Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во интервју за телевизијата „Nile TV International“, реализирано во рамки на климатската конференција на ОН, COP27 што се одржува о Шарм-ел Шеик, Египет. (интервјуто е на англиски јазик)
Nile TV International: Сè уште ги покриваме активностите на COP 27 овде во Шарм-ел-Шеик во Египет на Nile TV International и навистина ни е чест и задоволство да се сретнеме со неговата екселенција, господин Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија. Ви благодариме многу што се придруживте на Nile TV.
Нуредини: Ви благодарам за гостувањето и дозволете ми прво да изразам благодарност до земјата домаќин Египет што е организатор и домаќин на COP 27 во прекрасниот Шарм-ел Шеик.
Nile TV International: Овде зборуваме за животната средина, зборуваме за борба против климатските промени. Она што е навистина интересно за овој COP самит што и слоганот вели “Од визија до имплементација”. Значи, крајно време е да се концентрираме на концептот на заедништво. Заедно можеме да направиме разлика.
Нуредини: Сите ние овде зборуваме за цели. Сите зборуваме за иднината. Сепак, треба да сфатиме дека сме заедно во ова и ако секој од нас не преземе активности да го сработи својот дел, без разлика колку е голема државата или пак колку емисии на зелен гас се испуштаат, треба да работиме заеднички ако сакаме да имаме одржлива иднина за нашите идни генерации.
Nile TV International: Зборуваме за идните генерации и дефинитивно ќе видиме денес и утре многу млади кои денес играат многу важна улога во борбата против климатските промени. Многу млади амбасадори. Нашето чувство за партнерство се протега во повеќе од една борба.
Нуредини: Апсолутно, прекрасно е да се види дека младите, токму тие се тука да се борат за својата иднина. Ние сме тука и треба да размислуваме не само за сегашноста, туку треба да размислуваме и за нашата иднина. За жал, веќе ги гледаме ефектите од климатските промени, имавме шумски пожари низ светот, имавме поплави кои се случуваат насекаде. И тоа ќе продолжи да се случува почесто во иднина, влиаејќи токму на нив, младите што се денес овде и гласно се залагаат за својата иднина. Мислам дека е наша одговорност на секој еден од нас кои сме тука, додека ги даваме овие ветувања, кога ќе се вратиме дома да ги спроведеме. Не треба да користиме само големите зборови, ветувања додека зборуваме јавно на сцената, туку кога ќе се вратиме дома треба да ги спроведеме овие идеи, да ги имплементираме законите, да направиме измени во законодавството и да се обидеме да направиме поодржлива иднина, но во исто време и да инвестираме во адаптација, бидејќи за жал, мораме да се прилагодиме на новата реалност.
Nile TV International: Ваше екселенцијо, зборувањето за климатските промени дефинитивно ќе оди до таму каде што ќе го имаме чувството за акција на терен ако имаме обезбедено финансирање за климатските промени и ова е многу важно прашање и е претпоставувам ставено и на маса овде на COP 27.
Нуредини: Токму така, на крајот од денот се зависи од финансиите. Вчера веќе на свеченото отворање беше споменато од претседателот на Египет и од господинот Алго. Финансирањето е клучот и мораме да им овозможиме пристап на меѓународните финансиски институции да се обидат да дадат поевтино финансирање на приватниот сектор за да инвестира во обновливи извори на енергија. Затоа што најголемиот дел од инвестициите кога станува збор за обновливите извори на енергија, најчесто ги прави приватниот сектор. И како што направивме заедно рака за рака со владите, во овој случај финансирањето е клучно ако сакаме да имаме повеќе инвестиции во обновливите извори на енергија.
Nile TV International: Дефинитивно, тоа е иднината на COP 27, како што реков. Чувството на заедништво е она што ќе не натера да одиме напред и да постигнеме повеќе резултати. Вие зборувате за спроведување, а ние секогаш зборуваме каков е механизмот по вакви големи конференции и собири и по враќањето дома, механизмот за следење е многу важен.
