Глобалната побарувачка на енергија се зголеми за 2,1% во 2017 година, и емисиите на јаглерод се зголемија за прв пат од 2014 година

Глобален извештај за статусот на енергијата и CO2 за 2017 година


Глобалната побарувачка на енергија се зголеми за 2,1% во 2017 година, што е повеќе од два пати повисоко од стапката во претходната година. Ова е поттикнато од поголемиот глобален економски развој, при што нафтата, гасот и јагленот ги задоволуваат најголемите барања за енергија, а и обновливите извори на енергија постигнуваат импресивен напредок. Преку 70% од растот во глобалната побарувачка за енергија се задоволува од нафтата, природниот гас и јагленот, додека преостанатиот процент е покриен со обновливите извори на енергија. Подобрувањата на енергетската ефикасност забавија во последната година. Како резултат на овие трендови, глобалните емисии на јаглероден диоксид од производството на енергија се зголемија за 1,4% во 2017 година, откако во претходните три години немаше зголемување.

Но, емисиите на јаглерод, кои се највисоки до сега, и изнесувале 32,5 гигатони во 2017 година, не се зголемени насекаде. Иако во најголем од развиените земји имало зголемување, други држави како САД, Обединетото Кралство, Мексико и Јапонија пријавуваат намалување. Најголемото намалување на емисиите е забележано во САД, предизвикано од големата употреба на обновливи извори на енергија.

Овие резултати се дел од најновиот ресурс на Меѓународната Агенцијата за енергетика – Глобалниот извештај за статусот на енергијата и CO2 за 2017 година – објавен на Интернет кој содржи анализа на најновите трендови и случувања во однос на употребата на сите горива.

„Растот на глобалната економија минатата година предизвика зголемување на побарувачката на енергија, која во најголем дел беше задоволена од фосилните горива, иако и употребата на обновливите извори на енергија забележи голем раст“, изјави д-р Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната агенција за енергетика. „Значителниот раст на светските емисии на јаглерод од производството на енергија во 2017 година ни кажува дека сегашните напори за намалување на климатските промени не се доволни“. На пример, имаше драматично намалување на стапката на подобрување во светската енергетска ефикасност бидејќи носителите на политики помалку се фокусираа на оваа област.“

Другите клучни наоди од извештајот за 2017 се:

·         - побарувачката на нафта се зголемила за 1,6%, односно за повеќе од два пати од годишниот просек во текот на последната деценија. Ова е предизвикано од промените во секторот транспорт (особено поради се поголемата употреба на џипови и камиони во развиените земји) како и поради побарувачката во петрохемиската индустрија.

·         - побарувачката на природниот гас се зголемила за 3%, најголем раст од сите фосилни горива, и само во Кина е настаната речиси една третина од овој раст, а секторот згради и индустријата придонесуваат за 80% од зголемувањето во светската побарувачка.

·         - побарувачката на јаглен се зголемила за околу 1% што е спротивно од падот во претходните две години. Ова е предизвикано од зголемувањето во производството на електрична енергија од јаглен, главно во Азија.

·         - обновливите извори на енергија забележале најголем раст од сите други енергенси, односно задоволиле четвртина од растот во побарувачката за енергија, бидејќи производството на електрична енергија од обновливите извори на енергија се зголемило за 6,3% предизвикано од експанзијата на производството на енергија од ветер, сонце и од вода.

·         - производството на електрична енергија се зголемило за 3,1%, и тоа многу побрзо од зголемувањето во вкупната побарувачка на енергија, а Индија и Кина заедно се заслужни за 70% од ова зголемување во светски рамки.

·         - подобрувањата на енергетската ефикасност значително се намалиле и интензитетот на енергијата се подобрил само за 1,7% во 2017 година во споредба со 2,3% во просек во претходните години. Ова е предизвикано од очигледното намалување на бројот и на строгоста на политиките за енергетска ефикасност како и од пониските цени на енергијата.

·         - фосилните горива задоволиле 81% вкупната побарувачка на енергија во 2017 година, ниво кое е стабилно во последните три децении.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close