Влијанието на модната индустрија врз животната средина објаснето преку 6 графикони

Модните трендови кои брзо се менуваат и ниските цени им овозможуваат на луѓето да трошат повеќе


Модните трендови кои брзо се менуваат и ниските цени им овозможуваат на луѓето да трошат повеќе. Фотографија од Диего Торес / Фликр Секоја година се произведуваат приближно 20 парчиња облека по човек во светот. Растот на модната индустрија, која вреди повеќе трилиони долари се храни од „брзата мода“ преку која облеката евтино и брзо се произведува и има ниска продажна цена. На следните графикони се гледа зошто модната индустрија мора да прифати нов пристап за одржливост за да ги исполни барањата на пазарите во иднина.

Модните трендови кои брзо се менуваат и ниските цени им овозможуваат на луѓето да трошат повеќе. Фотографија од Диего Торес / Фликр
Секоја година се произведуваат приближно 20 парчиња облека по човек во светот. Растот на модната индустрија, која вреди повеќе трилиони долари се храни од „брзата мода“ преку која облеката евтино и брзо се произведува и има ниска продажна цена. На следните графикони се гледа зошто модната индустрија мора да прифати нов пристап за одржливост за да ги исполни барањата на пазарите во иднина.

Зголемено производство и потрошувачка 

Брзата мода користи иновативни модели за производство и дистрибуција со цел значително да се скратат модните циклуси, некогаш некое парче облека поминува само неколку недели од дизајнерот до крајниот корисник наместо неколку месеци. Бројот на модни сезони се зголеми од две годишно - пролет/лето и есен/зима - до речиси 50-100 микро-сезони .


Трендовите кои брзо се менуваат и ниските цени, им овозможуваат на луѓето да трошат повеќе. Просечниот купувач денес купува 60 проценти повеќе парчиња облека во споредба со 2000, но секое парче облека се чува двојно пократко.


Притисок врз водните ресурси и загадувањето

Памукот е природно влакно кое најчесто се користи за производство на облека, и со него се произведуваат околу 33 проценти  од сите влакна кои ги има во материјалите. Памукот како растение бара многу вода, односно 2.700 литри вода се потребни за да се произведе една памучна кошула, истото количество што еден човек го пие во период од 2,5 години. Во подрачја каде што веќе има недоволно вода, производството на памук може да предизвика дополнителни штети. На пример, во Централна Азија, Аралското море речиси исчезна бидејќи производителите на памук влечат вода за наводнување исклучиво од реките Аму Дарја и Сур Дарја. (Видете ја алатката на Светскиот институт за ресурси (WRI) Аквадукт за да видите на кои места се произведува памук и има недостиг на вода.) Производството на памук исто така е одговорно за 24 проценти од инсектицидите и 11 проценти од пестицидите кои се користат, иако за ова производство се користат само 3 проценти од обработливото земјиште во светот.


Употребата на водата и загадувањето исто така се јавуваат и за време на производството на облека. Околу 20 проценти од индустриското загадување на водите е предизвикано од производството на облека, а во светот се користат 5 трилиони литри (1,3 трилиони галони) вода секоја година само за обојување на материјалите, што е доволно да се наполнат 2 милиони олимписки базени за пливање.

Климатски промени

Јаглеродниот отпечаток на некој материјал главно зависи од природата на самиот текстил. Синтетичките влакна како што е полиестерот имаат помало влијание врз водата и почвата во споредба со природните материјали како што е памукот, но тие емитуваат повеќе стакленички гасови по килограм. Една кошула од полиестер има повеќе од два пати поголем јаглероден отпечаток од кошула од памук (5.5 кг наспроти 2.1 кг). Производството на полиестер за текстил ослободило околу 706 милијарди килограми стакленички гасови во 2015 година, еквивалент на годишните емисии на 185 термоелектрани кои користат јаглен.


Која е иднината на модната индустрија?

Се предвидува трошењето на облека значително да се зголемува и понатаму. Ова особено се очекува во Азија, каде стотици милиони луѓе во Кина и Индија стануваат дел од глобалната средна класа.


До 2030 година, ќе има 5,4 милијарди луѓе од средна класа во светот, што е зголемување од 3 милијарди во 2015 година. Може да очекуваме зголемено побарување за облека и други добра кои се карактеристични за животниот стил на луѓето со средни приходи. Доколку потрошувачката продолжи со ова темпо, ќе ни требаат три пати повеќе природни ресурси до 2050 година во споредба со количините кои ги трошевме во 2000 година.


Претпоставката дека ќе имаме неограничени ресурси во ограничен свет не е одржлив бизнис модел. Настрана еколошките грижи, неконтролираната потрошувачка ќе ги поткопа светските економски и социјални цели. Некои компании за производство на облека ќе ги игнорираат овие сигнали и ќе продолжат со традиционалните бизнис модели земи-прави-отпад. Другите ќе прифатат иновативни модели кои ја земаат предвид целата планета и се посоодветни за пазарите во иднина.

Што да се прави?

Производството на облека е само еден сектор кој се натпреварува за природните ресурси, но важно е производителите на облека да почнат да ги менуваат своите деловни модели имајќи предвид дека сега индустријата има траекторија на силен раст. Многу компании се свесни за еколошките ризици и се подготвени да делуваат.

Првиот чекор е компаниите да го измерат своето влијание врз животната средина и да ги утврдат областите во кои можат да се подобрат. Хиговиот индекс на Коалицијата за одржлива облека им овозможува на компаниите да ги измерат еколошките, социјалните и трудовите влијанија на нивните производи и услуги, и во моментов се работи на подготовката на упатства за научно засновани таргети за модната индустрија.

Некои компании работат на подобрување на својата ефикасност во користењето на ресурсите. H&M и Zara, и двете компании застапници на брзата мода, им се придружија на уште 33 други компании во заложбата да го зголемат рециклирањето на облеката до 2020 и почнаа да собираат и рециклираат користена облека во многу од нивните продавници. Reformation, помал бренд за облека до Лос Анџелес кој станува се попопуларен, тврди дека произведува облека со многу помалку вода и емисии од останатите компании, и дури на својата интернет страница ги објавува заштедените количини вода и намалените емисии.

Следниот чекор е да се признае дека компаниите мора да направат повеќе за да ја подобрат ефикасноста со цел одржливо да ја задоволат побарувачката во следните години. Мора да произведуваат помалку производи. Некои компании веќе го согледаа ова, и тестираат и нови модели, иако овие примери сé уште се исклучоци и не се правило. Програмата Worn Wear на Patagonia нуди услуга за поправање на старите алишта, наместо само да продава нови. Компаниите како Mud Jeans, Rent the Runway и Gwynnie Bee експериментираат со облека за изнајмување. Некои компании како Zady’s, повикуваат кон враќање на „бавната мода“ и тие тоа го промовираат како главна компонента на својот бизнис.

За модната индустрија да се одржи на пазарите во иднина, мора да се земе предвид прашањето на потрошувачката - и за тоа мора да се започне да се размислува сега.

Преземено на 24.07.2017 од 

http://www.wri.org/blog/2017/07/apparel-industrys-environmental-impact-6-graphics?utm_campaign=wridigest&utm_source=wridigest-2017-07-13&utm_medium=email&utm_content=learnmore

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close