Глобалната програма за поддршка (GSP) обезбедува поддршка за Страните кои не се вклучени во Анекс I (држави во развој), со цел да подготват Национални планови и Двогодишни извештаи за климатски промени кои се доставуваат до UNFCCC. Програмата започна неодамна (во 2015 година) и ќе трае до крајот на 2019 година. Таа е имплементирана заеднички од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP).
Со цел да се подобри квалитетот и корисноста на извештаи од Страните, GSP поддржува идентификација и промовирање на научените лекции и добрите практики.
Напорите на Македонија за развивање на инвентари на стакленички гасови кои ги исполнуваат неопходните технички услови за одржливост се признати како најдобра практика. Вклучени се сите потребни елементи:
• Фокус на документирање на суштинските информации во концизен формат;
• Стандардизирање на активностите и задачите и утврдување на јасни процедури;
• Јасно дефинирани улогите и одговорностите на сите учесници во процесот на подготоцка на инвенатари.
• Силен фокус е ставен на процедурите за обезбедување / контрола на квалитет и верификација во Националниот инвентар на стакленички гасови.
Погледнете ја статијата ....
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}