На COP27 Нуредини ги потврди заложбите на државата за преземање на својот дел од глобалните обврски за постигнување на целите на Договорот од Париз



На 27от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени (UNFCCC), кој од 6 до 18 ноември 2022 се одржува во Египет, светските лидери апелираа што побрзо да се преземат акции со кои ќе се спречи загадувањето на воздухот и глобалното затоплување и да се преземат чекори за да ја оддалечат глобалната економија од фосилните горива.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на Конференцијата ги потврди заложбите на државата за преземање на својот дел од глобалните обврски за постигнување на целите на Договорот од Париз.


Како држава-страна на UNFCCC и Договорот од Париз, споделуваме слични очекувања од меѓународниот самит, особено во однос на адаптацијата, финансирањето и транспарентноста. Настојуваме да придонесеме кон глобалната климатска акција преку усвојување на политики и мерки за намалување на емисиите на стакленичките гасови и засилени напори за прилагодување на најранливите сектори поддржано со соодветни текови на финансии. Усвоивме збир на документи неопходни за декарбонизиран раст и ја завршуваме правната рамка.Се сложуваме дека „праведната транзиција“ останува приоритет за земјите во развој низ целиот свет.

Република Северна Македонија, како земја од регионот на Западен Балкан, исто така, споделува слични предизвици во однос на постигнувањето на целите  поставени од меѓународната заедница, како и оние поставени со европското законодавство и министерските одлуки во рамките на Енергетската заедница.

Посветени сме на имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан, која бара визија, лидерство, збир на стратешка, правна, организациска и процедурална инфраструктура, како и во исполнувањето на сите предуслови за интегрирано климатско дејствување. COP27 претставува можност за земјите да ги исполнат своите ветувања и заложби за остварување на целите од Договорот од Париз, во однос на подобрување на имплементацијата на Конвенцијата.

На маргините на Конфенцијата, министерот Нуредини освари билатерални состаноци со своите колеги, како и извршни директори на повеќе меѓународни институции. 

Повеќе од 100 светски лидери ќе се обратат на конференцијата во Египет, претежно од земјите во развој, барајќи поголема одговорност од најбогатите нации, кои и најмногу загадуваат.


{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close