Вградени во националните развојни документи, соодветно избраните климатскиакции може да помогнат да се искористи огромниот птенцијал за намалување на емисиите на стакленички гасови и за адаптација на климатските промени, истовремено обезбедувајќи придобивки за некои или за сите димензии на одржливиот развој.
Поради тоа, главното прашање е како да се изберат климатските акции со најдобри резултати кои ефективно може да се вградат во националните развојни планови со цел да се подобри нивната одржливост. Секако, нема одговор кој одговара за сите ситуации, но следните совети може да дадат добра насока.
Првиот чекор кога се формулираат целите на климатската акција е да се анализираат соодветни и сигурни податоци. Степенот до кој при носење на планови за целата економија може да се искористат соодветни и сигурни податоци зависи од националните околности, како и од достапноста на ресурси и експертиза во земјата. Немањето на квалитетни и навремени податоци може да оневозможи земјата да носи одлуки засновани на информации за приоритетните политики за ублажување и адаптација на климатските промени. Недостигот на податоци исто така може да биде пречка и за учеството и активната улога на чинителите, бидејќи и јавниот и приватниот сектор имаат интерес за дополнителни информации за научните сознанија, влијанијата и трошоците кои произлегуваат од справувањето со климатските промени.
Голем предизвик е да се утврди аналитичката база и технички податоци и информации врз чија основа се подготвуваат стратегиите во приоретизираните сектори и се дефинираат применливите цели. Инвентарите на стакленички гасови, кои се подготвуваат во рамките на Националните планови за климатски промени и Двегодишните извештаи, може да послужат за оваа цел. Сепак, секогаш нема лесно достапни податоци за проектираните емисии, потенцијалот за ублажување и трошоците и ова може да биде особен предизвик во земјите во развој. Поради тоа, се јавува потреба за соработка со националните и меѓународните истражувачи и создавање на партнерства меѓу науката и политиката - групи за истражување, кои ќе бидат сместени во различни академски институции или групи за управување со знаење кои би биле сместени во некое министерство.
Понатаму, за максимално ефикасно да се употребат ресурсите, плановите за климатска акција треба да го искористат искуството и алатките кои се разработени при подготовката на сродните стратегии и документи. Стратегиите и плановите за климатска акција треба да се засноваат на постоечките стратегии и извештаи, како што се Националните планови за климатски промени, Двегодишните извештаи, Националната стратегија за одржлив развој и релевантните стратегии за развој на секторите (енергетика, енергетската ефикасност, обновливи извори на енергија, транспорт, индустрија, шумарство, земјоделство, управување со отпад и други). Ова треба да се прави секогаш кога е можно со цел да се избегне удвојување на работата, како и да се искористат веќе изработените технички извештаи и бази на податоци, особено инвентарите на стакленички гасови.
Во земјата може да постојат различни процеси со кои се идентификуваат различни таргети, но сите треба да имаат за цел усогласување на климатската акција со некои или со сите димензии на одржливиот развој. За да се зајакне оваа координација и усогласување, и двете страни мора да ја препознаат додадената вредност и можностите кои произлегуваат преку поддржување на агендата на другата страна, а истовремено да ги препознаат и да управуваат со потенцијалните придобивки. Во продолжение се цитатите од два написи од весникот Гардијан кои претставуваат добри примери во кои климатската акција е ставена во функција на одржлив развој.
Ова е пример за јазикот кој треба да го зборуваат носителите на политики и сите чинители со цел сите да се вклучат за постигнување на итната и амбициозна трансформација, која ќе води до свет кој е отпорен на промените во климата и во кој има правичност и добросостојба за сите.
Foto Credit: Adelphi https://www.climate-diplomacy.org/publications/infographic-making-development-sustainable-through-climate-action
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}