Нуредини: Ова е мое трето учество на COP, сум бил до сега на три и она за што треба да размислиме е да го имаме периодот измеѓу. Па така, шест месеци после ова, сите треба да се обидеме да видиме колку сме спровеле од активностите. Како што реков претходно, не се работи само за ветување нешто сега, туку за проверка шест месеци подоцна, дали сме го реализирале она што го ветивме претходно. Механизам мора да има кога станува збор за финансирање и креирање регионални стратегии, така што на пример кај нас во Западен Балкан е важно да имаме регионална стратегија кога станува збор за енергетската политика, енергетската стратегија и целата адаптација исто и во однос на климатските промени. Затоа е важно да се направи проверка помеѓу овој COP и COP 28 кој ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати и за шест месеци од сега да видиме што сме имплементирале и ако не, да се осигураме дека ќе го направиме тоа пред следниот COP.
Nile TV International: Присуство на три COP-а претходно, колку посебен и различен го гледате овој COP 27 од претходните?
Нуредини: Одредени договори, одредени одлуки се донесени на претходните COP самити. Мислам дека сите знаеме дека се трудиме да го задржиме оној 1,5 степен. Тоа е идејата за иднината и ние не одиме над тоа. Ова сега всушност зборува за вистинската поента. Како да го постигнеме тоа финансирање, а за финансирање зборуваме на овој COP самит што е многу важно. Се надевам дека големите развиени земји ќе се согласат и меѓународните финансиски институции ќе финансираат кога станува збор за спроведување на овие идеи и овие ветувања што ги даваме денес.
Nile TV International: Да, Египет на овој COP 27 го зборува и гласот на Африка, така што Африканците полагаат големи надежи на COP27. Многу е важно да се работи заедно во борбата против климатските промени во Африка.
Нуредини: Зборуваме за цел континент и Египет прави неверојатна работа претставувајќи го континентот и знаеме дека Африка е многу погодена од климатските промени. Го гледаме и движењето, миграцијата на луѓето поради недостиг на секојдневни елементи како чиста вода за пиење или воопшто проточна вода. Значи, ова се всушност точки кои сите ние треба да ги решиме. Светот стана толку мал. Не можеме само да размислуваме за нашиот мал свет каде што живееме, туку на пример, во Република Северна Македонија имаме прекрасни планини, имаме многу вода, иако тоа се менува. Треба да се земе предвид сè друго и мислам дека Египет прави неверојатна работа претставувајќи го целиот континент овде и зборува за прашањата со кои се соочува Африка и има некои сериозни предизвици со кои се соочува Африка и тие треба да се решат. Не само Африка, туку и целиот свет треба да ги увиди предизвиците со кои се соочува Африка сега. Овој COP самит ги истакнува токму тие предизвици.
Nile TV International: Одржувањето на COP 27, тоа што се одржува во Египет е всушност достигнување и би сакала да дознаам повеќе за вашите впечатоци што се однесуваат на подготовките, организацијата, сесиите и тркалезните маси што веќе започнаа. Како го гледате сето тоа?
Нуредини: Најпрвин, првиот впечаток што го добивате е доаѓате во Шарм ел Шеик кој е прекрасен, неверојатно место, многу е шармантно. И второ, се разбира, прекрасна организација. Одлично е како има конкретна дискусија на одредени маси, сите оние кои зборуваат за транзицијата на гас или финансирањето за кое зборувавме порано. Значи, прекрасно е да се слушаат светските лидери да зборуваат за нивните амбиции или што ќе направат во однос на климатските промени и националниот определен придонес. Сè се одвива многу добро и мислам дека сè повеќе луѓе доаѓаат од она што го слушам. Првите неколку дена е лидерскиот самит, а потоа ќе се приклучат повеќе млади, повеќе луѓе од граѓанското општество, невладини организации, што ќе создаде многу поголеми буџети околу на овој COP самит.
Nile TV International: Што би порачале како последна порака ваша екселенцијо преку NILE TV International и можеби до вашите сограѓанин во Северна Македонија кој не гледаат?
Нуредини: Сите сме во ова заедно, сите треба да го сработиме нашиот дел и ние, Република Северна Македонија ќе го направиме тоа. Имаме многу високи амбиции, ги намалуваме емисиите на гасови и ќе си го одржиме зборот, надевајќи се дека и сите други земји ќе го сторат истото.
Погледнете го целото интервју на англиски јазик.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}