Главната проектна цел е намалена емисија на стакленички гасови (СО2) со цел намалување на загадувањето на животната средина и придонес кон намалување на ефектот на стаклена градина предизвикани од индустријата за преработка на прехранбени производи, преку конструкција на две индустриски инсталации за сончево сушење на прехранбени производи. Во рамките на проектот беа планирани следните активности: Проектирање на сончеви сушилници според потребите на објектите во кои ќе бидат инсталирани и конструкција и инсталација на две индустриски сончеви сушилници за прехранбени производи, Сертификација на сончеви сушилници како преработувачки капацитети за прехрамбени органски производи според барањата на Регулативата за органско производство (ЕС 2092/91) и според стандардите за безбедност на храната НАССР и ISO 22001 и изработка на Елаборат за проценка на влијанијата врз животната средина (EIA) и документација за добивање на логото ЕКО-Производ и нивно поднесување до Министерството за животна средина и просторно планирање, Медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање и презентација на сушилниците на постоечките производствено—преработувачки капацитети за финализирани прехранбени производи (зачини, чаеви, сушен зеленчук и овошје и др.).
· Конструирани и инсталирани две индустриски сончеви сушилници за прехранбени производи (општина Бутел и општина Кавадарци)
· информирани и запознаени голем број на производствено-преработувачки капацитети со постоењето на капацитетите за производство и организирани посети на сушара во Бутел (19 билатерални презентациски средби и 7 посети).
· Извршени пробни сушења, со прво комерцијално сушење на производи во сушарата во Бутел во сезоната 2009,
· Изработени елаборати за влијание на животната средина и сертификација на сушарите за сушење (преработка) на органски производи; за стандардите за безбедност на храната изработен е систем за безбедност на храната врс принципите на НАССР и истите се во процес на сертификација.
· Организирано снимање на сушарата и проектните активности од страна на МРТВ (серијал Умни Проекти, 22/10/2009).
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}