ФИНАНСИИ И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Тирана: Обука за државите од регионот на Западен Балкан за климатски финансии и климатско буџетирање


(9.10.2018г.) Вчера и денес во Тирана, УНДП организираше обука за државите од регионот на Западен Балкан за климатски финансии и климатско буџетирање. Со тематски презентации за можни реформи на буџетски системи и добри практики/искуства на други држави за управување со климатските финансии и поставување на инструменти за климатско буџетирање, оваа проблематика се приближи поблиску до креаторите на буџетите во министерствата/владите и на политиките за климатски промени. На работилницата учествуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за финансии и дадоа краток осврт до каде е Република Македонија во оваа приказна и кои се предизвиците со кои сме соочени.

Одредувањето на странската помош во Македонија е олеснето благодарение на базата во СЕП каде секој проект се регистрира: во периодот 2014-2017г. идентификувани се 96 проекти со директно влијание врз ублажувањето на климатските промени во земјата. Вкупната поддршка од донатори изнесува  404,843,499 долари. А инвестицијата потребна за климатска акција, која ќе треб ада биде издвоена од национланиот или локалните буџети треба да изнесува од 2,6 до 5,2 милиони евра во зависност од нашата амбиција.



Лендита Дика, Министерство за животна средина и просторно планирање


Но поврзувањето на буџетот на Владата, министерствата или општините со климатска акција е исклучително тешко. Иницијалната проценка покажа дека Министерството за животна средина издвоило нешто помалку од 2%  за климатска акција во 2017г., а Градот Скопје како добар пример 1,4%на трошоците за ублажување на климатските промени во вкупниот буџет. Од буџетите на другите министерства/локални самоуправи и Влада не можеше да се извлече соодветна информација.

Потребни се промени во сегашниот начин на буџетирање, со цел да се потттикне климатска акција. Потребни се критериуми со кои ќе се оцени која акција ги адресира климатските промени која не. Министерството за финансии е во процес на менување на релевантната законска рамка, но не е доволно информирано за важноста на оваа проблематика.

Градењето на рамка за климатско буџетирање започнува со информирање па со акција.


Имено, подготовката на политики за климатски промени е поврзана со многу предизвици. Сите меѓународни извештаи повикуваат на итни промени за избегнување на климатска катастрофа. Сите држави треба да бидат дел од решението и сите (политичари, институции, приватен сектор, академици, поединци) имаат свое место и улога во големата загатка за климатски промени.

Државите редовно подготвуваат детални планови за климатска акција. И нашата држава не е исклучок (последниот двогодишен извештај е доставен до Конвенцијата на ОН за климатски промени на почетокот на 2018г). Бидејќи сме длабоко свесни дека имплементацијата на мерките има своја цена, и дека на државите во развој им е потребна финансиска подршка за климатска акција, Конвенцијата обезбедува различни механизми/фондови/билатерални проекти и сл.

Од друга страна, Конвенцијата бара од своите членки да известуваат колку средства примиле од донатори, а колку издвоиле од својот буџет за да ги намалат емисиите на стакленички гасови т.н. Рамка за климатски финансии и климатско буџетирање. Но, буџетите на државите се најчесто толку општи што тешко може да се издвојат активностите поврзани со климатска акција. Податоци за донаторска поддшка може да се најдат, но многу тешко е да се издвои процентот на средства од Буџетот на Владата или Министерствата алоциран/потрошен за имплементација на акциите наведени во стратешките документи за климатски промени.


{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close