вршењето на овие работи многу често во нивните домови престојуваат и мали деца. Од друга страна, помошта и поддршката на овие жени од своите деца е исто така присутна. Здравјето и благосостојбата на жените постари од 65 години, кои се ранлива група е меѓу генерациски приоритет и неопходност за едно општество. 
Недоволната информираност за штетноста од користењето на огревно дрво е една од причините зошто овие домаќинства, сепак се одлучуваат за таков систем на греење на домот. 
Но, многу поважен фактор е недостигот на финансиски средства односно економската немоќ на овие домаќинства да можат да изберат друг начин на загревање на домот. 
Како најзначајни критериуми за избор на греење, анкетираните жени од оваа група, 46,7% ја потенцираат цената на месечниот трошок, 26,7% можност за автоматска работа на системот за греење, 13,3% цена на инвестиција и 13,3% специфицираат други критериуми. Посебно интересни се размислувањата на анкетираните, според кои доколку се занемари цената на инсталацијата на опремата и месечниот трошок, најголем дел од овие домаќинства би избрале котел на дрва (42,2%). Но, 26,7% не знаат што би одбрале.



Критериуми за избор на греење кај жените 65+ кои живеат сами во домот
 
Извор: https://www.skopjesezagreva.mk/otvoreni-podatoci-site/



Овие домаќинки, 91,3% од анкетираните го користат огревното дрво и за готвење, а 8,7 % користат пропан-бутан за подготовка на јадењата.

Дали жените 65+ кои живеат сами користат единствено електрична енергија за готвење во домот
 
Извор: https://www.skopjesezagreva.mk/otvoreni-podatoci-site/


Со фокусирање само на мерки и препораки со кои ќе се намали користењето на огревно дрво како извор на топлинска енергија ќе се направи голем чекор кон намалување на негативните влијанија на климатските промени. 

Како до промена?

Промените за оваа група ќе произлезат од реализацијата на активностите и мерките од студиите СТУГРЕС и Скопје дише .
Жените со 65 години и повеќе, кои живеат сами во домот, дефинирани како ранлива категорија и финансиски немоќни, треба да бидат вклучени како приоритетна група во примената на предложените мерки. Мерките за намалување на загадувањето на град Скопје треба да им овозможат стручна и финансиска помош на овие домаќинства за полесно да го променат начинот на загревање на домовите или можност за замена на печките за огревно дрво со понови и енергетски поефикасни.
     * промена на начинот на загревање на домовите, со замена на фосилните горива пред сè на огревното дрво со алтернативни еколошки поволни извори на енергија,
      * се предвидува целосно напуштање на користењето на јагленот како извор на затоплување во домовите;
      * можност за приклучување на системот на централно греење.
Дел од мерките за промени се однесуваат на подобрување на изолацијата на објектите за домување. Како и соодветни решенија за искористување на соларната енергија како начин за обезбедување топла санитарна вода во домаќинствата. 
      * промена и реконструкција на термички ефикасна фасада на домовите и термички изолирани покриви и можноста за соодветни решенија за искористување на соларната енергија.
Најпосакувано сценарио е предложените промени да ги опфатат сите домаќинства во оваа група, без разлика во која општина припаѓаат.
На овој начин ќе се подобрат условите за живот на овие домаќинства и ќе се намали изложеноста на климатските промени. 



Д-р Елизабета Џамбаска

Д-р Елизабета Џамбаска, од 2002 година вработена е во Економски институт – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а нејзиното сегашно звање е вонреден професор. Активно учествува во спроведувањето на истражувачката програма на Економскиот институт во Скопје, каде е вклучена во развојот на проекти, студии и економски анализи, пред се во областа на економскиот развој. Има објавено повеќе од четириесет трудови, учествувала во реализација на речиси дваесет научни и апликативни проекти, како и на повеќе од триесет научни состаноци, конференции, семинари и конгреси во земјата и странство. Автор е на бројни трудови објавени во меѓународни списанија.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close